Секако дека треба да им се забрани на девојките да ја читаат темава и да коментираат. Само вие форумските алфа мажјаци ќе си пишувате ловечки приказни и ќе си кликате лајкови и ќе си билдате его.
Проблемот е во тоа што кога ти ќе излезеш во град нема да бркаш мажи туку жени и при тоа ќе користиш машки теории за женската психа, што е во старт тактички многу погрешно. Ниеден маж не може да ја знае женската, или поточно мојата психа подобро од мене. Ниеден маж не може да ме убеди дека јас уствари се палам на некој што цел ден дрви како јас сум глупача и нижо биче. Ниеден маж не може да ме убеди дека јас уствари потајно сакам да бидам доминирана и третирана како лајно. Али да бидам искрена, постојат и такви девојки. Не сум психолог, и не би сакала да продавам некои евтини психологии али чисто лаички, мислам воспитувањето е клучно во тој поглед. Ако некоја пораснала со татко што по цел ден мрчи како жените се површни глупачи и нивната цел во животот е да им слугуваат на мажите, тогаш е многу веројатно дека и самата ќе има таков став и свесно или несвесно ќе бара партнер сличен на татко и`. Али јас не сум пораснала со таков татко. Многу други девојки не пораснале со таков татко. Ако на таква девојка и пристапиш со Сусаро стајл, неуспехот е неминовен, тоа е факт. За волја на вистината, таков пристап најверојатно би запалил кај претходната група на девојки. Ама да кажеш дека таков пристап е универзална формула за успех - тоа е само залажување, ништо повеќе.
И многу ми се свиѓа што сте го ставиле Шкорпион како втора варијанта. Тоа би требало да сугерира дека ако не мислиш како Сусаро, тогаш сигурно си хомо. Да, сигурно, сите што не мислат дека жените се глупачи се уствари хомосексуалци.