Какви луѓе ве привлекуваат и зошто мислите е тоа? Совршен партнер? Имате?

С

Сатори

Гостин
Значи тема за мажи и жени. Има мислам тема за мажи но тука сакам да ги вклучам и девојките? Генерално, каков е вашиот тип?
Идеалниот тип кој нема да го пронајдам во овој животен век:

*Висок, со убава мека брада, екстремно сини/зелени очи, полни усни и темен тен.Згоден, издржан со сенс за стил.
*Интегентен, не саркастичен и ироничен ... пријатен, културен, перфекционист кој е опседнат со бели кошули, човек од навика и зависник од адреналин.
*Способен многу да зборува, многу да слуша ... да не ни биде досадно кога нема да имаме секс.
*Фантастичен во кревет, садо-мазо вљубеник.
*Да ме обожава мене и само мене и да биде страшно љубоморен, а сепак толерантен, да ме почитува, да ме прифати до максимум таква каква што сум со сите мои наводни фази.
*Да скејта додека е млад.
*Итн...

Ете таков човек безрезервно би сакала.:pipi:


Реално, сакам момчиња кои знаат да ми ја затворат устата со нешто повеќе од буткање јазик внатре, кои многу добро знаат да ги разграничат работите, верни дечки.
Фини и пријатни преку ден.:toe:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Mozeme da si se glupirame do sabajle i da si gi kazuvame svoite ideali sozdadeni vo glavata.....
Najdobor e koga covek se zaljubi vo nekoj prifakajki gi podednakvo negovite mani kako i negovite doblesti......
Go pocituvam slobodoumieto, inteligentnosta, inovativnosta i grizlivosta kaj mazot:wink:
 

Apash

Od kol na kol, kolot vo gazot!
Член од
10 март 2007
Мислења
567
Поени од реакции
15
Значи редовно паѓам на бејбифејс ... наивно навидум девојче ама баш скулгрл на филмовите ....

а по караткер нормално интелегентна , смисла за хумор слична барем на мојата ... е тоа би комбинирало идеална скоро совршена личност за мене
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Идеалниот тип кој нема да го пронајдам во овој животен век:

*Висок, со убава мека брада, екстремно сини/зелени очи, полни усни и темен тен.Згоден, издржан со сенс за стил.
*Интегентен, не саркастичен и ироничен ... пријатен, културен, перфекционист кој е опседнат со бели кошули, човек од навика и зависник од адреналин.
*Способен многу да зборува, многу да слуша ... да не ни биде досадно кога нема да имаме секс.
*Фантастичен во кревет, садо-мазо вљубеник.
*Да ме обожава мене и само мене и да биде страшно љубоморен, а сепак толерантен, да ме почитува, да ме прифати до максимум таква каква што сум со сите мои наводни фази.
*Да скејта додека е млад.
*Итн...

Ете таков човек безрезервно би сакала.:pipi:


Реално, сакам момчиња кои знаат да ми ја затворат устата со нешто повеќе од буткање јазик внатре, кои многу добро знаат да ги разграничат работите, верни дечки.
Фини и пријатни преку ден.:toe:
Koлку убаво.Благодарам,нема да се мачам да пишувам.Значи идеалната девојка за мене би ги содржела сите карактерни особини кои се спротивни на тоа што го наведе Lady Satori.Thx:pos2::pos2::pos2:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Значи неможам да генерализирам каква девојка сакам... Надворешниот изглед не е некое (главно) мерило според мене. карактерот и однесувањето е она што го ценам и почитувам.

А инаку сигурен сум дека ја имам најдено совршената партнерка за мене :)... И уште нешто... Совршенството е недостижно бре... Немојте да си мислите дека секогаш се ке биде идеално. Мора да постои толеранција и компромис во една врска (освен љубов и другарство) за да може да опстои на сите предизвици. Е сега колкава е толеранцијата зависи од личностите.
 

osicka

ЅвЕрЧе
Член од
12 декември 2005
Мислења
312
Поени од реакции
4
Najkratko da si kazam sovrseniot covek za mene i se ona sto go sakam, i se ona sto go posakuvam go imam pokraj sebe...
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
доволно е да зрачи со некоја посебна енергија, која ке ме исполнува мене, да зрачи со шарм харизма и ред. други работи, така би била блиску до онаа совршена девојка која ја излузираме.Надворешниот изглед не е пресуден во одлуките, скормно да има убава насмевка, коса со шишки , да е забавна и да ужива во секој момент, задоволство:pipi:
 
Член од
17 август 2006
Мислења
1.531
Поени од реакции
123
Onaa sto ja zamisluvam kako sovrsena za mene e bas onaa koja momentalno e so mene:back:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Ќе го искористам дел од постот на Лејди Сатори.
Лејди Сатори напиша:
*Интегентен, не саркастичен и ироничен ... пријатен, културен, перфекционист кој е опседнат со бели кошули, човек од навика и зависник од адреналин.
*Способен многу да зборува, многу да слуша ... да не ни биде досадно кога нема да имаме секс.

