Јас како претставничка на чавките кои редовно вадат од контекс муабети, додаваат, одземаат, манипулираат, пцујат, навредуваат и прават анализа на приватен живот по нарачка, интелектуално инфериорни дрољи чија единствена цел во животот е наоѓање на жртва за материјално обезбедување, курви кои се ебат само со Срби и Шкоти, додека пред Македонците глумат недопирливи, во исто време и сексуално исфрустрирани бидејќи нема кој да ги ебе или калаштура која се ебе за пари, лезбејки што подржуваат педерчиња, потоа феминистки и жени кои само на тастатура се јаки, а во живо молчат, би сакала да ја опишам појавата на шовинистичката свиња и последиците од нејзиното гровтање.
Создавањето на шовинистичката свиња е долг процес кој започнува од мали нозе со постојано дозирање на „машкост“ од страна на најблиските. Додека е малечок редовна реченица која ја слуша е синот на тато, синот на мама, синот на баба и дедо. Кога се обидува да си го земе лепчето неговите најблиски со брзината на светлината утрчуваат, го земаат ножот и под права линија се мачка црно и бело кремче. Додека малиот се фрла во рибанката, мамичка го гали по главчето му става топло млекце и го советува полека да јаде, а не како свиња за да не се задави. Од кога ќе се наручка, го пресоблекува, му ја мести постелата и му ја раскажува приказната за Снежана. Во главата на малиот се создава одбивност од улогата на Снежана во приказната и одбивност кон улогата на принцеза. Се прашува зошто она е принцеза, зошто мамо јас не сум принцеза? Ти си машко сине, неможеш да бидеш принцеза и така малиот во солзи заспива посакувајќи ја таа главна улога за себе.
Периодот на растење им поминува со слики како мама брише прашина, им ја средува кочината, ручекот е секогаш топол на маса, смрдливите чорапи се уредно ставени во корпата за нечисти алишта, они се редовно испеглани, чисти и миризливи, а во судоперот нема ни една валкана чаша. Нив им останува да изиграат партија фудбал, да испијат една ракија со другарите и да тепаат филозофии до сабајле на оној другиот што му се случило. Уживаат во приказни со тажен крај во кој редовно е некој заебан, изневерен и разочаран од принцеза и тоа само им ја циментира сликата за Снежана. Во контактот со принцези веднаш ни две ни три туку четири им ги плескаат издробените карактеристики во првата реченица и им даваат по еден совет за накај дома. Никогаш не слуша само зборува, затоа е тој впечатокот дека е секогаш се во право. Зошто би слушале нешто кога веќе знаат се?Секаде биле, се виделе, днк-та ја познаваат на странците, имаат познавање од сите области, кафиќи мафиќи, шеми, нема лабаво. Не само што знаат туку и прогнозираат во наредните десет години што ќе се случи и што ќе каже другата страна. Тоа е се од монологот кој го користат во текот на живеење. За секој напад има контра напад, зарем е тоа толку тешко да се предвиди? Не бе бачко они ако не ти го кажат или потврдат тоа ти неможеш да го знаеш, тоа е исто како топла вода да измислиш. И тука доаѓа преломот и кулминацијата, отварање на душата на посакуваната Снежана во себе и плачипичкарските карактеристики карактеристични за женскиот пол. Они се секогаш приватно навредени, испцуени, омаловажени, иако они никогаш не вреѓаат, не омаловажуваат, бидејќи они ја знаат тајната и само они можат да го користат тој начин преку генерализација да исплука се што јаделе во изминатите три дена. Затоа секогаш ја потенцираат генерализацијата, со други зборови тоа се вика чистење на теренот од осуди. Е сега ние како чавки неможеме да генерализираме кога надвор покрај свињи има и добри дечки кои не се лигуши и се вистински мажи. Сега незнам во која група припаѓаат оти немам направено анализа на сељачките категории наметнати од страна, немам толку време за толку многу категории пласирани со години наназад да ги сместувам ликовите.
На крајот на краиштата овој тип на мажи секогаш ќе ја бара Снежана од својата глава, да изгледа како Клаудија Шифер, да биде паметна, вредна како мама и послушна зошто они се знаат, не им треба дискусија, им треба тишина за да можат да ја предвидат иднината. Да молчи, он за неа ќе мисли, а кога му се разговара да расталка филозофија без граници, но без да дава заклучок оти е сепак жена, каде може она да извади објективен заклучок. Кога ќе се појави Снежана од овој тип е тогаш дури може да биде принцеза, дотогаш принцезата е ОН и тачка.
Епа драги чавки, вежбајте „тишина“ за овој тип на мажи ако ви се инспирација и цел да ги исцицате финансиски нивните десет денари во џебот. Оти од многу гледање и анализирање од страна на групи, подгрупи, ликови, чавки и гулабици, не останало време да спечалат нешто свое. Затоа се предизвик нели за финансиско цицање денар по денар ќе стасаш до десет денари. За да ја задржиш шовинистичката свиња покрај себе, мораш на дневна база да ја дозираш со еден убав збор, најдобар си, најфин си, највнимателен си, најпаметен си, многу добар ебач си, многу ти е голем, сета ја разбираш, многу си прошетан, изживеан и на крај мораш да завршиш со потценувачка реченица за себе колку си мала во однос на неговиот лик. Немој да планираш да му мрднеш оти они секој покрет, ама секое движење и мисла веќе ти ја познаваат, во дуелот влагаш со три примени гола на 85та минута бидејќи принцезата во себе веќе ја имаат. Веќе биле жена и знаат како дишеш и како размислуваш. Се е тоа шаблон, ти неможеш да се разликуваш од другите жени, бидејќи сите се исти, освен оние кои не се (тука мора да ја фатиш логиката). Карактеристиките си ги носиме со полот, така да они точно знаат што сакаат и тоа го кажуваат. Пример за да добиеш информација каде ќе се излегува вечерта и дали нешто смислил треба добро да се насметиш и да ислушаш предавање од 2*45 минути за небитноста на местото и времето и непотребноста за замарање и планирање. Во случај после предавањето да го однесеш на место кое не му се допаѓа тогаш добиваш бонус предавање од 3*45 минути со пауза од 5 минути за цигара, како си неспособна и немаш вкус ниту сенс за места за искачање како последица на твојата неизживеаност и непрошетаност. Ете тоа е суштината на директното обраќање. Нормално на крајот од вечерта ќе треба да легнеш до него за да удри два пати и да сврши, при тоа со насмевка на фацата да искажеш задоволство од сексуалниот чин.
Причините за ова грофтање се провокација за феминистички ставови, за да може после слободно да си принесат една чинија гомна и да јадат додека не се задушат.
Последиците од ова грофтање се исти како и последиците од свинскиот грип, киваш во нивно присуство и развиваш алергија од свинско месо.
А ако не го сакате овој тип на мажи тогаш слободно дишете, размислувајте, делувајте, создавајте, шетајте се, дружете се, уживајте во животот без да се замарате. Бидејќи ако ги нема нив животот нема да ви е забавен, нема кој да ве категоризира во групи со карактеристики на едноклеточни животни.