- Член од
- 16 јули 2016
- Мислења
- 6
- Поени од реакции
- 11
- Возраст
- 27
Долго време се мислев дали воопшто да отворам ваква тема, можеби затоа што мислев некако магично ќе се подобри сутуацијата или не знам што.Ама штом сум тука не испадна така и сега ми треба помош од вас како повозрасни бидејки немам на кого да му се обратам и тоа ме прави да се осеќам уште по лошо и по депресивно.
Имам 18 години,4та година средно, а имам брат што за не цела година полни 13.Уште од мал имаше проблеми со говорот во смисла доцна прозбори, некаде на 6/7 години.Исто така да напоменам имам и помала сестра која фалабогу нема никакви проблеми.Беше претешка ситуација за моите кои мислеа дека нешто не е во ред со брат ми, али за среќа испадна све супер на крај.Само што многу подоцна почна да се развива во секој поглед од неговите врсници токму поради говорот, бидејки она што тој почнуваше да го осознава, врсниците веќе го имаа "изџвакано" на некој начин и за него беше тешко да се прилагоди.Си мислев ќе се подобри ситуацијата кога ќе потпорасне, оти знаеа некогаш да прават зафрканции зошто изговара зборови чудно и сл.Сега нема никакви проблеми, нормално е се, само што осеќам дека не е доволно зрел за неговите години.Се однесува малку по детинесто, во смисла не знае да врати и да биди лош кога со него така се понашаат.Не ги сфаќа шалите на негова сметка.А го малтретираат, верувајте толку ми е тешко што би прифатила се најлошо да ми биде мене, наместо да гледам на моето братче кој е предобро суштество да му се дешава ова.И јас не сум нешто мноогу многу добра во тој поглед,си имам еден тесен круг на пријатели, не сум малтреирана од никој далеку од тоа, во очите на другите сум постојано насмеаана,спремна за шали и све тоа али одвнатре патам оти немам со кого да разговарам,носам премногу тежини во себе..Да преминеме на брат ми, а јас и онака ќе преживеам не ми е толку лошо.Баш бев сведок пред некоја недела кога се најдов случајно со оние со кои излегува брат ми, и верувајте односот спрема него им е катастрофален.За што и да отвори уста да каже или го исмејуваат, или зафрканции си прават или му се смеат..Во тој момент посакав земјата да ме голтни.Не од срам, не би се срамела од брат ми никогаш каков и да е, само од жал, немоќ , грутка во срцето осеќав и злоба кон оние што се понашаа така со него.Звучи сурово ама би ги убила на лице место буквално оти така се понашаат со некого што не би им рекол ниту еден лош збор, а тие се толку злобни со него оти тој не им враќа со иста мера.Не можев да истапам и да се карам, бидејки сепак не е 5 години да не може да се одбрани.Ако го направев тоа тек тогаш ќе беше полошо.Со моите не можам да зборнам.Знаат отприлика каква е ситуацијата, али јас знам многу повеќе од нив и ако им кажам мислам само ќе ги скршам.И на училиште имаше проблеми.На родителски класната збореше дека многу молчел а бил исмејуван, не враќал никому туку само игнорирал и оставал да се понашаат со него лошо.Татко ми тогаш беше на раб на нерви и секако му зборуваше на брат ми, како тој да е виновен што му се дешава тоа.Тогаш јас не можев да слушам како му се дери буквално експлодирав, се искаравме.Како можи на детенце од 13 години да му зборува дека е глупав, дека не знае како да се понаша и други лоши работи.Му реков дека ако уште еднаш му каже нешто такво со мене ќе си има работа, и од тогаш само досадува и прашува одоколу.А пак мајка ми, прав психолог е на моменти, ама не секогаш.Се на се не се воопшто лоши родители, али ко и секој човек си имаат и они свои моменти.Што се однесува до брат ми излегува, не е врзан дома, ама да би се прашувала јас би оставила да седи само дома, бидејки надвор е исмејуван едноставно, не му е местото меѓу тие деца.
Толку се чусвтвувам лошо, имам некој товар и кога и да ми се случи нешто убаво веднаш помислувам на состојбата на брат ми и цела среќа ми се руши врз глава.Толку го сакам што не можам да го оставам да пати и да биде третиран на тој начин.Знам дека постот е долг, не замерувам и да го оставите прочитан на пола, ама морав да му кажам на некого, а во живо не можам да се отворам никому.
Што би направиле да сте на мое место?

Последно уредено: