Како ги прифаќате новите луѓе во вашиот живот?

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
како и секој друг.. тука сум за помош
 
Член од
5 февруари 2010
Мислења
290
Поени од реакции
58
Кога прв пат се запознавам со една личност се однесувам доста резервирано, на дистанца и да не кажам ладнокрвно. Но после првиот впечаток, доколку ми оставил впечаток на дружељубива и личност која ми одговара на карактерот и темпераментот сум срамежлива, но од друга страна и доста опуштена (нормално во граници) - и токму таа личност има отворени шанси да стане дел од мојот живот, а спротивно на тоа доколку личноста не ми оставила добар впечаток барем во однос на мојата личност, тогаш продолжувам на истото ниво - дистанцирано.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
738
Поени од реакции
705
sekogas gi prifakam so odreden tip na rezerviranost nikogas ne se otvaram prerano,gi pocituvam do granisci na normala, a za ponataka ...vremeto ke pokaze
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ги прифаќам со раширени раце....и нозе....:pipi:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ги прифаќам, без мака.... после ги филтрирам кој ќе остани да се дружи со мене, а кој не.
 
M

MacedoniaGirl

Гостин
Јас сум отворена за нови пријателства, но важен е и карактерот на новата личност т.е дали ми одговара за дружба :)
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Ги прифаќам со доза на недоверба,неможам туку така веднаш со некој да се зближам и да зборувам отворено за мојот живот.Може отворено да зборувам за сите теми,но кога се во прашање моите лични искуста и доживувања зборувам со одредена доза на резерва,неможам понаку сум добила добра школа затоа.
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Па вака ова е моето гледање на работава.
Мојот пристап го нареков позитивен а тоа значи дека сите нови луѓе кои по различен основ влегуваат во мојот живот ги прифаќам максимално позитивно и отворено но во секој случај претпазливо и безбедно, со секоја негова грешка му одземам поени од максимумот (на принцип на новите возачки) ако го потроши бонусот нема право на поправен и останува надвор од моето опкружување.
јас сум нешто слично со овие поените, но кај мене почнуват од нула. Секогаш имам максимално критичен став, и никој не добива топол пречек на почеток, тоа сепак треба да се заслужи.
 

Вилинско коњче

It is my party :))
Член од
31 декември 2009
Мислења
550
Поени од реакции
62
Новите лица во мојот живот во принцип ги прифаќам позитивно, услужлива сум, сочуствителна и хумана - но наивна не.

Сепак најчесто одбирам да се спријателувам со лица кои се слични на мене по темперамент и карактер.

Оттука, лица кои се песимисти, депресивци, затворени, самобендисани, искомплексирани, недоверливи, скржави во принцип не ми се интересни - а и муабетот не ми оди најдобро со нив - не ги сакам многу многу околу мене

Фала богу имам добра сестра и другарка - за другите многу многу не ме интересира
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Кај сите луѓе играм на прва лопта т.е. веднаш ги проценувам. Да се пофалам, тој сенс или филниг (како сакате земете го) ми е изострен до совршенство. Сепак не дека сум одбивен, пружам шанса на секој што гледам дека сака да ми се доближи, и покрај почетниот ''минус'' .. Но првиот впечаток - си е прв впечаток, јбг не се менува. :wink:
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Без разлика каков е првиот впечаток не се приврзувам превише, некако ми е дива таа особина во последнава година.
 
Член од
8 март 2017
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво на сите сакам некои совети од вас,тргнав пред една недела во средно училиште и се запознав со децата се но некако сум ќутлив незнам што да зборам само ќутам не сакам да сум таков ама ништо не ми доага на ум незнам зашто е така што е проблемот?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Слабо ги прифаќаме новите луѓе, ratio-то ни е еден на миљарда.[DOUBLEPOST=1505563942][/DOUBLEPOST]
Здраво на сите сакам некои совети од вас,тргнав пред една недела во средно училиште и се запознав со децата се но некако сум ќутлив незнам што да зборам само ќутам не сакам да сум таков ама ништо не ми доага на ум незнам зашто е така што е проблемот?
Кога ќе се групирате на голем одмор прашај ги дали ги интересираат работи шо тебе те интересираат. Пример, ако играш дота прашај ги дали играат, дали гледале светско итн. Ако гледаш фудбал прашај ги нешо за скорешни утакмици итн. Не се срами, нема да ти се смеат а ќе мораат да ти одговорат пошто уште не се знаете доволно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom