@Let 3
Ние не планираме Македонија во стаклено ѕвоно да ја ставиме и да се изолираме од светот.
Додека постои ЕУ, може трговски договори да си имаме, зошто да не, а може посебно со ГБ, па здравје и Франција, па и останатите држави што ќе излезат.
Она што ЕУ сака да го направи е: или си со нас или си против нас, т.е. ако не играш по наше - ќе ве уништиме.
Знаете ли кои грдни пари ги има фрлено Западот по 2001 за пропаганда, дека ЕУ и Америка се единствените, дека еден е патот, дека нема алтернатива за МК.
Е не е баш така.
Светот не е ЕУ.
Прва и основна работа што МК треба да ја направи е да ги откачи евро-фондовите, да престане да биде зависна од нив.
Тоа ќе повлече низа позитивни КРУПНИ реформи што требаше во старт да ги направиме, како на пример - оптимизација на администрацијата, зголемување на ефикасноста на работниците, реформи во образованието, судството, армијата, итн.(видете го Израел на пример)
ЕУ не ги дава тие фондови затоа што многу се грижи за народот или за одредената земја - ја заболе.
Еу ги дава фондовите за да ги корумпира земјите, и не само тоа, туку и да се навлечеш на нив, како што џанак е навлечен на хероин.
Ако џанакот престане да биде послушен, се што треба да направиш е да му ја секнеш дозата.
Значи, ние моментално сме земја-наркоман, како и сите останати од соседството, и знаејки го ова, прво нешто што треба да направиме е да се откажеме од дрогата.
Нема да биде лесно, ќе има кризирање, ќе има тресење, крв и солзи, но кога сето тоа ќе заврши, Македонија ќе излезе посилна од било кога.