Како би изгледала идеалната држава?

I

Intex

Гостин
За да има совршена држава, треба и народот да биде ментално поразвиен отколку шо е сега (за Македонија зборам). Додека народот сеуште се замара со тепачки, пијанства и ред други глупости, нема да имаме совршена држава.

Видов на првата страна некој пишал Шведска е совршена држава. Токму така е, но Швеганите се ментално светлосни години пред нас.
 
M

marsovka

Гостин
Видов на првата страна некој пишал Шведска е совршена држава. Токму така е, но Швеганите се ментално светлосни години пред нас.
Да имаш право во шведска сите на место жута користат кснанекс или некој друг вид рандом happy pill....
У менталитет се напреднати наместо за комшијата зборат за работа и новата психотерапија ...ептен.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
За да има совршена држава, треба и народот да биде ментално поразвиен отколку шо е сега (за Македонија зборам). Додека народот сеуште се замара со тепачки, пијанства и ред други глупости, нема да имаме совршена држава.

Видов на првата страна некој пишал Шведска е совршена држава. Токму така е, но Швеганите се ментално светлосни години пред нас.
Тешко тебе ако живееш во совршена држава.
Таква е Океанија кај Џорџ Орвел во `1984`.

Држава во која поединецот има најмогу слободи - Коста Рика...
И многуте карипски и пацифички оф-шор дестинации...симболични даноци...сонце...

Шведска хехехе:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Шведска...100 пати повторена, лагата станува вистина-далеку од идеална, ниту поинтелигентни и попаметни од нас...балканците. Повеќе пари, море брдо пари...не значи идеална.
Хм, нема идеална.

Држава во која поединецот има најмогу слободи - Коста Рика...
И многуте карипски и пацифички оф-шор дестинации...симболични даноци...сонце...
Најсаглам

Хм, нема идеална.
осим со оние лекарства спомнати погоре...
У ствари немам ни претстава што значи идеална. Дали Будалија во која е "баш ти е гајле", каде се сите среќни и весели или луѓе роботи каде се функционира под конец како оваа
Таква е Океанија кај Џорџ Орвел во `1984`.
 
Член од
14 јуни 2009
Мислења
147
Поени од реакции
21
незнам за идеална ама Македонија би била баеги подобра ако се растерети народот од секаков аспект...почнувајќи од етнички, религиозен а завршувајќи од социјален аспект...да имам магично стапче би направил некое ослободување во умот кај луѓево и би направил да се делат само на добри и лоши...да почнат да се мешаат луѓето едни со други и никој да не се замара со тоа што комшијата искача со албанка, а комшиката искача со бошњак
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Идеалната држава е Швајцарија. Совршена во секој поглед.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
идеална држава е МАКЕДОНИЈА како што била во времето на Александар III Македонски. голема, богата земја и послушни граѓани.......друго не треба :smir:
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Моделот за идеална држава ќе го насочам кон она за кое се надевам дека во иднина ќе стане Македонија, со следниве промени:


  1. Замена на нестручните политички активисти со млади и стручни кадри, ентузијасти кои би биле спремни да се откажат од добропознатото колективно крадење кога би дошле на власт се со цел да го подобрат општеството во кое живеат и да ја сменат политиката што нивната земја ја води.
  2. Наместо да бидат донесувани акти со кои на минималните прекршоци би им следувале санкции и принудување да платат висока глоба, да се поттикне човековиот разум да сфати дека прекршоците не се во ред, што би се резултирало со намалување на бројот на прекршители. Наспроти тоа, да се зголемат казнените мерки за сите оние кои извршиле кривично дело од повисок степен, да се воведе доживотна смртна казна без шанси за помилување и во екстремни случаи, смртна казна.
  3. Декриминализирање на лесните дроги и проституцијата, како превентивен начин за намалување на бројот на наркозависниците и полнење на државната каса од данокот која секоја проститутка би требало да го плати со што би и течел стаж и би добивала пензија, како и од производството на (медицинска) дрога, користена за извоз.
  4. Намалување на данокот на додадена вредност до минимум за секој увезен производ, со што би поефтиниле голем дел од производите неопходни за живот. Во спротивно, зголемување на платите за да се постигне нивото на просечна плата, од 200 на 500 евра.
  5. Производство на производи за извоз за зголемување на буџетот.
  6. Исфрлување на неопходните трошоци за украси, статуи, скулптури и споменици во вредност од неколку милиони.
  7. Средствата употребени за погореспоменатите украси да бидат наменети за отварање на нови работни места за да се намали нивото на невработеност.
  8. Во однос на малцинствата, затоа што не може да има држава без малцинства, да се укинат договорите со кои се ограничуваат правата на едно малцинство и да се поттикне интелектуалната свест на граѓаните за меѓусебно почитување, или пак, можна варијанта, да се направи размена на население како она по Париската мировна конференција помеѓу Турција и Бугарија, во случај на конфликти помеѓу малцинствата на една територија.
  9. Развој на инфраструктурата.
  10. Конфликтите со соседните држави да бидат решени по мирен пат, без провокации и од едната и од другата страна, за можен понатамошен просперитет кон Европската заедница.
  11. Зголемување на интелектуалната свест на граѓаните со што би сфатиле дека тие всушност и не се чистокрвни антички македонци, туку да се исправат грешките на историчарите во однос на идентитетот и доказите за мешање на староседелците и дојдените Словени.
  12. Максимално искористување на потенцијалот што територијата на Македонија го нуди, во однос на користење на алтернативна енергија, искористување на природните богатства и инвестирање во истите.
  13. Промена на менталитетот.
  14. Наместо залагање за Македонија да биде вратена во природните граници, залагање за да не се изгуби ова што денес се има.
  15. Излегување од процесот на транзиција.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Добро што сте ја почнале темата ама сте заборавиле да ги споменете клучните фактори зошто Македонија неможе да биде богата и среќна држава:

1)мала површина од 25,713 km2

2)мал наталитет на народ,

3)егоизам кај народот и немање чувство за својот идентитет,

4)партизација и менаџирање со народот и малцинствата

5)затајување на данок и мобинг,

6)мобинг на даноци и казни,

Секој сака да биде милионер а не сака да работи,

Е сега кога секој би бил милионер и би имал многу пари и не би работел ,сигурно не би бил многу среќен кога би отишол на лекар значи нашето здравство да го лечи или џипот да го вози по нашите улици затоа шо нема кој да ги прави.

Значи проблемот не е до парите туку народот нема срце да живее ,а истото го имавме само пред 20 години во еден многу чуден социјален систем кој беше далеку подобар а финансиски беден каков ПАРАДОКС.
 
П

Пепси_

Гостин
идеална држава е МАКЕДОНИЈА како што била во времето на Александар III Македонски. голема, богата земја и послушни граѓани.......друго не треба :smir:
Од кај знајш дали била таква??? или твојта мила професорица ти кажуваше како александар одел ваму наму сите ги тепал и тоа толку пренесено го кажува како она да била таму и да му ги миела мадињава....

ОТ. Јас би ги иселил македонциве во некоја кинеска/јапонска провинција и би ги вработил да ја ископаат цела македонија и да се саде ориз.Ем кинезите ќе имат корист ем ние
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Bi bila monarhija, ne bi bila golema, nekade okolu 1.000.000 ziteli, so izlez na more.... xD
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Од кај знајш дали била таква??? или твојта мила професорица ти кажуваше како александар одел ваму наму сите ги тепал и тоа толку пренесено го кажува како она да била таму и да му ги миела мадињава....

ОТ. Јас би ги иселил македонциве во некоја кинеска/јапонска провинција и би ги вработил да ја ископаат цела македонија и да се саде ориз.Ем кинезите ќе имат корист ем ние
чоек, ова сум го напишал точно пред една година и сега ај ти мене кажи ми од кај да знам точно што сум мислел ???? :toe:
дури не се ни сеќавам на мислењево и ве молам во иднина ( оти и пред некое време исто вака ме цитирале ) да не ме цитирате што сум пишувал пред 100000 години, оти што се вика ја вчера не знам што сум ручал
 

Pep

Член од
1 декември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
21
Idealna drzava,interesno prasanje pa koga bi mozelo da bide,togas bi bilo kako vo Evropa plata od 125:vozbud:0 evra,sekoj da moze da si kupi sto saka.i toa ama kako sto e sega mnogu tesko,sepak nadesta posledna umira kako sto velat
 
С

сашенко

Гостин
Сонувам за неа секој ден.Би било убаво навистина.Неможе да нема политика но може малце поинаку да бидат организирани работите.На пример наместо овој повеќе партиски систем јас би сакал да нема политички партии и за во парламентот и сите државни институции да бираме луѓе по заслуга а не да бираме партија или човек па тој да составува влада по негова мера.За секоја позиција ке се предложуваат луѓе по заслуги и ке си имаат мандат и се ке биде избрано посебно.Така политички би ја организирал во кратки црти кажано иначе малце подооолга ми е оргиналната верзија.На таков начин организирана државата ке функционира подобро и ке се решаваат проблемите на народот а не проблемите не финансиерите на партиите.И нема да има навреди за партиите туку ке мора да се фалиш со она што си го постигнал и нема да има кого да критикуваш.Во парламентот нема да има партии значи воопшто што значи нема да има национална поделба туку парламентот ке биде составен од групи од сите свери на општеството.Образование, спорт па и музика и театар и секакви групи и ке има повеќе од 120 пратеници ама битно ке има од сите по некој и за се што е потребно во држават да има човек таму да спомне и да се решаваат проблемите заеднички.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom