Како би изгледала идеалната држава?

T

Torchyrus

Гостин
Секоја држава која е интегрирана во ЕУ и Нато според мене е идеална држава.
Доста ќе биде една држава, па ти кажи ми по што е таа "Идеална". Наведи ми ја идеалноста на нашиот јужен сосед.
 
АМБРОЗИЈА

случајна минувачка
Член од
22 декември 2008
Мислења
351
Поени од реакции
74
Идеалната држава пред се би била полипартиска и би имала ефикасна власт и опозиција која би соработувала со цел задоволување на минимум основните потреби на граѓаните. Избори би се вршеле на 3 години ,како би се спречила диктатура и монополизација на власта ,а максимално реизбирање би било 2 пати. Здравството би функционирало како бесплатна услуга од буџетот, исто и набавувањето на лекови би било со некоја смешна сума, а ова би било обезбедено преку буџетот . А буџетот би бил барем половина ослободен од социјални давачки на државата ,на тој начин што социјалните случаи кои се работоспособни би се вработиле во сектор кој не е развиен во државава ,нешто слично како заштитни работилници со двојна намена ,по претходно опсежно истражување. Образованието би било насочено кон создавање на стручни кадри , а не сестрано образовани кадри.Професорите би морале да имаат докторат и научни трудови од својата област, а и би морале да имаат педагошки признанија и би морале да ги владеат социјалните вештини.
Економијата повеќе би се ангажирала околу создавање квалитетни непреварантски инвестициски фондови, а полицијата би била повеќе насочена кон вистинско искоренување на сивата и црната економија. Казните кои се однесуваат за безбедноста во сообраќајот, за фрлање на ѓубре на јавно место и за непочитување на законските одредби кои определуваат парична глоба, би биле енормно зголемени. Би се афирмирала културата и би се потенцирале младите надежи во земјава . Би иамло рамноправност меѓу родовите ,би се потенцирала важноста и значењето на македонскиот народ , за да не се создаде нација која си ја мрази татковината. Би се создало демократско општество во вистинска смисла на зборот и би се издвоила земјата ,најмногу со зголемен бруто домашен производ (преку иницирање на земјоделството и индустријата) и намалени каматни стапки на банките ,како и добра работа на фирмите и истовремено одржување на берзата.Има уште многу што да се пишува , ама џабе е , тоа е само утопија,која не може да се оствари ,како инаку ќе не крадат..
 
Добро кажано тешко остварливо .
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317

Хмм, само овој пост го начекав на гугл од цела Мк за заштитни работилници. Знам не ги имаш опфатено многу ама доколку би знаела кои се заштитните работилници во Мк би ми помогнала многу или каде би можел да ги најдам (со исклучок на Мин. за труд и социјала).
 
Член од
6 ноември 2011
Мислења
15
Поени од реакции
9
Идеалната држава пред се би била полипартиска и би имала ефикасна власт и опозиција која би соработувала со цел задоволување на минимум основните потреби на граѓаните. Избори би се вршеле на 3 години ,како би се спречила диктатура и монополизација на власта ,а максимално реизбирање би било 2 пати.Не се согласувам. кога премиер ( или во нашиот случај, претседател на влада.. Има разлика да. ) ќе знае дека му е последен мандат има да ја ебе мајката на економијата на оваа држава, дел за свој џеб, и дел за да го упропасти просперитетот во текот на владението на наредниот избраник.Здравството би функционирало како бесплатна услуга од буџетот, исто и набавувањето на лекови би било со некоја смешна сума, а ова би било обезбедено преку буџетот . А буџетот би бил барем половина ослободен од социјални давачки на државата ,на тој начин што социјалните случаи кои се работоспособни би се вработиле во сектор кој не е развиен во државава ,нешто слично како заштитни работилници со двојна намена ,по претходно опсежно истражување.Државата има премлади за работа, престари за работа, неспособни за работа, способни за работа и НЕВОЛНИ ЗА РАБОТА. И да се најде работа за сите нив, не би било тоа тоа поради неефикасноста на оние што не сакаат да работат. Невработеноста има и свои позитивни страни. Дава правилно алоцирање на работната рака и поголема нивна ефикасност на работно место. Образованието би било насочено кон создавање на стручни кадри , а не сестрано образовани кадри. Јас се сложувам со ова. Предлагам IQ тестови за секоја нова генерација, бар во средните школи за да се види во што е стручен ученикот, и што тој сака да работи. Но што со оние кои не ги бива за ништо ? ( има и такви. )Професорите би морале да имаат докторат и научни трудови од својата област, а и би морале да имаат педагошки признанија и би морале да ги владеат социјалните вештини. Уште поефикасно. Психолошки тестови, пристрасни тестови. А што се случува кога ќе падне веќе признатиот професор на тие тестови ?
Економијата повеќе би се ангажирала околу создавање квалитетни непреварантски инвестициски фондови,:O во корпоративен свет, не постои такво нешто. Нема соработка во економијата. Националната банка дава пари на кои има интерес, а сите во државата се всушност од неа. Сега да кажеме, таа даде 100 милиони , а има 10% интерес.. од каде ке ги добиеме ? Туризам и странски инвестиции ? А на нив од каде им се парите. И тука треба стручност. а полицијата би била повеќе насочена кон вистинско искоренување на сивата и црната економија.Невозможно. Власта и политичките партии зависат од црната економија. Државата зависи од неа. Подземјето е криминал, но само кога ќе излезе на светлина. Тоа е добар и еден од најпрофитабилните гранки во економијата. Дрогата, оружјето, нелегалната нафта се најтргувани работи во светот. Да не зборувам за резервите од злато и драгоцени камења. Ако секоја држава покаже колку има, според законот за ограничени ресурси, цените толку многу ќе паднат што ќе стане еден колапс во светската економија. Казните кои се однесуваат за безбедноста во сообраќајот, за фрлање на ѓубре на јавно место и за непочитување на законските одредби кои определуваат парична глоба, би биле енормно зголемени.Репресивноста е мерка на примитивните општества. Едукацијата и подигањето свест е онаа мерка што треба да се превземе, а за другите, глоба, но под принцип на правичност.Би се афирмирала културата и би се потенцирале младите надежи во земјава . Би иамло рамноправност меѓу родовите Тоа не е можно. физичката моќ, владеачката моќ, веќе вродената авторитативна моќ кај мажот се поголеми. Рамноправност не е можна.,би се потенцирала важноста и значењето на македонскиот народ , за да не се создаде нација која си ја мрази татковината. Би се создало демократско општество во вистинска смисла на зборот и би се издвоила земјатаДемократско општество прави се спротивно на ова што го кажа. Ова е можно само во апсолутизмот и неограничената монархија. Демократија укажува на мало дејство на владата во сите сфери во живеењето, а апсолутизмот укажува на строга контрола, која е потребна за ова. ,најмногу со зголемен бруто домашен производ (преку иницирање на земјоделството и индустријата) и намалени каматни стапки на банкитеЦелава реченица е контрадикторна. Не е можно тоа.,како и добра работа на фирмите и истовремено одржување на берзатаБерза? прво треба таа да се воспостави. Ние сеуште немаме којзнае каков закон за акционерско работење. А и таа е на некој начин контрадикторна со текстов. Акционерски друштва служат за здобивање на удел на пазар контра други претпријатија....Има уште многу што да се пишува , ама џабе е , тоа е само утопија,која не може да се оствари ,како инаку ќе не крадат..
Хомос хоминус лупус ест. Не е можно ова. Борба за опстанок постои кај сите живи суштества, И во утопијата ќе постои хиерархија и апетити.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Идеалната држава би била кога би биле идеални луѓето или барем во најмала рака владетелите, но оние кои се впуштаат во политика не се идеални туку напротив најблаго кажано добри ама само за себе најмалку за народот.
 
D

D_NazGUL

Гостин
[quote="букваЏ, post: 4819403, member: 52757"Борба за опстанок постои кај сите живи суштества[/quote]
Така е да, Дарвиновата теорија е дтолку длабоко вкоренета во оваа цивилизација, да сите го прифаќаме здраво за готово фактот дека за да преживееме треба да се бориме и нели така се и функционира!
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
ВАКА би изгледала идеалната држава... if you know what I mean :D
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Да нема натпреварувања,да нема тепачки,да нема убиства,да нема завист
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
464
Поени од реакции
285
како македонија во 2025-та
почекајте и ќе видите
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Повеќето коментари се во слисла "нема идеална држава", иако тука треба да се презентира еден концепт како ја замислувате истата.

Дефинитивно еднопартиски систем, со ограничен број мандати на мандатарот, кој ќе се бира да државни, а не партиски избори (партијата треба да номинира неколку кандидати). Негова функција ќе биде водење на седниците на владата, именување и предлагање на министрите до Собранието и одговарање на пратеничките прашања. Владата би се состоела министрите ( кои мораат да имаат мин. број години, научна или воена титула, објавени научни трудови од таа област и одреден број на години поминати во таа област- експерти), Претседател на Влада (мандатарот) и по еден заменик на министрите кои треба да има слични квалификации како и министерот. Причината за тоа е креирање нови и квалитетни кадри за во иднина. Владата ќе нема право да предлага закони, ќе има право да предлага само законски решенија, кои Собранието ќе може да ги стави во законот.

Законодавниот дом би го сочинувале два дома. Долниот, би ги носел законите со просто мнозинство (или зависи од законот) и би ги доставувал до Горниот дом кој би го сочинување значително помал број пратеници (кои би се бирале од редот на пратениците од Долниот дом, кога ќе почине пратеник од Горниот дом) кој ги гласаат со просто мнозинство (осто, зависи од законот и во времески ограничен период). Пратениците од Горниот дом (со мала бројност и секогаш непарен број 9/11/13) би имале неограничен мандат (доживотен, изгубат деловна способност, откажат, казна затвор..), а од Долниот дом би се бирале на државни избори со ограничен мандат. Тие би имале и конечен збор за Буџетот, кој би се гласал со 2/3 мнозинство. Можат да разрешат министер или претседател на Влада (кочница). Горниот дом ќе има и функција за судење на уставност на законите.

Судскиот систем би функционирал различно. Судиите ќе ги бираат судските совети, со неограничен мандар, со цел безбедност. Судскиот совет ќе го сочинуваат сите судии. Судскиот процес мора да трае најмногу до една година. Судскиот систем ќе има и хиерархија од 3 стадиуми. Највисокиот ќе суди во совет и покрај за жалби од втор степен и судир на надлежности, ќе суди и за престанок на функција на пратеник со 2/3 мнозинство (кочница).

Околу буџетот. Навистина треба баланс меѓу економската ефикасност на државата и социјалните трансфери, ама социјалните би биле сведени на минимум. Нема привилегирање на сектори и давање државна помош на одредени гранки. Со буџетските средства ќе се финансира образованието (бесплатно во сите стадиуми), здравството (бесплатно), функционалноста на јавните институции и сите услуги ќе бидат беспари (зошто народот плаќа данок!?).

Ќе ги имаме најлошите затворски услови. Затворот треба да биде синоним за страв. Криминалот нема да падне со самото тоа, затоа што во Јужна Америка ги имаме најлошите затвори, па повторно се преполни. Криминалот секогаш ќе постои, но финтата е како да се намали? Смртната казна не е опција, таа ќе остане забранета. Затворите ќе бидат приватни, со самото тоа тој што оној кој го поседува ќе ги организира, во негово име да вршат одредена работа, дали на отворено, дали во работилници. Казните ќе бидат целосни, помилувањето и амнестијата нема ни да дојдат во предвид...Секако дека би сакал криминалот да е мал, но мора да има одредени (психолошки- страв од казна) за обид за сузбивање.

Краткорочни и долгорочни економски политики, пред се за вработувањето се неопходни. Гарантирање на работно место, по одредениот степен на образование е неминовно. Приватната сопственост си останува, а улогата на владата е да ги креира насоките и политиките во кои ќе се движи државата.

Со полицијата ќе раководи и управува министерот за внатрешни, а со војската министерот за одбрана, кој мора да биде од редот на генералите.

Влезниците во кино салите, театрите и музеите ќе бидат слободни, со цел да се промовира културата.

Ова е за државното управување и уредување. Човекот според која и чива философија треба и како треба да се однесува во тоа опкружување, е доста тешко да се каже. Битни се темелите и принципиелноста. А и ме мрзи да пишувам повеќе. :)
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Потребни се децении за една држава да стане не идеална туку барем убаво место за живеење.
Ние сме толку многу далеку што идеално за нашето поимање е функционална држава со принципиелен и одговорен политички врв.
Нам очајно ни треба подобрена економија со која луѓето би имале елементарна самопочит. Кога ќе имаат можност за работа и некаков напредок ќе престане оптовареност со политика, соживот и ред други теми кои не треба да се главна преокупација.
Секој потпросечен политичар во МК (во моментов немаме дури ниту просечни) ја користи старата премиса „Завади па владај“. Ова е една од работиве што не ја согледавме години наназад и сеуште им е успешен моделот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom