Бате, најдобар совет ти е "Едноставно Прекини".
Сите што мислат поинаку се лажат. I piss on сите тие апчиња и електронски цигари за одвикнување.
Јас пушев цигари од трето одделение, активно од 1-2 средно, некој здрави 10-11 години. Секој ден минимум по 15-20 цигари, со години така. Најдолга пауза ми била 8 месеци, но тогаш не ги оставив цигарите, него си реков додека терам без цигар, ок. По многубројни утра кашлање, еден куп пари фрлени за цигари и долги ноки нервози оти немам цигар во моментот, едноставно кажав НЕ.
Од тоа не, до денеска има поминато 3 години минимум, без да повлечам дим од цигара, а не па да запалам цела. Едноставно стави ги на една страна негативните работи, а на друга страна позитините работи што ги добиваш ако си пушач. Ке видиш дека нема ниту една позитивна работа. Сите пушачи се зависници од срање. Буквално срање.
Подобро пуши марихуана еднаш неделно, него ли една кутија цигари во денот.
Плус, ние сме друштво на рокери, металци, пијаници, моторџии, како сакаш наречи не, личиме на луѓе што едноставно пушат цигари, плус скоро сите имаме бради
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
. И секогаш кога сме собрани, бројот на непушачи, е 2/3 од оние што пушат. Многу другари се ставаат во ситуација да не запалат цигар додека седиме и пиеме, бидејки сваќаат дека тоа е грдо и секогаш ги брецаме како е лошо да пушиш.
Верувај, ке ти се смени животот на подобро.
--- надополнето: 5 ноември 2012 во 13:58 ---
небива,криза фаќа...би сакал совети од некој што го успеал тоа...
Криза фаќа и тоа голема.
Но, тоа не е проблем. Ако мислиш дека не можеш се лажеш. Мене секој пат кога ме факала криза, можеби ке звучи ова смешно, но секој пат одев или и се јавував на мајка ми и она секогаш наоѓаше начин да ме замуабети и да заборавам на цигарите. Имав кризи некој 2-3 месеци. Ама тоа е минливо и не е нешто што не може да се помине.
Совет од мене, за најлесно да се исчистиш од цигарите.
Купи си мултивитамини, 120 денари се од аптека и купи си 100 грама зелен чај, рефус, 90 денари од секоја продавница за Здрава Храна. По едно апче на ден и две чаши Зелен Чај, ке бидеш како нов за еден месец.
Витамините и Зелениот Чај, ке те прочистат од никотинот и катранот за многу брзо време. Ке бидеш како нов.
Плус, денеска е кул да не пушиш цигари, женските го сакаат тоа.
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)