Стабилен, да знае што сака и да е реален, приземјен. Интелигентен, да можам да му направам муабет на секоја тема. Да знае да ми влева доверба во себе и да се усогласиме со разбирањата.
Друга работа. Знам некогаш, многу ретко да реагирам импулсивно, пожелно е тој да е човек кој во такви моменти ќе ме сослуша, ќе реагира смирено и нема да вреска, ќе ме остави да се искажам за да се искаже после и тој.
Да знае да ја оцени ситуацијата и да процени дали може да омекнам со некоја шега или кулирачко однесување од негова страна.
Можеби сум чудна, ама ако сум премногу нервозна подобро е ладно да реагира. Ако сака да ме смири со секс и ако ми се умилкува и лигави уште повеќе ќе ме изнервира:pos: Е откако ќе се смирам (а брзо ми поминува), тоа е друга приказна:vozbud:
Да е човек кој сфаќа дека проблемите се решаваат веднаш штом се појават, а не кога ќе се натрупаат.


Да има и шармантен и остар поглед од кој ќе ми се нишаат нозете секогаш кога ќе ме погледне:shy:
Да пивнува алкохол (наточен во ниска чаша) додека држи цигара во истата рака:vozbud:

Се занесов:pos:


Постои:)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Чекај да пробам да се изразам на висколитературно стручно преофесионален начин. Се надевам дека смртниците ќе ме разберат.

После долгочасовно душено трагање најдов каква девојка ме привлекува.

некоја шо ќе ми дава......стално.......и кога нема да сакам

немојте озбилно да го сваќате постов, а ако смета бришете го.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Верувам во совршен партнер ... не совршен без мани, туку совршен кому и маните би му ги сакала ... и тоа јас си го сметам за совршено. Има таков, да.

Карактеристики и однесувања на тој човек?

Да ме сака и да знае како и кога треба тоа да го каже и покаже, а да не биде напорен, лигав или па ептен контра - затворен.
Да може само со неговата појава да ме насмее и во најтешките моменти ... ајде де секој да го може тоа?:podsmev:
Да знае како да се труди за нас, да ми влее доверба, да верува во мене.
Да не е многу љубоморен за да можам да живеам на раат, но да има мало жарче во него ... со тоа, секоја таква изјава да и ќе ме расположува, а никогаш нема да ми смета.
Да е посмирен или побесен од мене кога треба ... на исто да сме во секоја ситуација нејќам, а и не би одело далеку тоа.
Да е доволно паметен за да знае да направи муабет, да знае да ме воодушеви со тоа понекогаш, да знае кога и што точно треба да каже.
Да знае да ме цени колку што вредам, да не ме навредува, да ме почитува.
И да, ќе заборавев за малку ... еден од поглавните услови е да слуша иста музика како мене! Не би можела да сум со некој не го исполнува ова, макар и сите други работи да се во ред ... :toe:

Многу работи се да, (има и други, ама ај да не набројувам се`) но ете, некаде сето тоа го има на едно место ...:pipi:
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
@Satori: Ем интелигентен ем скејтер? Хахахахахахахахахахаха.
@Fortune: Аман јас можам да држам виски и цигара со една рака, а не сум пушач! *wink wink*
Divneto напиша:
@Да не е многу љубоморен за да можам да живеам на раат, но да има мало жарче во него ... со тоа, секоја таква изјава да и ќе ме расположува, а никогаш нема да ми смета.
Да, може во некој алтернативен универзум.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
1. Ja sakam dobro da pushi i da golta !

2. Da mi dava popust u bilo koja forma

3. Da ne mrchi da ne se prai deka moze da bide ramnopravna so mene ne daj boze poveke od toa

4. da ne zucne nikad za feminizmot a casata neka ja drzi i megu cicki sto se mene tiche ich ne mi smeta :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Физички немам некоја замисла, ама сакам кога ќе го погледнам, да го има ОНОЈ сјај во очите.
Сакам да поседува шарм, харизма, да се чувствувам сакана кога ќе ме гушне.
Да знае да ме насмее (смисла за хумор, обавезно!) и да ми биде пријатно во негово друштво, а и да биде сериозен кога е потребно тоа.
Би требало и да биде интелигентен. Да знае да направи муабет за повеќе теми, а не да кога ќе отвори уста на било која тема, само да вика: аха, да, не, можеби. Да можам да дискутирам со него, а не само да клима со главата.
Да прави некои романтични постапки: на пример да се шетаме на дожд и изненадно да ме бакне (опседната сум со дождов деновиве, не знам што ми е:)) и такви слични постапки. Мали и кратки, ама слатки.:)
Да биде искрен со мене и сето тоа што го чувствува и мисли да го каже.
Да ми биде верен, да ме почитува како личност, да не се труди да ме менува и да ме сака.

Хм...па толку е.Ако има уште нешто ќе наравам едит.:)
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
239
Поени од реакции
5
Доволно би било да ме сака искрено,и да прави се шо сакам јас :) :) + да го прави тоа заради тоа шо он сака да биде така и да не очекува ништо за возврат ( тогаш би добил повеке ).
Сакам некој шо ке ме сфака секогаш и шо ке ме слуша кога му говорам. Сакам да ме исполнува на секој начин за било шо и да говореме. Да не е посесивен,ама и да не се сомнева у мене. Да знае да ме насмее, да се дополнуваме...никогаш никогаш да нема тага... Сакам да е мистериозен ,да биде ново нешто секој ден. Да биде спонтан и интересен, да биде позитивен, никогаш да не се замара за нешто шо не не вклучува НАС. Да внимава на малите нешта, да праве неочекувани романтични нешта, да ми влее доверба... Да знае шо сака, да биде сигурен у тоа, и да не се предомислува. Да го довршува тоа шо ке го почне и да не ме повреде никогаш. И пред се, сето тоа да го праве со срце, без лаги ,без преправања, без други личности.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom