Jakov
Тато
- Член од
- 24 јули 2005
- Мислења
- 2.360
- Поени од реакции
- 58
Пеколот?
Пеколот ви е една огромна бела просторија, со бели ѕидови, под и плафон. Се е бело, се е мазно и доведено до перфекција на просторот. Воздухот е безмалку стерилен и сув. Ве внесуваат од едниствениот влез кој се наоѓа на западната страна гледано според страните на Сонцето(иако тоа таму не игра улога). Внатре во просторијата која патем нема крај колку сакате одете покрај ѕидовите тие се вечно долги, е тивко и мирно. Единственото нешто што можете да го слушнете е тишината.
Откако после извесно време ќе ви се привикнат очите на белината и ке почнете нормално да гледате ќе забележите одредени црни точки во просторот.Прво ќе имате чувство дека ви се причинува, ама не...добро гледате. Тоа се луѓе, обични луѓе како и Вие. Сите тие луѓе си стојат сами или по двајца тројца заедно и молчат. Молчат и ве гледаат. Некои не го прават ни тоа. Сите се облечени во црни фракови во разни стилови и дезени. Во прв момент луѓето ќе ви бидат непознати, ама малку по малку ќе почнете да сваќате дека им ги знаете лицата. Ова само ќе ве натера да се загледувате повеќе и повеќе во нив. А колку повеќе ги гледате во лице толку повознемирени стануваат и ви враќат на погледите. Трчате од лик до лик, од пар до пар, од група до група. Тишината, белината и нервозните погледи на луѓето само раѓаат страв во вас. Во еден миг сваќате. Господе, па ова се сите оние кои во мојот живот ми правеле проблеми, ме нервирале, не сум ги сакал, сум ги избегнувал средбите со нив, сум се карал едноставно сите оние кои ne сум ги сакал во моја околина.
Страшно. Бесккрајна просторија, бесконечна тишина, времето е заглавено на позиција ”Вечност” а вие сте опколени со ”Сите Негови луѓе”. Нормално, инстиктивно се вртите кон влезот од каде дојдовте.
Влезот???
Каков влез???
Па тоа е на западниот ѕид кој е далеку цел бескрај од вашата сегашна позиција. Одеднаш тишината се пара, се губи. Место неа слушате гласови, слушате брборење, слушате напнатост а сите стојат на своите места. Не ви е јасно?
Гласовите и нередот се во вашата глава. Стравот од помислата дека сте заробен во вечниот бескрај со Оние ви ги пара мислите.
Сваќате дека фразата ”смртен страв” е највисоката градација на стравот ама само на Земјата во земниот живот. Овде нема градации овде стравот е се. Алфа и омега. Почеток и крај. Бело и црно, тишина и бука.
Кај и да е ќе ве совлада оваа стерилност на околината. И одеднаш согледувате уште една работа.
Па сите наоколу се мажи.
Што треба да значи ова. Зошто нема ни една жена, кога имало и жени кои не би сакале да ги видите таму ”долу”.
Стоите збунети и се прашувате дали да тргнете да ги барате и нив или да отанете да стоите. Ако ги барам можеби и ќе ги најдам, а ако ги најдам оваа молчалива толпа со нервозни погледи само ќе се зголеми.
Еј...што беше она.
Ми се пристори или има нешто. Некоја сенка како да се придвижи. Ене ја и онаму и онаму и таму и.... Ги има насекаде.
Бели сенки....Тоа не се сенки.
Загелдувате подлабоко и посилно.
До секој еден стои по една жена. Во бела балска тоалета, со бели бисери, бели ракавици и ........поглед од кој ви мрзне се во вас.
Ако ги затворам очите силно и одново ги отворам ќе се разбудам и се ќе биде како што беше и порано.
.
.
.
Ги отворам еден, два, три .....сега!
Бела голема врата се отвора пред вас.Се чини дека се наоѓа на западната страна гледано според страните на Сонцето но тоа во оваа белина како да не игра улога воопшто.