Како би изгледала идеалната држава?

Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.500
Студ помешано со нафта и плин....кај сака нека биде ќе биде добар модел.
Ене се Саудиска Арабија и Иран се полни со нафта , па гледај како живеат просечниот Персиец и Араб.
Исланд нема нафта во случајов како што знам.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397

Студ....постои поврзаност помеѓу температурата и табиетот на луѓето. Тоа е евидентно во Италија на пример, Сицилија вс горните делови на Италија.
 
Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.467
Поени од реакции
2.500
Студ....постои поврзаност помеѓу температурата и табиетот на луѓето. Тоа е евидентно во Италија на пример, Сицилија вс горните делови на Италија.
Можеби има некоја поврзаност , но по таа логика и Русија би требало да е ко Шведска и Данска
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Можеби има некоја поврзаност , но по таа логика и Русија би требало да е ко Шведска и Данска
Остај ја Русија, она мора да се бори против империја за да опстане. Една нуклеарна подморница само за балистички ракети знаеш ли колку пари е?
Даде пример за мала држава која ја снабдува цела Велика Британија со плин и живее на -50 степени....тоа беше муабетот. Не се они нешто посебно во таа насока.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.197
Поени од реакции
21.347
Nemora idealna drzava koga drzavi i onaka se menuvaat.

Nekoi vazni parametri:
- Apsolutno vladeenje na pravoto
- Golemi slobodi za svoeto naselenie vo ramki na dozvolenoto, liberalnost
- Visoki socijalni standardi vo smisol na pomos za ranlivite, socijalna drzava i obezbeduvanje na osnovni sredstva za zivot
- ogranicen kapitalizam so jaka drzava koja nadbluduva
- Neguvanje na Sport i kultura
- Obrazovanieto da bide megju najklucnite zadaci na drzavata, vlozuvanje vo toj segment, kvalitetno i bezplatno obrazovanie za sekogo so ogled na potencijalite na poedinecot

Do nekade e ova mozet kombinacija na najdobroto od site ideologii koi postojat. Ama i nadminuvanje na staticni ideologii od posleden vek ne bi bilo loso.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Фала богу еден да го сфати концептот по кој треба да се води темава. :love:
Автоматски споено мислење:

@Bodhidharma
Мртов уморен сум ама ајде. :)
Технолошкиот процес е еден непрекин процес, ама во тој процес мора да се вложува и во човечкиот капитал, затоа што тој е движечка сила на процесот.

Тоа со раѓањето. Јас го напуштив егалитаризмот, откако татко ми во еден момент работеше две работи во исто време. Немаше определено и одредено работно време. Сега зошто тоа дополнително вложено време, кое креира дополнителен придонес да се занемари само затоа што некој работи една или ниедна работа и не може да го приушти тоа некое добро кој би се креирал со тој пропуштен опортунитетен трошок (наместо да работи, а реално нема потреба, седел дома!).
Јасно ми е дека концептот може да оди во насока "со една плата да си приуштиш сѐ", ама вака поставен мене тоа ми е големиот проблем. Мислам дека разбираш што сакам да кажам. :)
Автоматски споено мислење:

Кога би се кренала свеста на луѓето можеби нема да требаат држави, на пример..
Каков е тој систем без држава? Територија, што со јавната власт? Има една интересна приказна за мирното и агресивното племе, при анализата на агресивноста од аспект на психологијата. Многу е поучна. ;)
 
Последно уредено:

Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.644
Фала богу еден да го сфати концептот по кој треба да се води темава. :love:
Во тој случај прашањето и одговорот се очигледни, нема што да се дискутира, освен ако некој индивидуалец смета дека идеална држава треба да има тобоган на секоја раскрсница, трамболина на секој кружен тек, рецимо :D

Каков е тој систем без држава? Територија, што со јавната власт? Има една интересна приказна за мирното и агресивното племе, при анализата на агресивноста од аспект на психологијата. Многу е поучна. ;)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Во тој случај прашањето и одговорот се очигледни, нема што да се дискутира, освен ако некој индивидуалец смета дека идеална држава треба да има тобоган на секоја раскрсница, трамболина на секој кружен тек, рецимо :D
Не, разговараме за концепти или за држави кои навистина постојат. Зошто е така кај нив и дали и колку време ќе треба тоа да се примени кај нас? Па и дали тоа би било соодветно за нашиот систем? Значи се е базирано на некој твој концепт за совршена/ идеална држава. :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
@Bodhidharma
Мртов уморен сум ама ајде. :)
Технолошкиот процес е еден непрекин процес, ама во тој процес мора да се вложува и во човечкиот капитал, затоа што тој е движечка сила на процесот.

Тоа со раѓањето. Јас го напуштив егалитаризмот, откако татко ми во еден момент работеше две работи во исто време. Немаше определено и одредено работно време. Сега зошто тоа дополнително вложено време, кое креира дополнителен придонес да се занемари само затоа што некој работи една или ниедна работа и не може да го приушти тоа некое добро кој би се креирал со тој пропуштен опортунитетен трошок (наместо да работи, а реално нема потреба, седел дома!).
Јасно ми е дека концептот може да оди во насока "со една плата да си приуштиш сѐ", ама вака поставен мене тоа ми е големиот проблем. Мислам дека разбираш што сакам да кажам. :)
Вложуваат они...целата оваа привидна слобода е во насока на човечки капитал. Без чувство на слобода нема елан...само што слободата е привидна. Комфортот е во насока на развојот во човечки потенцијал, иначе би не туриле у кафези.
Ова со еднаквоста....у право си, ама основните потреби како облека, екстра квалитетна храна, образование треба да ги обезбеди државата. Исто така се што е надпросечно интелигентно да се стимулира екстра со посебни мерки. А не немало лаптоп немало автобуси за превоз и т.н.
П.С. Никој не заработува за себе....целиот капитал се слева во исто место на крајот од денот, само што по некад поминуваат и по две три генерации да се случи тоа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Вложуваат они...целата оваа привидна слобода е во насока на човечки капитал. Без чувство на слобода нема елан...само што слободата е привидна. Комфортот е во насока на развојот во човечки потенцијал, иначе би не туриле у кафези.
Ова со еднаквоста....у право си, ама основните потреби како облека, екстра квалитетна храна, образование треба да ги обезбеди државата. Исто така се што е надпросечно интелигентно да се стимулира екстра со посебни мерки. А не немало лаптоп немало автобуси за превоз и т.н.
Ама од друга страна пак никој не сака да работи тешка физичка, огласите се отворени со години. Не сакаат и занает, и тоа за рамнење глава (на кола) им дава 25-30.000. Со години бара работник, а не ти ни треба образование за тоа. Се што треба е да ја усовршиш таа машина.
Ако сето тоа ти го дава државата, ќе се нема па ич стимул за работа. :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Ама од друга страна пак никој не сака да работи тешка физичка, огласите се отворени со години. Не сакаат и занает, и тоа за рамнење глава (на кола) им дава 25-30.000. Со години бара работник, а не ти ни треба образование за тоа. Се што треба е да ја усовршиш таа машина.
Ако сето тоа ти го дава државата, ќе се нема па ич стимул за работа. :)
Ако не сакаат ќе се покачи уште платата а со тоа и услугите....прости се тие зависности во економијата.
Иначе јас пишувам за стимул во образование и знаење.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ако не сакаат ќе се покачи уште платата а со тоа и услугите....прости се тие зависности во економијата.
Иначе јас пишувам за стимул во образование и знаење.
Да, ми се допаѓа размислувањето, ама јас не сум толку дарежлив спрема "загрозените групи". Загрозени групи се оние кои без своја вина останале во таа состојба, како самохраните родители или стечајните работници и на нив треба да им се помогне. Секој кој може да работи, треба да работи (ама не во Пол Пот стил). И многу добро ми е јасно дека со 15-20.000 тешко дека имаат некаков економски прогрес, ама државата нема да треба да покрива дупки во фондот и да дели социјална помош. Од друга страна пак имаат и со 5-6 деца! Дај имај едно, кога немаш услови и тоа нека има 3 редовни оброци. Не знам, 3то дете како мерка ми беше промашување...ама со целосна државна помош никој нема да работи.

Јас сметам дека таблите со креди треба да заминат во историјата. Има табли со маркери, смарт таблите не се за оваа багра за тоа што " компјутер за секое дете" значи компјутер во секој училишен подрум. Дел се расипани. Клупите да бидат направени секој да седи сам, ко во САД. Вака наставникот губи време скоро цел час да ги смирува. Јадна им душа на тие луѓе.
 
Види...сите деца се и мои и твои, додека тоа не го разбереме нема да има мир. Ама сепак, некој не сака константен мир затоа што во услови на конфликт има поголем прогрес. Затоа имаме нон стоп мир /војна циклуси. Кога се нема волја џабе е се....се е ова привидно пак ќе кажам. Врска нема со реалноста ова, испран паметот ни е до максимум. Џабе дискутираме.....бараме решенија додека сме во кафез. Ова е бајрам на мозок народски кажано.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.793
Поени од реакции
29.283
,,,prvo da raschistime so naslovot,,,shto e toa _idealno_,,,pa ushte zgora i drzhava takva,,,ednoto so drugoto se megjusebe sprotivstavenost,,,
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
... хех,си ја проектирав идеалната држава во главата сега и само дојдов до заклучок дека би било опасно апатично и досадно да се живее во една таква :):ROFLMAO:
...животот има смисол затоа што сме неидеални .(точка)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom