Мачката е таква каква што ќе ја воспиташ.
Ако ти не му покажуваш љубов, не го галиш и не му се восхитуваш, се однесуваш како да не постои, само му даваш храна и тоа е тоа, нормално дека нема да покаже љубов спрема тебе.
Јас никогаш нема да заборавам кога мојот мачор ме немаше 4 месеци видено никако, и кога си дојдов дома, викнав само од врата по него, сестра ми вика неможам да ти опишам колку возбудено скокна кога ти го слушна гласот, и право во прегратки кај мене скокна.
Потоа го оставив и повторно заминав, 3 дена спиел во собата каде што спиев јас, и несакал ни да јаде ни да излегува од таму.
Една година помина како ме немаше видено потоа, нормално кога ме виде не беше толку среќен, можеби се чувствувал изиграно затоа што го оставив, потоа го зедов со себе во друга држава и веднаш се привикна кога сфати дека тоа сум јас.
Кога ќе внесам нешто дома, било какви ќеси нешто ако сум купила, обавезно прво душнува да провери што е тоа, и кој и да дојде кај мене дома иде да го надушка да го запознае.
А еве сега каде живеам, во дворот имаат златен ретривер. Преубав е, нема што. Но смрди откорнува на куче во радиус од 20метри. Џабе е, колку и да го одржуваш си смрди и готово. Плус серат кај ќе им се присака.
Јас мојот мачор по 8 часа го оставам сам дома и одам на работа, кога ќе се вратам се е на свое место, идел во своето ВЦ не ми унередеувал насекаде, и обавезно кога ќе чуе дека некој доаѓа и отклучува, доаѓа на врата и гребе додека не се отвори.
Мачешка верзија на кучешкото скокање и радување.