Каде ја гледате Македонија во меѓународната политика?

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Јован Чорбе, 27 мај 2015.

  1. WeAreWhoWeAre

    WeAreWhoWeAre Mia san mia

    Член од:
    12 јули 2015
    Мислења:
    240
    Допаѓања:
    508
    Ептен си ја преценуваш државата ко ние да сме некој битен фактор. Убаво ти пиша лет 3 да не го цитирам, 25 години систематски вмро и сдсм ја уништуваат државата и сега едните продаваат лажен патриотизам а другите некој си либерализам. Ако не влеземе во некој сојуз ЕУ/НАТО имаш 4 соседи што одвај чекаат да земат некој дел. Самите не сме способни да се одбраниме, ниту пак веќе на никој не му се гине за да може да дојде нов Грујо/Бранко за да не ебе во здрав мозок. Имавме време да се осамостоиме во права смисла на зборот и нешто да направиме од земјава ама ние тоа време го прокоцкавме заедно со ресурсите. Така да радувај се ти на распад на ЕУ или на некој си референдум за влез во ЕУ(ко некој да сака ваков народ и ние и шпоновите да му влегува слободно во земјата).
     
  2. VOLK2234

    VOLK2234 еврофоб и хомоскептик

    Член од:
    16 септември 2008
    Мислења:
    4.554
    Допаѓања:
    3.381
    @Let 3
    Ние не планираме Македонија во стаклено ѕвоно да ја ставиме и да се изолираме од светот.
    Додека постои ЕУ, може трговски договори да си имаме, зошто да не, а може посебно со ГБ, па здравје и Франција, па и останатите држави што ќе излезат.
    Она што ЕУ сака да го направи е: или си со нас или си против нас, т.е. ако не играш по наше - ќе ве уништиме.
    Знаете ли кои грдни пари ги има фрлено Западот по 2001 за пропаганда, дека ЕУ и Америка се единствените, дека еден е патот, дека нема алтернатива за МК.
    Е не е баш така.
    Светот не е ЕУ.

    Прва и основна работа што МК треба да ја направи е да ги откачи евро-фондовите, да престане да биде зависна од нив.
    Тоа ќе повлече низа позитивни КРУПНИ реформи што требаше во старт да ги направиме, како на пример - оптимизација на администрацијата, зголемување на ефикасноста на работниците, реформи во образованието, судството, армијата, итн.(видете го Израел на пример)

    ЕУ не ги дава тие фондови затоа што многу се грижи за народот или за одредената земја - ја заболе.
    Еу ги дава фондовите за да ги корумпира земјите, и не само тоа, туку и да се навлечеш на нив, како што џанак е навлечен на хероин.
    Ако џанакот престане да биде послушен, се што треба да направиш е да му ја секнеш дозата.
    Значи, ние моментално сме земја-наркоман, како и сите останати од соседството, и знаејки го ова, прво нешто што треба да направиме е да се откажеме од дрогата.
    Нема да биде лесно, ќе има кризирање, ќе има тресење, крв и солзи, но кога сето тоа ќе заврши, Македонија ќе излезе посилна од било кога.
     
    На Hulse и Pina им се допаѓа ова.
  3. Ne_sum_ja

    Ne_sum_ja

    Член од:
    8 мај 2013
    Мислења:
    5.301
    Допаѓања:
    11.373
    Да ни ги повлечеа еу фондовите за патишта уште пред 10 години сега автопатот Скопје - Демир Капија ќе личеше на селскиот пат до село Ропотово.
    Целиот пат е реконструиран во најголем дел со ЕУ фондови и сега Демир Капија - Смоквица исто со голем дел од тие фондови се прави.

    ЕУ финансираше обнова на 30 години стари патишта дури нашите си играа "насади споменик во Скопје и лапни париче".

    А ИПА Фондовите за земјоделство и онака во најголем дел завршуваа во џебовите на селски партиски битанги а не таму кај што треба. Ако идеа таму кај што треба сега ќе имавме словенечко земјоделство.

    Ама ајде, има надеж, Јанко Бачев ќе не оправи.
     
    На Skorp, Ставрогин и Bateman им се допаѓа ова.
  4. WeAreWhoWeAre

    WeAreWhoWeAre Mia san mia

    Член од:
    12 јули 2015
    Мислења:
    240
    Допаѓања:
    508
    @VOLK2234 И кој ќе ги спроведе тие реформи ? Овие на власт 10 години баш прават обратно од тие реформи тоест ги поебаа сите твои наведени работи каде треба реформи, а ти си против дечките што организираат протести за затварање на баграта криминалци од претходната реченица. Заев ми делува неспособен значи ни останува кој ?
    Ти како десноориентиран кој ќе ги предложиш? Јанко факинг Бачев или Тодор Петров?
     
