- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.231
- Поени од реакции
- 4.103
Па и јас лани до Дубровник 13 саати одев, ама патот е за никаде. Просечна брзина 70 на саат. До Истра барем цело време по автопат возиш и имаш една граница помалку за врвење.Лани, регуларно накурчен на Грците, се зададов со кола (со мало дете 1 година) до Истра-Хрватска. Бев у едно место Бује се вика, на 38 километри од Трст (па сеа видете вие колку е големо словенечкото приморје). Истра ја прошетав и е прекрасна и одлично средена и организирана. Има многу мали градчиња кои се наоѓаат на врв од брда, изградени околу замоци. И во секое има понекаков фестивал или сличен настан. Плажи каменити убави, природни со шуми...Има уникатна храна по рестораните и се користи многу таруф. Е сега, цените се малку (у ствари многу) солени, насекаде по Истра. Можеби затоа што бев во време на Пулскиот филмски фестивал и АТП турнирот во Умаг, Али све у свему, вреди да се види тој крај, бидејќи има многу историја, архитектура...да не должам, ова беше малку инфо за некој што наумил натака...
На некоја прошла страна прочитав дека лебот никаде не е 3 евра, па тука можам да демантирам. Во Истра (каде што влегов по пекари) лебот беше без проблем 3 евра (мислам дека имаше и за 2-2,5, ама тоа беше ептен најефтиниот). Хрватскиот јогурт (на Дукат мислам беше) тука што е 50 ден., истиот таму е 150 ден. и да не набројувам... У големи маркети на периферии е нешто поевтино, ама далеку од цените во остатокот од Хрватска или Грција, Бугарија...
Ипак, најсрање е тоа што се вози многу (12 саати, минимум) и кога се вратив имав 2500 километри плус на бројачот од колата.
После толку веслање у ствари и не ги пцујам толку луѓево со мали деца што идат до Грчка, али ја и покрај малото дете не знам дали би идел таму (сега викам - не знам, а лани викав не идам па што сака нека биде).
Оваа година на краток одмор у септември у Грчка изглеа.
Се зезам, тука ќе идам, Дојран или Охрид иако цените (за хотел или апартман) им се комични. Изглеа коа им е лоша сезона, кај нас место да поевтинат они поскапуваат, за да земат што е можно повеќе.:pos2:
Иначе Сплит ми се оди некое наредно лето, ама нема салам пат да стасаш за 7-8 саати максимум и ко човек. По Јадранска магистрала до таму ќе се шантраш најмалку 15-16 саати.