Каква е емотивната приврзаност на мачките со своите сопственици?

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
2.986
Убаво реков јас дека од 2800 поста дали 7 не ти се глупи.
Мислам ало, каде бе со овој коментар во тема со издржани дискусии...
:pos:
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
3.734
Поени од реакции
5.277
http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zhivotni/kuchinjata-ne-skontaa

Ова што го зборев порано на темава.

Врската меѓу човекот и неговиот најдобар пријател со текот на времето станува сè посилна и со секоја нова генерација, кучињата се сè поспособни да нè разберат.

Ова го покажува студија од еден Универзитет во Данди која сугерира дека ваквата способност нема врска со нивото на тренинг на кучето.

Тие се во состојба да ниги "читаат мислите" и да реагираат на невербални знаци и ишарети.

Денешните кучиња се селектирани низ долг процес на доместификација и ги прифаќаат луѓето како социјални партнери кон чие однесување можат лесно да се прилагодат, потсетуваат авторите на студијата.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.385
Поени од реакции
26.981
http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zhivotni/kuchinjata-ne-skontaa

Ова што го зборев порано на темава.

Врската меѓу човекот и неговиот најдобар пријател со текот на времето станува сè посилна и со секоја нова генерација, кучињата се сè поспособни да нè разберат.

Ова го покажува студија од еден Универзитет во Данди која сугерира дека ваквата способност нема врска со нивото на тренинг на кучето.

Тие се во состојба да ниги "читаат мислите" и да реагираат на невербални знаци и ишарети.

Денешните кучиња се селектирани низ долг процес на доместификација и ги прифаќаат луѓето како социјални партнери кон чие однесување можат лесно да се прилагодат, потсетуваат авторите на студијата.

Некој би рекол дека ова е... *puts on sunglasses*... спојлер за иднината... *YEEEAAAHHHHHHHHHHH*
 
Член од
29 март 2013
Мислења
148
Поени од реакции
177
Јас имам мачка, која има „кучешки“ карактер. Може и до расата да е, ама за неа и за мене по дома викаат „Еве стана оваа од компјутер/кревет/фотеља и ова загарчево одма по неа“. Не е до јадењето-секогаш има јадење во чиничето. Прврзана е со мене, чиста, паметна, знае да си игра - не ми треба ништо друго. Видео ко видео, секогаш има вакви и онакви мачки и вакви и онакви кучиња. Ова коментариве ми дојдоа како љубители на мачки VS љубители на кучиња o_O
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
763
Поени од реакции
786
Не се сите мачки такви. На пример, мојата не е... Мојата мачка е најприврзана за семејството. Кога требаше бретучедка ми да се роди, моравме да ја преселиме мачката на некое друго место... ја однесовме во село... добро, поседи таму малку, но за две недели ја видовме пред врата ни стои... И како да не ужива во село, таму има доволно храна, доволно топлина во куќата...? Ноуп, сме и недостигале нејзе, со нас ќе си биде она! :LOL:
 
Член од
16 април 2014
Мислења
4.530
Поени од реакции
4.812
Мојава страв и е од дома да излези,преку ден ќе прошета така низ дворот некој сат иначе нон стоп дома и на кревет е.Уште од кога имаше месец е кај мене и цело време додека е дома се гали со мене или лежи максимум 1метро од мене.Мн е измангупено,леб не јади само специјална храна за мачиња или салама/сирење/кашкавал и сл.Најверојатно се далеку по поврзани кучината одколку мачкиве ама и мачкиве не се сите исти има разлика и кај нив.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
8.643
Поени од реакции
9.253
Која мачка јаде леб???
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.993
Мојот јаде леб натопен со јогурт.
 
Член од
1 март 2008
Мислења
1.396
Поени од реакции
1.049
Lugje imam seriozen problem so edno od mackite. Imam dve macki principno ali so ednata po starata 4 godisnata imam seriozen problem. Ona bese mnogu i edinstveno privrzana so majka mi. Samo so nea sakase da si se gali i samo do nea sedese od site drugi begase. Arno ama, majka mi dobi mozocen udar i e vo bolnicaa vekje 7 nedeli, kriticna sostojba, i vekje mackata bidejki ja nema majka mi nekje da jade nisto. Ne znam dali i voda pie bidejki ne sum doma po cel den da vidam. Nikakvo jadenje nekje, ni od naj skapoto ni od evtinoto ni nikakvo. Se krie samo po skafovite i oslabnala vekje. Ja gleda vratata i ja ceka majka mi. Gleda taka 5 minuti i se vrne vo skafot :( .... mene srce mi se kine oti se plasam deka jas kje ja izgubam majka mi pak i koga go gledam ova so mackata umiram od maka. Sam ziveam tuka vo sofija ziveev so majka mi sega sum sam i ova so mackata epten me deprimira.Drugata macka e po mala, na 2 godini e ali e mnogu po vesela no i ona me depremira koga gledam kako sede pred vratata i mjauka i ja bara majka mi nasekade ... vide ne vide i si dojde kaj mene ama barem apnuva. Onaa drugata e vo mnogu losa sostojba. Secudam uopste da ja nosam li na veterinar oti sto kje napravi, kje i dava apcinja samo. se cudam dali d ja ostavam da si umre od maka oti stvarno ne znam ni so majka mi sto kje se dese :( zivotot mi se eba do koren..... majka mi dise na aparati, svestna e. Se si mislam akoo uspee daj boze da se spase i da izleze odreanimacija, togas ako razbere deka mackata umrela od taga po nea togas me e strav kako kje go ponese toa emotivno .... u picku mater zivotov sto mi prireduva. Sega se gotvam da begam od stanov kaj sto sum pod kirija oti nemam pari da plakjam site pari mi trebaat za mama a mackive ne mozam da gi nosam u kustendil kade sto e majka mi u bolnica i sega treba da se udam na koj da gi dadam da mi gi gledaat dodeka se oprave majka mi. Lele lele samo jas si znam sto mi e u glava, ni prijateli imam tuka ni nikoj ...... tatko mi u holandija sestra mi u germanija ...... mi se eba psihata, a i ova so mackata epten. Bas sega ja gledav, tezese nakaj 7/8 kila sega gledam edvaj ode :( .. ne e jadena vekje nedela i povekje ........ :( .... katastrofa mi e zivotov u momentov.
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
763
Поени од реакции
786
Jas mislam da ja nosish na veterinar... Edinstvena nadezh ti e, bar kje se obidat da ja izlechat. Vaka samo povekje se vloshuva sostojbata na machkata, a tamu, ako treba kje i dadat lekovi za da se opravi.
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
За сите што тврдите дека кучето се приврзувало за вашата душа или шо ти ја знам: http://www.dailymail.co.uk/news/article-2420793/Dogs-loyal-ANYTHING-feeds-Scientists-bond-robots.html

Како и да е, кучињата почнале да ги припитомуваат пред повеќе од 32,000 години, мачките помалку од 9,500. Друга работа е што кучињата живеат во глутници, додека мачките претежно сами преживуваат, со некои исклучоци (пример лавови). Самото тоа укажува дека кучето се чувствува инфериорно во однос на својот сопственик и единствената цел му е да му ги исполни желбите на алфата (сопственикот во случајов), што е и воедно причина зошто куче ќе те трпи и да го тормозиш, да го малтретираш и да го шуткаш.

Мачка од друга страна, won't deal with your shit. :) Независни се и ако ти не ја почитуваш, ни она нема да те почитува тебе. Се приврзува за еден човек, за разлика од куче што лиже гз на секој што ќе му даде храна и ќе го погали. Доколку куче кое е домашно чувано биде оставено на улица голема е веројатноста дека нема да преживее. Мачка остави ја и во Сахара нема гајле.

Од аспект на хигиена нема дискусија, мачките се најчистите створења на планетава, не за џабе саати од денот поминуваат лижејќи и чистејќи се, и нормално, вршат нужда само на место кое е предодредено за тоа, за разлика од куче што нема многу да му ја мисли и ќе си какне на тепих. ( а можда и ќе си го изеде од после) :) Околу копањето во контењери... кучињата не се ни способни како прво да влезат во контејнерот :pos: сте се излажале ако мислите дека ако беа способни немаше да пливаат низ ѓубрето во потрага по храна, како и секое друго гладно животно.

На кратко, да чуваш мачка ти е како да имаш саркастичен пријател кој те почитува колку ти што го почитуваш. Да чуваш куче е исто како да чуваш 2 годишно дете на кое мора да му мењаш пелени и да го шеткаш со количка.

На крај се сведува се на карактер... некои луѓе повеќе сакаат суштество кое ќе им се покори, ќе ги исполнува сите нивни желби и ќе биде нивни роб. Јас повеќе почитувам независни суштества кои се способни да се грижат за себеси во секое време на секое место и не трпат малтретирање. :)
 
M

Moon Child

Гостин
Мачката е таква каква што ќе ја воспиташ.
Ако ти не му покажуваш љубов, не го галиш и не му се восхитуваш, се однесуваш како да не постои, само му даваш храна и тоа е тоа, нормално дека нема да покаже љубов спрема тебе.

Јас никогаш нема да заборавам кога мојот мачор ме немаше 4 месеци видено никако, и кога си дојдов дома, викнав само од врата по него, сестра ми вика неможам да ти опишам колку возбудено скокна кога ти го слушна гласот, и право во прегратки кај мене скокна.
Потоа го оставив и повторно заминав, 3 дена спиел во собата каде што спиев јас, и несакал ни да јаде ни да излегува од таму.
Една година помина како ме немаше видено потоа, нормално кога ме виде не беше толку среќен, можеби се чувствувал изиграно затоа што го оставив, потоа го зедов со себе во друга држава и веднаш се привикна кога сфати дека тоа сум јас.
Кога ќе внесам нешто дома, било какви ќеси нешто ако сум купила, обавезно прво душнува да провери што е тоа, и кој и да дојде кај мене дома иде да го надушка да го запознае.

А еве сега каде живеам, во дворот имаат златен ретривер. Преубав е, нема што. Но смрди откорнува на куче во радиус од 20метри. Џабе е, колку и да го одржуваш си смрди и готово. Плус серат кај ќе им се присака.
Јас мојот мачор по 8 часа го оставам сам дома и одам на работа, кога ќе се вратам се е на свое место, идел во своето ВЦ не ми унередеувал насекаде, и обавезно кога ќе чуе дека некој доаѓа и отклучува, доаѓа на врата и гребе додека не се отвори.
Мачешка верзија на кучешкото скокање и радување.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.238
Поени од реакции
16.284
Дома досега сме чувале две, и заеднички впечаток и за двете е дека се генерално ок со сите во домот, ама најприврзани со една личност.Посебно ако се прибрани од надвор и(ли) биле рано одделени од мајката.
Поштовам дека се независни, тешко стекнуваш доверба кај нив, ама стигнувањето до ова ниво е после цел систем од пратење по соби, мјаукање и гребење пред врата од ВЦ дури се тушираш или друго, спиење на креветот на ‘газдата‘ дури е отсутен од дома (членот на семејството кон кого мачката е најприврзана), kneading (не знам како да го преведам, газење? :)) будење насабајле и еуфорија после враќање дома.
Добро кажано поназад, ако ја третираш со казни, ќе добиеш и непогоден карактер, ако ја третираш буквално како личност ќе добиеш маскота во куќата.
За разлика од кучињата, сами учат работи - моментално уште од првиот ден снаоѓање во просторот и стекнување навики (кутија со песок, храна, вода) и слично (кај смеат и не смеат да седат, да се качат, да чепнат).Колку е добро нивното брзо учење, од друга страна толку е и проблем - сами учат отворање/затворање врати и прозорци и да уклучат струја во некоја соба.Па џабе ти си затворал врати ако се сами дома.24/7 скенирање на теренот ако се сами (ама ретко да нешто не е на свое место) и скенирање на фамилијата, работиш на компјутер, мачката е седната на некој стол или на некое повисоко место и секогаш е ‘во тек‘.
Некој поназад напишал дека би го познал расположението или барањата на кучето според начинот на лаење.Па и овде не е поинаку, ако не говорат не е невозможно да комуницираме, плус говор на тело, ушите, опашката.
 
Последно уредено:
На врв Bottom