Каде сте го јаделе најубавиот/најгадниот хамбургер?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Најубавиот во Анатеа и Цацко, а најгадниот во Џамбо :)
 
C

cige

Гостин
убав ама малецок

Иначе Сити Грил Рамстор моментално растура за хамбургер во Скопје потврдено


Sent from my iPad3 using Tapatalk
Тие салатите за самопослужување во Анатолија како ги наплаќаат? На грамови? На порција? Или можеби вклучени се во цената како гарнир ако нарачаш некое месо?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Морам да кажам дека и сендвичите од 7ца се далеку од добри:)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Да, предобри се :D
Шала на страна, ама не е онолку добар колку што викаат дека е добар. За тоа дека ја има најдобрата плескавица, дефинитивно. Ама лепчето е суво и со самото тоа некако се губи убавината на хамбургерот. Башка за тие пари што ги даваш можат и салата да стават.

:)
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Шала на страна, ама не е онолку добар колку што викаат дека е добар. За тоа дека ја има најдобрата плескавица, дефинитивно. Ама лепчето е суво и со самото тоа некако се губи убавината на хамбургерот. Башка за тие пари што ги даваш можат и салата да стават.

:)
Прашуваат салата дали сакаш, ама сендвич со салата е шит бе :) Во вили кога ќе турат салата, тече вода сендвичот.
Јади комбиниран со сланина од 7ца и кажи нека го стават малку на тост, после ела тука и пиши пак :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Прашуваат салата дали сакаш, ама сендвич со салата е шит бе :) Во вили кога ќе турат салата, тече вода сендвичот.
Јади комбиниран со сланина од 7ца и кажи нека го стават малку на тост, после ела тука и пиши пак :)
Како и да е, секој има свој критериум за добар хамбургер:)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.854
Поени од реакции
36.887
Од седмица кога ќе изедам хамбургер (сега веќе многу ретко) после ждригот е најинтересна работа. Мириса на нешто животинско, пцовисано, сомелено и испечено со неиндетификувани зачини. Којзнае што е али само со нив ми се дешаваат такви тектонски движења и гасови од желудацот. И што сум праел муабет и други го имаат истото искуство.
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.707
Поени од реакции
738
кој го носе пато накај Штип нека си купе хамбургер од сендвичара Бамби на плоштадо поубаво нема.

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Валјда 7ца, некако бенчмарк е кај нас за хамбургер. Топ се доста од тие што ги спомнаа во Скопје, Флорида кај Коце и тие бутките на улицата пред Коце.Само немојте ве молам да го ставате „Најубав“ со Жужу. Освен тоа што ставаат 3000 компири (како позитивно), таква гадосија немам ставено во уста не знам од кога. Последно беше пред година некаде, дупиња направени со еден другар отидовме до Вили и не ми текнува дали беше преполно или немаше ништо што ни се свиѓаше, отидовме до Жужу (трезен не влегувам ни таму ни таму).
Земавме стекови како демек најлесно за подготовка и најмалце има ризик за вкус... АХА... Значи пред нас ги правеа стековите и пред нас ги пржеше компирите и не знам како за 1 минута беа ладни... Стекот врска немаше(и кај двајцата), гадотија... Не знам што беше тоа ама не беше месо наменето за јадење... До нас дојде мачка една и двајцата и ги фрливме стековите дојде до нив и си отиде. Значи животно не сакаше да ги јаде. Од тогаш немам стапнато таму.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.320
Поени од реакции
4.597
У Автокоманда не ми текнува како се викаше спроти Аристократ.
Еднаш стек еднаш хамбургер порачувам и за 15 секунди ми вика готови се. Ладни беа, за саат време тргнував на пат се исповратив колку гадно беше.

Вили пред 7-8 месеци топ ми беше лесковачката, сеа многу никакво месо, слаб вкус и ја намалија цената за 10 денари.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
^^ Јас како што знам не ја намалија цената, туку дека имаше средна 100 и голема 120, направија да има една измеѓу - 110 денари, како универзална.

Иначе не сум компетентна баш да зборам, пошто хамбургер имам пробано само од Вили неколку пати, пред неколку месеци и ми се свиѓаше. Фала Богу нема многу вакви сендвичари кај мене во населба (или можеби ја не би пробала никогаш од кај нив) па не купувам.

А, да. Еднаш нарачав достава од ресторан Бајка, фини беа.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.487
Поени од реакции
58.959
У Автокоманда не ми текнува како се викаше спроти Аристократ.
Еднаш стек еднаш хамбургер порачувам и за 15 секунди ми вика готови се. Ладни беа, за саат време тргнував на пат се исповратив колку гадно беше.

Вили пред 7-8 месеци топ ми беше лесковачката, сеа многу никакво месо, слаб вкус и ја намалија цената за 10 денари.

К-15 ?
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Најдобриот: 7ца
Најгадниот: Лап-Лап
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.156
Поени од реакции
6.001
Кога станува збор за плескавици, убедливо најдобра е во Скара Лесковац во Аеродром. Толку е добра што греота е да ја расипуваш со сосови, па дури и со помфрит, а да ја поврзеш со терминот хамбургер е навреда.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom