Ај прекинете со советите "едноставно прекини". Многу е лесно да се каже тоа особено кога си непушач. Заборавате дека е тоа зависност.... некои другари дури и ми го рамнеле со оргазам, понекогаш. Да, "едноставно прекини" може да проработи кај 1 од 100.
Моите совети се слични како кај сите зависности. Само што од оваа зависност бенефитите се најголеми, односно подобро здравје и треба да е помотивирачки. Не пробувајте наеднаш, туку постепено намалување на бројот на испушени цигари во еден ден. Константно потсетувајте се за бенефитите што ќе ги добите: побели заби, помалце кашлање, overall подобро здравје, не ги загадувате вашите блиски, повеќе пари за други работи. Можеби ќе звучи како некое докторско клише али пробајте нешто друго за замена за цигара, како на пример каснете јаболко
Значи, пушењето е поврзано со тоооооооолку многу болести што навистина не знам што повеќе ви треба. Си се вадите, мислите гледате стари баби/дедовци што пушат со децении а вам ви изгледа дека они се сосема здрави па и на вас нема да ви биде ништо? Се лажете. Ќе се најде еден ваму таму здрав ама не вреди ризикот. Плус не заборавајте дека имаат живеено в село...
За крај една слика што ми клечи на фејсбук 2 години.
P.S. Пушачите отсекогаш сум ги сметал за слабаци.