Во глобала машките можеш да ги обвиниш за многу работи од а до ш. Меѓутоа една работа за која е грев да се обвинуваат е манипулации. Машко кога му се ебе ќе каже дека му се ебе, кога те сака те сака, кога не може да те гледа во моментов ќе ти каже дека не може да те гледа во мометнов, ако сака да ти се дере ќе ти се дере. Една работа е сигурна, секогаш знаеш на што си. Сплетките ги правите вие, и секако ќарот го имавте вие-Кој превари тој товари. Јас имам луѓе кои девојката им раскинуваше долгогодишна врска а они се прашуваа-Што и згрешив? Тоа што гледав влакно да не и фали на главата, што ја третирав како бубрег во лој? Како да им објаснам дека нивната логика на реципроцитет е невалидна? Редно е да биде пата-пата со тие манипулации, редно е да си го добиете третманот кој го заслужувате. Nothing more, nothing less.
А зошто наместо мажите или жените не ги обвиниш луѓето, човекот и неговите особини и навики предизвикани од црната дупка наречена Его која никогаш од ништо не и е доста и влече само, гладува? Како за промена.
Манипулација велиш, зарем помеѓу а и ш не постои манипулација со жените од страна на мажите? Постои, само што таа е нормална и очекувана, сите роднини и пријатели, комшии и непријатели ракоплескаат и те поддржуваат во истата.
Иначе точно е тоа дека со маж, класичен мачо маж претежно знаеш на што си, затоа што мажот, оној маж (со сите непишани права што ги има), сака една женска/сопруга "сигурна" да му биде за е*ење а останатите му се за релаксација ама тајно, пошто ретко има таков маж или жена каков ти го опиша директен и искрен, кој го живее моментот и не ти прави филмови. Тој нема да ја заебе и напушти из чиста мира затоа што не знае и не може сам (освен на зборови а посебно во друштво) и ако подразмислиш подлабоко ќе увидиш дека тој всушност сака или бара Мајка во сите жени, што ќе го пери и мие и на која како разгалено дете ќе истура фрустрации додека е жив, се случува искрено и безусловно да ја сака ама ретко, не вреди да се спомнува дури.
Манипулација постои на двете страни, негативни и позитивни особини еден куп ама тие не се повеќе или помалку застапени кај едниот или другиот пол, подеднакво се.
Такви сме ние луѓето (не само мажите или жените, луѓето) заебани, скоро невозможно е да се има потполна доверба и тоа ги сјебува нештата, исто така нештата ги сјебува донесувањето генерални заклучоци во краток период од лични или туѓи искуства кои зависеле од околности и околности. Затоа и натегање на вакви теми ама интерено е, се дешава нешто.
Редно е, редно е (ова важи за двата пола) внимателно да се "залетуваат" во врска или брак, без глупости во смисла едниот да се понижува за другиот да се велича туку двајцата да бидат исти, еднакви како другари затоа што преголемата љубов/внимание од едната страна предизвикува обратен ефект и многу често коренот им е во себичноста затоа што после сето тоа внимание без "фалење влакна на главата" и "бубрези во лој" следуваат големи очекувања од другата. Па ако другата страна не сака повеќе да биде во врска, доволно е искрена пред самата себе (што е најважно) и напушта, веднаш егото се буни и ја активира омразата како амортизер за да не дојде до рушење на градбата (последно имав пример во комшии на рушење на градба затоа што на време не се активираше амортизерот).
Од месечината се приметува почетокот на крајот во врската/бракот, само што преголемата самодоверба и патетиката (понижувањето на едниот - бубрег во лој стајл, она со коренот во себичноста) тешко го дозволуваат тоа.
Нај основната филозофија е: ако те заебе некој еднаш-шејм он хим а ако те заебе два пати-шејм он Ју друже. Толку е едноставно ама имаш ти навика (и дарба) да цепидлациш на долго и широко (јасно и гласно, да му е мерак на човек да те чита, озбилно) ама не кажуваш ништо посебно освен меѓу редови дека те заебала (или твои пријатели) некоја женска па сега ги мразиш сите останати. До луѓето е а не до половите кога станува збор за заебување, имало и обратни заебувања озбилно, пробај разгледај ја и таа опција.
Абе природа и опшества, да не беше така па ќе умревме од досада на крајот на краиштата нели...