Каква е емотивната приврзаност на мачките со своите сопственици?

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.298
Поени од реакции
8.800
Зависи и од карактерот на кучето/ мачката.. Чувам и сум чувал и многу кучиња и мачиња, според мене и не може баш да се прави споредба помеѓу кучето и мачката затоа што како прво сите кучиња не се исти и кучињата од сите раси се разликуваат помеѓу себе, имаат различни карактеристики, сепак мачката и кучето се две различни животни, без разлика што се најчести домашни миленици..Некој кажа погоре дека поврзаноста на миленикот со газдата влијае и фактот дека мчката не е постојано во домот како кучето што најчесто е заградено во бокс или пак шета само низ дворот..Многумина чуваат мачки чисто од досада, ги хранат еднаш во денот, не им посветуваат внимание, а сакаат да бидат приврзани со нив..Ако се грижите за нив, како што треба не може некој да ме убеди дека мачките се злобни, од интерес, само колку да ги нахраниш :eek: не се сголасувам. За видеово погоре од каде да знаеме дека мчката не е собрана од улица? Можеби е некоја гладна мачка која бара некое сигурно место, каде што ќе се вдоми. Јас сите мачки што сум ги чувал и што ги чувам се соберени од улица, да факт е дека мачките си ја имаат таа карактеристика, ќе им дадеш нешто малку да јадат и ќе останат кај тебе, лесно е и од улица да ја собереш, што е нормално да гледа поубаво да се снајде (да се вдоми). Но, според мене се е до газдата како тој ќе се постави кон кучето/мачката, има многу примери каде што и помирните раси на кучиња знаат да бидат ѕверови и да немаат почит кон газдата, но и дека оние поагресивни раси на кучиња се одлични миленици. Еве мој пример конкретно за мачките, дека се е до тоа како вие ќе се поставите кон нив (но, има врска и карактерот на мачката, скеоја мачка не е иста). Јас кога бев дете, дете како дете, не знаев многу за нив што сакаат, како најдобро да се грижам за нив, не се посветував на нив како што тоа го правам сега..Моите чуваа една мачка, мачката си имаше слобода не беше како куче врзана, моите ќе ја најадеа убаво, она ќе си излезеше, не сакаше многу да си игра, не сакаше многу да се гали, таква и си беше, најади си шетај си.. :) Тоа беше единствената мачка која така се однесуваше, сега чувам многу мачиња, во глобала ги чувам внатре, редовно убаво ги хранам, си играм со нив, и заедно си играат, ги галам и тие постојано сакаат да се стуткаат кај мене, сакаат и во скут да седат, многу пати сум ги оставил и сами во гаражата каде шо има гранули никогаш не земале сами, без јас да им дадам, често влегувале и во кујна, немало никој не пипнале од храната, од други луѓе не јадат, некогаш мјаукаат, имаат храна а доаѓаат и се галат..Тоа дека не биле добри пријатели за мали деца не е точно, мојот мачор едно мало дете го има фатено за опаш и кренато во вис малку, мачоров не реагираше, барем моите мачки имаат осет спрема мали деца. Е сега мачките како мачки малку се и непредвидливи, може да играш со нив, а некои пак и ги гњават буквално, па може одеднаш и да те изгребе, ама сепак мачките се 2-3 кг, животно е, ни јас не би трпел некој да ме гњави пола саат..Еден мачор што имам, (имам ставено и слика од него во темата Кајгана миленичиња) посотјано иде по мене, пред некој ден излегов во маало, шеташе со мене 20 минути хаха :) си бара друштво и внимание, сака да седи до тебе, сака да го галиш, да си играш со него, не секогаш бара храна, ако мислите дека е само од интерес, тоа е затоа што вие така сте го научиле или пак мачката како мачка е таква, секакви ги има :) како што и сите кучиња не се исти. Да повторам чувам и кучиња да не излезе дека само мачките ги бранам :P секое животно си е посебно безвезе е да правиме споредби :) сите животни се супер (y) :D
 
S

Sagan

Гостин
И кучињата и мачките и другите животинчиња можат да ни бидат миленичиња и САМО миленичиња. Ние луѓето треба емотивно да се поврзуваме меѓу себе, а не тој недостакот да го супституираме со животинчиња. На запад, има гомила осамени луѓе кои ништо не преземаат во врска со својата интеракција и социјализација со други луѓе и се тешат со чување куче/маче/било_што. Немаат партнер, немаат деца, ама затоа у стан чуваат куче, прасе, мачка... Не за џабе се толку отуѓени западњаците, комшија со комшија не се познаваат ни по име.

На темата: мачките се горделиви и независни. Затоа повеќе ги сакам. Знаат да кажат кога сакаат да ги галиме, а кога да ги оставиме на раат. И бараат тоа да го почитуваме.

Од друга страна, кучињата се спремни на се`, па и на термозење, за да добијат за возврат малку внимание и храна.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.318
Поени од реакции
6.162
Мачките имаат демонски души. They creep me out. Како мал имав еден привид/полусон како лежам, окружен со еден куп мачки (нешто како Мишел Фајфер во Бетмен). Чилс ... :confused::confused:
 
Ч

Чај

Гостин
Кучињата се покорни кој газдата, а мачките не. Имаат неверојатно-преголема гордост и нивната доверба тешко се добива. Исто како со поопасните раси на кучиња, каде тие се авторитетот а вие одите по нивните желби, така нешто е со мачката. Ако се поставите како авторитет,врската ќе се сведи на хранење,повремено галење и огромна тврдоглавост и незаинтересираност од нејзина страна.Ако успеете да ги придобиете тогаш станува збор за една длабока емотивна врска.
Сепак за мене мачките се на прво место и ги сметам попаметни. Мачките ги има на секој предел од земјината топка и толку добро се снаоѓат што кучињата не би го издржале истото.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.434
Поени од реакции
7.685
Чував едно куче како мал,не беше расно џукела да не кажам. Многу го сакав и оно мене.Еден ден татко ми решил да го оттараси од дома и го стави у гепек и го пуштил 15-20 км подалеку од дома.После 3 дена кучето се врати...Уште го памтам тој момент колку беше среќно кога ме виде.Пази,било цело време у гепек на кола,нити можело да чуе ни види нешто...:(
Кучињата се незаменливи,мада има и мачки кои можат да се приврзат.Поретко,нивниот однос со сопственикот е воглавно поврзан со храната.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
2.986
Нигогаш не сум сакал мачка бидејќи е најгадното и највалкано суштество на планетава.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.298
Поени од реакции
8.800
Јаде глувци,оди по контејнери,секаде се бутка...........
И напуштените кучиња бараат храна по контејнери, што да прават, кога нема како да се снајдат, луѓе брцаат по контејнери не па мачки, бонус што кучињата и изметот си го јадат. Демек мачките се валкани а кучињата ептен се педантни... :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
2.986
И напуштените кучиња бараат храна по контејнери, што да прават, кога нема како да се снајдат, луѓе брцаат по контејнери не па мачки, бонус што кучињата и изметот си го јадат. Демек мачките се валкани а кучињата ептен се педантни... :)
Имаш мачка?Сигурен си дека кога ќе ја оставиш дома не излегува да скита по улици?
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.440
Поени од реакции
3.805
Јаде глувци,оди по контејнери,секаде се бутка...........


И?
И тебе да те брцнам во контињер и ти ќе бидеш валкан. Сама по себе, мачката е каде каде почиста од кучето.

Не пробувам да одредам кое животно е подобро за миленик, ги обожавам и двете, само изјавава дека мачките биле валкани е една од најпогрешните што ги имам чуено за нив
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
2.986
Важи и за тебе
Имаш мачка?Сигурен си дека кога ќе ја оставиш дома не излегува да скита по улици?
И?
И тебе да те брцнам во контињер и ти ќе бидеш валкан. Сама по себе, мачката е каде каде почиста од кучето.

Не пробувам да одредам кое животно е подобро за миленик, ги обожавам и двете, само изјавава дека мачките биле валкани е една од најпогрешните што ги имам чуено за нив
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
5.980
Поени од реакции
4.156
Нигогаш не сум сакал мачка бидејќи е најгадното и највалкано суштество на планетава.
ако мачка закачи гулаб со ноктите иако не го задави и некако избега - редовно гулабот умира за ден два,тоа е од нечистотиите што ги има мачката во шепите каде ги прибира ноктите......додека ако сокол/јастреб повреди гулаб раните му зараснуваат

сосема е точно дека мачките пренесуваат инфекции
 
На врв Bottom