  5. VOLK2234

    VOLK2234 еврофоб и хомоскептик

    Член од:
    16 септември 2008
    Мислења:
    4.554
    Допаѓања:
    3.381
    Се мислев за Шехтански, али ипак :)

    Инаку да. ВМРО практично е шминкерска и про-ЕУ/НАТО партија, кои проблемите ги замрзнуваат и ги ставаат под тепих.
    А зошто сум против дечките кои организираат протести?
    Затоа што за жал, тие протести се киднапирани од страна на некои кои имаат свои интереси и замисли за Македонија.
     
  6. Let 3

    Let 3 The Nipple Erector

    Член од:
    13 јули 2008
    Мислења:
    30.919
    Допаѓања:
    31.151
    очите ми се насолзија од овој трогателен текст....
    скоро ништо од горенведеното реално не може да се изведе
    толку е наивно плитко нереално утописки напишано да дури изгледа и симпатично.

    Едноставно немам срце да ти одговворам и ти ги уривам сништата....
     
    На Avenger99, Mister No и gade им се допаѓа ова.
  7. VOLK2234

    VOLK2234 еврофоб и хомоскептик

    Член од:
    16 септември 2008
    Мислења:
    4.554
    Допаѓања:
    3.381
    Исто како што за Велика Британија беше, цитирам:
    да излезе од ЕУ :)
     
  8. Let 3

    Let 3 The Nipple Erector

    Член од:
    13 јули 2008
    Мислења:
    30.919
    Допаѓања:
    31.151
    А шо има врско Британија со Македонија во однос на ЕУ???
    самата ЕУ има можност некоја земја да ја напушти. Значи предвидено е и такво нешто
    е сега дај некоја подлабока анализа и споредба на Британија надвор од ЕУ и Македонија надвор од ЕУ?
     
  9. silmarillion

    silmarillion Merchant @ Prancing Pony

    Член од:
    28 јуни 2015
    Мислења:
    4.860
    Допаѓања:
    8.457
    Оптимизација на администрација. За ова у затвор се иде.
     
  10. mar30

    mar30

    Член од:
    30 март 2010
    Мислења:
    513
    Допаѓања:
    266
    Во мегународна политика Македонија нема апсолутно никаква политичка или воена мок,дно во европа и балкан.
     
    На Igorcemk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lazar31

    lazar31

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    1.361
    Допаѓања:
    1.524
    Британија никогаш и не била нешто посебно заинтересирана за ЕУ. Не ги прифатија ниту еврото ниту шенгенот..... постојано бараа привилегии а никако не сакаа обврски и ако не беше брегзитот ке требаше да има шутирегзит од страна на ЕУ. Како и да е ЕУ и Британија нема многу да си недостигаат и без многу потреси секој ке си продолжи по својот пат. Со нас е сосема друга работава. Живееме на кредит, без никакво сериозно производство, увозот далеку го надминува извозот што значи дека ако ни ги сопрат вентилите од еу и кредиторите ние за неколку месеци (додека ги стопиме девизните резерви) ке дојдеме на дереџе да практично немаме ништо, буквално да гладуваме..... Е сега за да речеме дека не сакаме во ЕУ треба да имаме сериозен план како да ја надминеме оваа состојба на зависност од европските пари, како да направиме производство и извоз кои девизно ке ни го покријат увозот. Ако има некој со таков план а не е Енвер Оџа нека го изложи. Се друго е самоубиство од заседа.
     
  12. Mister No

    Mister No

    Член од:
    5 ноември 2012
    Мислења:
    1.627
    Допаѓања:
    3.542
    Да бидеме среќни ако ни дадат да бираме во чиј дел ќе бидеме...
     
  13. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    1.598
    Допаѓања:
    1.227
    Само да не се Србите , немаат море :pos:
     
    На Spiegel му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Let 3

    Let 3 The Nipple Erector

    Член од:
    13 јули 2008
    Мислења:
    30.919
    Допаѓања:
    31.151
    имаат - панонско
     
  15. Bafra

    Bafra

    Член од:
    30 јануари 2011
    Мислења:
    1.598
    Допаѓања:
    1.227
    Да де, ако се умни и вода ќе им пуштат :P
     
    На Dambeny му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: