Каква е емотивната приврзаност на мачките со своите сопственици?

M

Moon Child

Гостин
Точно мачките сакаат да им докажеш дека ги сакаш и им се восхитуваш. Нема да ти даде љубов додека ти не и дадеш љубов. Јас на мојот мачор му зборувам, со восхит, и со љубов му се обраќам и он знае, тогаш доаѓа кај мене, и почнува да ме масира и преде.
Несака да се гали со никој кој не го познава. Претпазлив е со сите луѓе што ми доаѓаат во гости, држи дистанца, или едноставно си оди во другата соба и таму си лежи додека луѓето не си отидат. Несака да си игра со секој.
Се знае таа привилегија само јас и маж ми ја имаме.
Преку денот е цело време со мене во дневна спие на двоседот до мене залепен. А навечер кога јас си одам во спална да спијам, доаѓа и спие до мене. Кога ќе види наутро дека сум се разбудила, доаѓа да ме душка на лицето и преде.
Потоа денот може да започне.
Јас одам во Вц, он доаѓа со мене. Јас се туширам, он седи и чека кога ќе излезам излегува и тој. Јас готвам он е до мене.
Инаку го чувам строго дома, надвор излегува само во мое присуство и не се одделува повеќе од метар ипол, плус е и кастриран, така што воопшто нема потреба за надвор.
Маж ми замина на пат, и месецов сме сами јас и мачорот. Првите денови кога сфати дека сме сами, секоја вечер одеше да гребе на надворната врата и да мјаука, шеташе ко избезумен. Јас сум убедена дека го бараше него. затоа што храна секогаш има и вода, ВЦ чисто, он нема дрруги потреби.
Многу ме интересира какво ќе му биде однесувањето кога ќе го види за едно 10 дена, баш ќе споделам.
 
На врв Bottom