Како ги прифаќате новите луѓе во вашиот живот?

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Ги оставам да видам какви се. Не се зближувам или спријателувам веднаш. Откако добро ќе ги проанализирам одлучувам како ќе се поставам во однос на нив.
 

WildGirl

Lost in the forest ...
Член од
28 јуни 2008
Мислења
636
Поени од реакции
93
Позитивно! ...:smir:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Одлично ги прифаќам,без никакви предрасуди на стартна позиција.Постојано ги анализирам додека ги запознавам,речиси и да немам погрешено во проценка така да без никаков страв и згрченост ги пуштам во мојот живот.
 

Anne.

~ Happiness In Slavery.
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.628
Поени од реакции
10.284
обично многу добро ги прифаќам новите луѓе, им дозволувам сами да ми покажат какви се и не слушам муабети за тоа какво искуство имал некој друг со нив...е сега за некое поинтензивно дружење ке треба доста време да пројде за да ја здобијат мојата доверба.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Одлично ги прифаќам, не сум тип да судам...абе овој не е за друштво или слични работи.:pipi:
 
T

TaMчЕ

Гостин
Сите нови фаци во мојов живот ги прифаќам полека. Си оставам време сама на себе да заклучам какви луѓе се па за да знам што треба понатака! Но ако од првиот момент ми се допадне некој како карактер, е подоцна што и да ми направи простувам и тоа е многу тапа :toe:
 

Мортидо

занаетчија дете
Член од
15 февруари 2009
Мислења
1.874
Поени од реакции
1.087
На пријатен начин...но ако тоа не е возвратено мавам игнор и останувам на ’’здраво’’.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Зависно од тоа каква улога играат или ќе играат во мојот живот, едноставно е, има луѓе кои ќе ги гледаш 3-4 дена, има луѓе кои ќе ги гледаш во текот на целата кариера, заедно или покрај нив ќе напредуваш... има луѓе кои ќе ти станат нов дел од поширокото семејство итн.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Секогаш позитивно од мене па за понатаму зависи од нив:toe:
 
S

smart ass

Гостин
Јас ги прифаќам позитивно и искрен сум амааа запознав една типка која што знам можеше да го разбие каменово срце па така го прекинав пријателството а и така дечко имаше ама некако типката е ОК па две недели се знаевме шетавме животиња у паркот али сега џабе имам оловно срце.
 
Член од
16 октомври 2010
Мислења
72
Поени од реакции
9
Со резерва.

Не сум баш претерано комуникативна личност, и обично префирирам и такви личности околу мене. Е сега, тешкото тука е што со вакви повлечени луѓе какви што јас сакам, тешко можеш да стапиш во прв контакт, зошто не секогаш тој/таа, а и јас се обидува(ме) да го направи првиот чекор. Но подоцна е се` полесно.

Зависи...ако човекот ми е по мерка, и со го имаме муабетот, тогаш, навистина им се радувам на таквите познаници, и можни потенцијални пријатели/другари, и не ми преставува ни најмал проблем да им се доближам. За останатите...тие се само пролазни елементи во мојов живот. Зошто би требало воопшто да им обрнувам внимание?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Многу природно, без предрасуди. Не мислам ништо предвреме, не судам, а се трудам повеќе да прашувам и да слушам. Вообичаено ми успева во тоа. Не го правам тоа заради чиста љубопитност, туку за да видам со кого си имам работа. Ретко да утнам во проценката особено при први средби со луѓе. Обично првото кафе со личност која штотуку ја запознавам е пресудно за мислењето што го оформувам и после тоа или се оддалечувам сосема или стекнувам пријателство. Средина речиси и да нема кога се работи за луѓето, што мислам и дека не е погрешно, со човек или сте компатибилни или не сте, со сила дружење не може да се одржи.
 

zakaculko

skinhead '03
Член од
24 март 2009
Мислења
201
Поени од реакции
33
у принцип сум многу антисоцијален, ми треба многу време да поминам со некој за да зборам со некој опуштено за се и сешто
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Интровертен сум така што се однесувам помалку дефанзивно со нови личности во мојот живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom