Како би изгледала идеалната држава?

Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Ок во ситуација сте да направите идеална држава, држава во која се би функционирало беспрекорно - секој би бил задоволен и би имал се, се би се одвивало онака како што треба без некои поголеми проблеми и слично.
Ајде замислете дека го имате магичното стапче запретајте со него и да видиме како би изгледала вашата идеална држава...
Секако доколку сакате можете и да наведете некоја од државите и да објасните зошто според вас таа е идеална
пример Холандија или слично ( да не ве насочам сегца во погрешна насока темата е идеална држава )
Очекувам креативни одговори
:salut:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.275
Поени од реакции
27.731
Идеалната држава би била ''утопија''. Ништо не е идеално, така да идеална држава нема никогаш да постои.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Се што барам во една држава е сто-постотна вработеност, тоа ми е едноставно совршна држава.. :)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Идеална држава = држава која ме има мене како апсолутна владетелка.:pipi:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.269
Идеална држава = држава која ме има мене како апсолутна владетелка.:pipi:
од секогаш сум сакал да бидам апсолутно владеен и доминиран од модераторка
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Светот има 95% мали напатени држави и 5% големи светски сили. Епа сите оние меѓу кои и ние мали држави ќе набројат некоја држава од оние 5% и си замислуваат дека таму врне наместо дожд пари и дека водата е полна со злато и дека сите се среќни и весели.
А всушност идеал не постои во ниедна држава и секоја пати од проблеми. Како што постојат сиромашни во Македонија, така постојат сиромашни и во Сад, Јапонија, Франција, Англија ... Невработеност има насекаде (можеби кај нас тој број е далеку поголем и прво тоа би ги спомнала како првично што би требало да се промени) и секаде постојат проблеми и секаде луѓето се различни и различно размислуваат. За некои странци Македонија е идеал. За нас ова би било чиста глупост. За нас идеал е пример Сад. А таму пола народ си ја мрази државата.
Така да идеална држава нема, нема ни да има. Неможе ни да направиме идеална држава и да речеме тоа е држава каде нема политика, нема закони, нема да работиме, а пари ќе имаме, ќе се забавуваме само ... Такво нешто нема да постои зашто меѓусебно ќе се испоубиеме.

Баш во првиот пост е спомната Холандија. И некој ќе рече леле таму е прекрасно сум гледал на телевизија секој што сака прави, легализирана марихуана и проституција. А всушност нека те фатат таму со повеќе од 2 цигарчиња и ќе лежиш цела година во затвор и имаат такви закони да не смееш ништо да направиш што кај нас е вообичаено. Да украдеш 1 велосипед ќе имаш казна цел живот да плаќаш. А за нас Холандија е идеал, зашто сме гледале емисии за Холандија во кои само добрите работи ги кажуваат. Во ниедна емисија не кажува лоши. А нив ги има насекаде. Ние си имаме погрешна слика за повеќето држави и се западно од нас ни изгледа розево и идеално. Али не е така. Идеал нема.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Ваљда нешто у стил на марксистичка школа, кога парите би ја изгубиле вредноста, свеста на човекот би достигнала некое ново ниво и би се посветиле на работи кои ги сакаме и сме талентирани да ги правиме:toe:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
МАКЕДОНИЈА! Сите имаат идеја за неа како да си ја присвојат. :toe:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Идеална држава? Онаа која не постои...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom