Каква Милка чоколада се јаде во Македонија?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Само темна-црна чоколада од сега ќе купувам,од кога прочитав дека е „лек“.
Прво по маркетиве почнав ама лажат 75гр а чини 45-50 денари. Но се снајдов директно во дуќанот пред фабриката Европа 300 денари килограм. Ова е предлог и за вас.
( не,не работам во Европа )
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Food and Agriculture

Successful examples

Print Send by e-mail
« Back
Kraft Foods Bulgaria

Established: 1924
Location: Svoge
Employees: 600
Product: chocolate products and packaged coffee
  • In 1993, Kraft Foods entered the Bulgarian market after buying the chocolate factory in the town Svoge.
  • The annual production capacity in the mix of products manufactured by the Svoge factory is about 12 000 tonnes
  • Kraft Foods Bulgaria owns well-known and favourite brands such as Nova Brazilia, Jacobs, Milka, Tobleron Suchard, Svoge
  • Nova Brazilia is the undisputed leader in the Bulgarian market for packaged coffee. Every second packet of coffee sold in Bulgaria is Nova Brazilia
  • Approximately 25 % of Kraft Foods Svoge products are intended for export, the main destinations being Romania, the former Yugoslav republics, Turkey, and North America

Ете од кај ни стигала Милката... од Своге, Бугарија :)

Еве од кога произведуваат чоколадите

И еве нешто околу името и зашто кај нас на поголемиот дел од Милките го има знакот „Mondelez" од задната страна.
Монделијз" е новото име на "Крафт фуудс Б'лгарија


Мислам дека заслужуваме да знаеме што и од кај ни продаваат под знакот на овој бренд. Ете и повеќето ја имаат приметено разликата во чоколадите Милка од странство, истото и ја во неколку наврати сум се уверил со милка од некои од западните земји.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Милка не е тоа што некако беше. Тоа порано беше вистинско чоколадо. Од ова сега киселини ме фаќаат.

Сега за сега Дорината и Животинскито царство чоколатцата ми се најубави :)
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Белата милка, Milka bubbly и тоа од 80гр се катастофа.
Орео, јагода и Milkinis сеуште имаат убав вкус.
Пионир со лешници е многу поубаво од Милка а и е поефтино.
Oвие ги има ли кај нас?
1604622_3900904058872_364129598_n.jpg
 
Член од
26 ноември 2013
Мислења
153
Поени од реакции
181
Порано беше многу убава милката, особено бела, и со јагода. Ама веќе одамна не е тоа што беше, никогаш не сум се заинтересирал да ја барам причината поради која Милка стана чудна на вкус, и го изгуби својот шмек, ама сеа ми е јасно.
Ја не помнам кога последен пaт имам купено Милка, било каква, навистина не памтам.
Преферирам Дорина ледена, или оние од Кам Маркер, Алпико, многу убави чоколади се, швајцарски.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.792
Поени од реакции
33.603
Имаше една Limited edition промоција: Milka Earth (со карамелизирани лешници), Milka Water (со лубеница) и Milka Fire (со чили). Оваа третата ќе остане запаметена како најубавата Милка што сум ја пробал некогаш и една од најубавите чоколади воопшто. Штета што кратко траеше таа промоција.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Сега со законот за добивка, ако се кладам во Милка треба 10% од чоколадото да дадам во УЈП?

Шала на страна, за тие пари има српски и македонски чоколади со далеку поубав вкус. Може да ви докажам со илјада примери дека тоа што јадете или купувате Милка пред некој друг домашен производ е само ради тоа што е од "реномиран бренд". Ништо посебно, ништо специјално... Боље Синтагма Винаминка или Табла блок, ама тоа е. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Да бе, табла блок било боље... Супер си е Милката ама тоа што кај нас се носи шундот од цела Европа е друга работа. Не само за Милка, ми донесоа крема Нивеа од Италија, во споредба со истава што ја имам земено е три класи над неа. Оваа што ја земав откај нас, од аптека е вода.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
^^^ Зборев за таа што се наоѓа на нашиов пазар, таа од ЕУ не сум ја ни јадел. И сигурно дека не очекувате на нашиот пазар да имаме ист квалитет како оној со Западна Европа, кога ни стандардот не ни е ист.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Како голем фан на чоколади од сите видови и брендови сметам дека треба нешто да кажам за драстичниот пад на квалитет и вкус на Милката која се продава кај нас во последниов период.

Во последниве три-четири години освен што се намали големината на Милката (обичната, noisette и со лешници) цената некако падна и доаѓаме до ситуација да се продава за некои 40 ден.
Секако за тоа има и логично објаснување кое го приметив и проверив во последниов период.

Вкусот на тие Милки многу опадна и истите го изгубија спечифичниот Милка вкус кој го имаа, и станаа обични шеќерни табли.

Доколку погледнете од задниот дел на чоколадата под превитканата фолија ќе забележите дека пишува „Произведено од Бугарија“. Да, во последниот период не се расипа Милката сама од себе туку почнаа да ни продаваат Милка наменета за нас европјаните од втор ред.

Освен за тие Милки (млечната, noisette, лешници) има уште неколку видови кои се бугарско производство. Тие се забележуваат со тоа што од задната страна го има знакот „MONDELEZ"(инаку сопственик на брендот Милка) и декларацијата за Македонија веќе е испечатена на Милката а не залепена. На дел од нив е наведено Произведено во Бугарија додека на неколку други Милки имаат исто така веќе испечатено нашата декларација (заедно со српската, бугарската, албанската) и го имаат знакот на „MONDELEZ“ на задниот дел им е наведено „Произведено во Германија“ (најверојатно исто во Бугарија само го спакувале во Германија).

Од многуте видови милка што ги проверив налетав само на една Милка со странска декларација Германска, Австриска и Швајцарска мислам, и наша залепена дополнително, а од задниот дел стои амблемче наведено „Craft foods“ (компанија под Mondelez), тоа беше само Милка Oreo. Сите други Милки беа различни. Мислам дека имаше само уште една „Milkinis" со амблемчето Craft foods али со балкански декларации веќе испечатени.

Според тоа што го разбрав милките со назнака Mondelez се наменети за нашиот пазар за сиромасите каде што све може да им пикнеш, додека под Craft foods и нивните погони се произведува Милката што некогаш ние ја јадевме а се конзумира во западните земји.

Доколку има некој да додаде некоја информација околу ова би било супер. Ја сакав само да ве запознаам со тоа што се случува и што ни продаваат под брендот Милка како и тоа каква селекција на квалитет и продажба се прави од овој бренд (исто и од неколку други). За истото можете слободно да се уверите со проверка на чоколадите.
Исто и јас како фан на чоколади ќе го искажам моето разочарување.Едно време сакав да отворам ваква тема,но ајде денес,ај утре и така остана.Потполно ќе се сложам со тебе.Милките се катастрофа.

Цената па и не е намалена како што мислиш.Таа што е 40денари е 80 грама,за разлика од поранешните 100грама.Сега мислам дека веќе и 100 грамски нема на пазарот туку само 80-85 и 125гр(за 100гр не сум сигурен точно)

Нема врска тоа што се прави во Бугарија!И претходно кога не беше од таму си беше катастрофа.Милката е веќе едно добри 3-4 години лоша.

Жалосно е ова што се случува,но луѓе за дупка како нас подобро и не може да биде.:(
Како и за многу работи плаќаме најскапо за она што го добиваме.Абе оние светиниколските што се по 20 денари се поубави упм.

Како голем фан на милка просто сум разочаран.Noisete и мене ми беше избор број еден.СЕ сеќавам порано кога одев во школо и другарите за време на ужинка кога купуваа бурек за 50 денари јас ќе претрчав до маркет и ќе купев милка.Тоа ми беше единствено што јадев до 1 саат.:P
Инаку она што имам лично искусено е дека милките периодично ги расипаа.Прво таа 100грамската,па кога неа ја расипаа се префрлив на 300 грамската,за по некое време и од неа да се комплетно разочарам.

Пак ќе кажам не ми смета тоа што е правена во Бугарија.Тоа е барем една вистина која ја пишува на етикетата.

Интересно е тоа што едно време ако сте приметиле пишуваше

Произведено на пример во Бугарија,а увезено од Австрија. преку Хрватска

Си реков овде не штима нешто!
Како може некој да ја произведе милката во Бугарија па истата да ја носи во Австрија и на крај да ја увезе преку Хрватска.Нема логика нели :cautious::cautious:

Истите трикови ги имаше и на нестле оние киткат едно време.Увезено од Хрватска.Која им е целта навистина незнам.


Факт е дека го имаме најголемото ѓубре од храна ние во Македонија.Многупати се случува да влезам во голем маркет во Скопје и да не можам ама ништо да изберам,бидејќи знам дека се е ѓубре и на речиси се има мучки.Ниту милката е милка,ниту нестлето нестле ништо.

Незнам само како некој не реагира,ама веројатно или увозниците ни се блиски до владата или пак толку нашите институции се кадарни да ги проверуваат работите.Факт е дека контролата е на многу ниско ниво,па ние купувачите мораме да бидеме тие кои ќе бидат претпазливи и да се обидеме да најдеме дупки во декларации,состав на производот итн.

Имаше и емисија на КОд за пилиња од Словенија(веројатно се мислело на производителот Перутнина Птуј)и манипулација со етикетите и рокот на траење
Замислете за нецел ден,според етикетата тоа пиле било заколено во Словенија,па било утоварано,поминало и граница и царина па дури дошло и до маркет и тоа за речиси нецел ден.

Нека ја пронајде некој емисијата КОД со Снежана Лупевска и нека ја постира овде.

За крај морам да те пофалам за отварањето на оваа тема и целосно те поджувам во истата.


Се надевам дека пак ќе имаме милки,па и избор од други чоколади како на времето.

Инаку сега моментално си нарачувам од Италија или Словенија,а понекогаш братучетка ми доаѓа и од Германија па носи по една-две!Али у пм одамна ја нема да дојде наваму!:mad:За вкусот и квалитетот нема да дискутирам.:facepalm:Верувам дека има тука луѓе кои пробале од надвор,па знаат за што зборувам.

Moj совет е луѓе да престанеме тотално да купуваме милки(јас веќе одамна престанав) воопшто од тука.Ама ниту еден нивни производ.ОД чоколадо до Ресана.Нека им стои робата и кога ќе видат дека ништо нема да им се продаде и истата ќе се расипе ќе донесат роба како што треба или пак ќе ги снема скрос.Но треба да си признаеме и дека многу сељаци дојдоа во Скопје,но и луѓе кои не се разбираат па и :гомце: да има во амбалажата ќе ја изедат бидејќи не разбираат.Битно е дека пишува Милка и најбитно дека е 50 денари(скупа била) па мора да е квалитетна за парите:tapp: Нив се им е исто.

Не се согласувам дека сме евтина земја и дека поради тоа ни бутаат вакви :гомце:-на.

Погледнете само еден штанд во голем маркет и ќе го видите асортиманот и количината на производите Милка.Ако сме со слаб стандарт ќе има по 10 милки,а не вака цел отпад на рафт.
Ништо само некупување.Кога ќе скапе ѓубрето ќе се свестат овие увознициве.

Инаку предлагам да се направи една тема за општо сите производители.
И за краш имаме многу да зборуваме.

Па брат ако можеш отвори и една посебна тема каде ќе разговараме за општо сите производители кои си играат мајтап со нас.
 
Член од
16 август 2009
Мислења
2.212
Поени од реакции
1.711
Скоро сите видови се со опаднат квалитет веќе неколку години. Не ги сметам за нешто посебно и едноставно си купувам друг вид на чоколади. Ова е единственото од Милка шо сеуште го конзумирам:

 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143
Само темна-црна чоколада од сега ќе купувам,од кога прочитав дека е „лек“.
Прво по маркетиве почнав ама лажат 75гр а чини 45-50 денари. Но се снајдов директно во дуќанот пред фабриката Европа 300 денари килограм. Ова е предлог и за вас.
( не,не работам во Европа )
Kaj se naogja fabrikata?
 

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Слично е и со Сникерсот.
Тука има некако блед вкус, тврдо чоколадо , делува отстојано.

Во Малта коа купував , во устата се топеше чоколадото.
Кај Милката не приметив некоја разлика, ама Марс и Сникерс имаа голема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom