Каде сте го јаделе најубавиот/најгадниот хамбургер?

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.699
Поени од реакции
288
Да, PAX се одлични бургери, иако доста скапи. Bacon cheeeburger every time.

Во Скопје дефинитивно Лесковачки роштиљ кај Мајчин дом има најдобра плескавица.

Во Венето е срање хамбургерот, се покајав што го нарачав.

Во 7ца не јадам никогаш. Во Вили одамна не јадам.

Во Ројал плескавицата е онака, другите работи се ок (кромид, домат, сос, лепче).

Мерак бургер ми е ок.
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.487
Поени од реакции
58.959
Ги срушиле сендвичaрите вo Автoкoмaндa пред Алкaлoид :(
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Најдобар во ,,Вили,, а најгаден дефинитивно во ,, Жужу,, Плескавицата и компирите мирисаа на ,,нафта,, којзнае колку долго не им е сменет зејтинот!:sick:
 
K

Kacar

Гостин
Најгаден хамбургер апсолутно во Гиро Беко !!!!
Мислам кој очај треба да си за да ти се допадне таква плескавица .После ова најгадно бургер кинг, од авион ќе приметиш дека тоа се лабораториски синтетички плескавици.
Највкусен дефинитивно во Лесковачка , Мајчин дом, Аеродром.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.132
Поени од реакции
13.258
Најгаден во Барон во Лептокарија, плескавицата беше зелена и така тврда јадеш тоа месото ко помочан бетон да е. Имам и после Пивофест зимано скара од тие што ги продаваат, и тоа беше ужас ама неспоредливо со ова, кој изеде повеќе од 3 залчиња награда да му се даде нешто не знам. Од тогаш 3 години немав хамбургер јадено. За најдобар не коментирам, некако ги гледам со други очи после тогаш, со доза на претпазливост ги јадам и скептичност, трауми...
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
Најгаден -
1. City Grill Ramstore.
Стар леб, кечапот и мајонезот - вода, за салата ми дадоа морков бе:ROFLMAO: (и зелка, и тоа беше), ама тоа плескавицата :sick:...ја мислам, куче да поминеше покрај мене у тој момент и да го боцнев со виљушката дека поубав укус ќе имаше...
2. Burger Friends.
Лебот не им чини, плескавицана без укус а ти ја рекламира "100% beef":icon_lol: плус и ми го испреврте стомаков отпосле, патлиџанот зелен и тврд ко картон, со еден збор - катастрофа, важно гледале да смислуваат фенси имиња за сендвичите... :facepalm:
3. Боки Пинк у Порта.
Не е џабе 80ден :toe: :D
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
BG Burger Bar во Белград, едно 50тина метра од коњот спрема Теразија, неверојатно нешто.

Ај по една во Прилеп, шарска во пола леб кој е секогаш топол, не само свеж, и доста салата.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.081
Поени од реакции
25.190
Тазе импресии од Baking Bread-Ново Лисиче.

https://www.facebook.com/waltersbakingbread/

Одличен бургер и помфрит.

Минус. Основниот бургер е 120 денари и иако има внатре кашкавал, кромид, кисели краставички и домат, порцијата е мала. Помфрит немаш со тоа, се доплаќа 35 денари за мал, и ти го даваат во еден фишек како оние за сончоглед/семки на натпревар со 10 компирчиња внатре.
Ако го тргнеме соодносот цена/порција вреди да се проба.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom