Какви деца сакате да имате?

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.906
Поени од реакции
11.247
Ако некогаш станам фамилијарен, повеќе би сакал првото да е машко. Од аспект второто без разлика дали ќе биде машко или женско да има еден поголем братко што ќе го/ја чува :)
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Јас сакам женски деца , порано мислев 2 женски , 1 машко , сега мислам дека најдобро би било само 2 женски, освен ако идниот мој маж сака машко па да одам на трето.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Не ми е толку важно дали ќе биде машко или женско колку што ми е битно да се родат здрави и живи. Иначе би сакал 3 деца :)
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Освен тоа што сакам да се здрави и прави ( како и секој нормален човек на светов нели ) сакам да имам 3 деца односно 2 машки и едно женско :)

сакам едното да биде како мене односно да има плава коса и плави очи.. :)
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Незнам дали веќе имам одговорено на оваа тема но сепак да одговорам бидејќи ја начекав. Доколку успеам во животот да основам семејство едноставно што според мене најголемата среќа во животот е да си имаш детенце иако сум доста млад можеби не го знам тоа чуство во целост но можам да го почуствувам преку моите внуци поточно преку мојот внук и внука. Чуствотото е прекрасно кога ќе држиш детенце малецко во своите прегратки и при тоа посебно кога ќе го храниш мислам дека кога ќе се насмее како да ме облива некоја среќа во мене едноставно се осеќам преубаво посебно кога ќе го шетам со количка или пак кога ќе го заспивам. Искрено никогаш не би бирал дете поточно пол битно господ да ми даде детенце иако повеќе би сакал да имам две женски две машки деца поточно што е можно повеќе деца. Јас така го замислувам мојот иден брак но реалната слика во државава многу ми пркоси и ми ги уништува плановите поточно економската состојба едно дете е тешко да исчуваш а не пак повеќе но битно мие да си имам живо и здраво детенце мислам дека животната цел е да основаш семејство да имаш дете и кое ќе го исчуваш, одгледаш, и едноставно тоа ќе те прави вечен.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Не е битно колку се и какви се битно е да се убави, паметни, згодни, здрави, целите на мене метнани и да се две-три.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Не е битно колку и какви, сакам здрави и живи да бидат и да можам да им овозможам еден нормален живот да имаaт.
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
20
Поени од реакции
15
Уште при самото раѓање на детето ако е машко ќе речат: Ајде нека е здрав и жив, голем да расти... итн. А кога ќе се роди женско викаат: Ајде не е битно што е, нека е здрава и жива, ај па следното машко ќе биде.. Живи глупости значи! Уште при самото раѓање се јавува еден вид на дискриминација а за понатаму што очекуваш. Ако имам едно дете, сакам да биде машко... не поради она продолжување на презимето, ,,лозата" и слично туку баш поради тоа што знам колку страдаат девојките во животот, низ какви фази поминуваат, па потоа и кога ќе дојде ред за мажење ќе ми биде жал за неа дека ќе треба да се раздели од мене.
Инаку најмногу сакам да имам близнаци ( 2 муви со еден удар) или двете машки, или машко и девојче. :pipi:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.802
Поени од реакции
12.293
поради тоа што знам колку страдаат девојките во животот, низ какви фази поминуваат, па потоа и кога ќе дојде ред за мажење ќе ми биде жал за неа дека ќе треба да се раздели од мене.
ако е машко нема да се раздели од тебе?
 
Член од
11 декември 2013
Мислења
20
Поени од реакции
15
ако е машко нема да се раздели од тебе?
Можеби ќе се раздели ама поголеми се шансите деќа ќе живее со родителите т.е. со мене. Зашто кај нас добри 80% проценти ако не и повеќе децата остануваат да живеат со своите родители и после својата 18, а половина од тие 80% остануваат да живеат со родителите до крајот на својот живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom