Каква Милка чоколада се јаде во Македонија?

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.196
Поени од реакции
35.745
Како голем фан на чоколади од сите видови и брендови сметам дека треба нешто да кажам за драстичниот пад на квалитет и вкус на Милката која се продава кај нас во последниов период.

Во последниве три-четири години освен што се намали големината на Милката (обичната, noisette и со лешници) цената некако падна и доаѓаме до ситуација да се продава за некои 40 ден.
Секако за тоа има и логично објаснување кое го приметив и проверив во последниов период.

Вкусот на тие Милки многу опадна и истите го изгубија спечифичниот Милка вкус кој го имаа, и станаа обични шеќерни табли.

Доколку погледнете од задниот дел на чоколадата под превитканата фолија ќе забележите дека пишува „Произведено од Бугарија“. Да, во последниот период не се расипа Милката сама од себе туку почнаа да ни продаваат Милка наменета за нас европјаните од втор ред.

Освен за тие Милки (млечната, noisette, лешници) има уште неколку видови кои се бугарско производство. Тие се забележуваат со тоа што од задната страна го има знакот „MONDELEZ"(инаку сопственик на брендот Милка) и декларацијата за Македонија веќе е испечатена на Милката а не залепена. На дел од нив е наведено Произведено во Бугарија додека на неколку други Милки имаат исто така веќе испечатено нашата декларација (заедно со српската, бугарската, албанската) и го имаат знакот на „MONDELEZ“ на задниот дел им е наведено „Произведено во Германија“ (најверојатно исто во Бугарија само го спакувале во Германија).

Од многуте видови милка што ги проверив налетав само на една Милка со странска декларација Германска, Австриска и Швајцарска мислам, и наша залепена дополнително, а од задниот дел стои амблемче наведено „Craft foods“ (компанија под Mondelez), тоа беше само Милка Oreo. Сите други Милки беа различни. Мислам дека имаше само уште една „Milkinis" со амблемчето Craft foods али со балкански декларации веќе испечатени.

Според тоа што го разбрав милките со назнака Mondelez се наменети за нашиот пазар за сиромасите каде што све може да им пикнеш, додека под Craft foods и нивните погони се произведува Милката што некогаш ние ја јадевме а се конзумира во западните земји.

Доколку има некој да додаде некоја информација околу ова би било супер. Ја сакав само да ве запознаам со тоа што се случува и што ни продаваат под брендот Милка како и тоа каква селекција на квалитет и продажба се прави од овој бренд (исто и од неколку други). За истото можете слободно да се уверите со проверка на чоколадите.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
472
Поени од реакции
292
Се изгуби вкусот на Милката уште од кога го тргнаа златцето :)
Ова најлонското пакување ич не ми се допаѓа...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
не бев некој на милки, јадев чат пат, ама од пред некое време кога ја пробав орео, не ја мењам за друга :D
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Кратко и јасно ... Милка од 40 ден. од Кам маркет кога прегледот на крвта ке ми покаже намален шеќер
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Баш пред некој ден си пукав од роденденските чоколади и сфатив дека милка не е тоа шо беше. Ко шеќер да јадев - а не чоколадо.
Најубав вкус (арома) ми имаат оние на соко штарк - најлепше жеље - со бисквита. Мммммммммммм/
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Толку купуваш милка изгледа па не знаеш дека има уште од 100 грама и е 62 не 43 денари.
 
Член од
14 февруари 2014
Мислења
181
Поени од реакции
155
Толку купуваш милка изгледа па не знаеш дека има уште од 100 грама и е 62 не 43 денари.
И тоа што викаш .... ова ми е од последно сеќавање и мислам и дека беше и помалку грамажата.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.196
Поени од реакции
35.745
Толку купуваш милка изгледа па не знаеш дека има уште од 100 грама и е 62 не 43 денари.

Нема млечна, noisette и лешници од 100 грама веќе три години. Ги има од 80 грама и сега поново ги има од 125 грама за 60 ден.

Од 100 грама се тие со полнење. На пример Орео е 62 ден, 100 грама.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Нема млечна, noisette и лешници од 100 грама веќе три години. Ги има од 80 грама и сега поново ги има од 125 грама за 60 ден.

Од 100 грама се тие со полнење. На пример Орео е 62 ден, 100 грама.
Денеска купував на внуцуите,незнам дали беа со цели лешници или кршени ама знам дека беа 100 грамски:)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.196
Поени од реакции
35.745
Денеска купував на внуцуите,незнам дали беа со цели лешници или кршени ама знам дека беа 100 грамски:)

Можно е, повеќе видови ги има. Оваа со лешници (кршени мислам) со зелено на неа беше, таа е од 80 гр.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Не јадам многу чоколади ама оваа нашава милка си нема врска со милката што се продава во западна европа, конкретно ми донесоа милка чоколади од Швајцарија и одма се гледа разлика во квалитетот. А кај нас кога јадам чоколада само Schogetten купувам некако најубави ми се, посебно онаа зелената со лешници
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.677
Ако примеќате и синтагмата е витаминка падна на 38 ден или така нешто:) У поглед цена квалитет е подобра каде каде од милка. Криво ми е што има два вкуса само, млечна и од лешник.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Баш денес отворив една од Германија донесена. Разликата не да е видилива/вкуслива - АПЛА!

Оваа е со цели лешници, шо заедно со Ноисете ми е омилена. Ама во последно време купувам само Ноисете пошто оваа кај нас ја уништија, особено лешниците трујат на скапани и секој трет има лушпи.

Денеска јадам од германскава, значи немаше еден лешник со лушпа или па некој да има лош вкус, а и чоколадото е со добриот препознатлив вкус.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Ми донесуваат Милка од Италија и стварно е Милка а не како тука. Пред два дена земав Орео бела и беше 46денари, не личеше на Милка и го немаше тој вкус, правевме муабет баш за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom