- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Ја промашуваш целата поента на дискусијата. Токму за тоа зборува Сусаро. Значи, некои мажи, со помош на етичкиот кодекс, можат да се издигнат над нужноста дизајнирана во нас од страна на еволуцијата, додека ниту една жена тоа не може да го направи.Не само што држи тезата на Сусаро, туку држат вода сите ставови и од мажи и од жени. Мажите инсистираат да оддржат контрола врз жените преку морални проповеди, и се трудат да се заштитат некоја да не ги исцица финансиски (најопасното можно оружје на жената, одма после подметнувањето копиле), а жените тврдат дека се нежни мачиња желни за љубов и прегратка, а се по природа тешки предатори.
Проблемот е што на се ова му се дава етичка компонента. Природата така не дизајнирала низ милиони години еволуција и многу глупо е да обвинуваш некого за нешто што му е вградено во фирмверот на мозокот. Колку човек порано ги разбере овие работи, толку полесно ќе се батали од сите тие бесмислени морални препукувања.
Тоа е главната теза во дискусијата.