Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.277
Да де,така си е. Покрај дилемата која секогаш е валидна тука, а тоа е дека скроз може да е наместено, стои и ова што си го пишал.
Плус, стандардна понуда е мисловна именка за македонските сервиси, ресторани, но и производители на храна. Па така често можеш на почеток, кога е нов брендот, да добиеш нешто со супер квалитет, ама и да се заебеш очекувајќи исто во иднина.
Единствена работа која ми се свиѓа кај Седмица е стандардот, односно фактот дека знаеш што можеш да очекуваш од нив, не им варира квалитетот. Друга работа е тоа што јас нивниот стандард го ценам како срање.
Наместено беше. Reborn.mk кој што беше организатор на натпреваров е истата фирма која им ја води маркетинг кампањата на Маџо 2.0. Сето ова беше една огромна реклама, не можам ни да замислам колку луѓе отишле по завршувањето на натпреварот специјално за бургеров да го пробаат.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

Мирисаше нешто лошо тука и ете излезе што било. Важно си направија јак маркетинг, за тоа секоја чест.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Наместено беше. Reborn.mk кој што беше организатор на натпреваров е истата фирма која им ја води маркетинг кампањата на Маџо 2.0. Сето ова беше една огромна реклама, не можам ни да замислам колку луѓе отишле по завршувањето на натпреварот специјално за бургеров да го пробаат.
Леле :pos: не е можно и избор на бургер да наместиле, местењево од паричка за Бадник до бургер го протегаме, алал
 
Член од
22 март 2017
Мислења
34
Поени од реакции
84
Имам јадено од повеќето што се натпреваруваа на burger week и според мене стварно е најдобар во Маџо.И помфритот што го даваат со бургерот е подобар од другите места. Го имав постирано бургерот у темава уште пред burger weeks и зборев по другари уште пред гласањето дека ако не е местено, Маџо ќе победи.
Го јадев Рајли за време на Burger Wars, ПЕР ВЕР ЗИ ЈА од бургер! Плус пријатно ме изненадија со балсамираниот мајонез како додаток за помфритот. И ја исто им трубев на сите дека ако не победи Маџо, ќе се разочарам :LOL: Мислев Рустикана дека ќе тепаат (иако имаат вкусни бургери, не се споредуваат со тие од Маџо).
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Маџо добри, се ама се познава дека лук им е "тајната состојка", дополнително се замирисуваш додека седиш во отворениот дел и многу помфрит ставаат.

Sent from my SM-J330F using Tapatalk
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.963
OK, Kиоск типично македонски стандардите у курац им отидоа.
Купувам три чиза, прегорено месото и компирите, кои се пресолени (а ја јадам многу солено, за жал). Фали сос и тн.
Не можат да одржат основни стандарди кога работат под притисок на гужва.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Baking Bread дами и господа.
Само се надевам дека со нивната експанзија нема да забегаат како голем дел од македонските фирми.

Како Бонус: Имаат супер брзо delivery за реонот на Аеродром/Центар.

Маџо е врв исто така, ама не е како порано.
Сеуште не ми е јасно како може 7ца и ројал да имаат толкава гужва, кога има толку мноооооооогу подобри места за јадење.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Baking Bread дами и господа.
Само се надевам дека со нивната експанзија нема да забегаат како голем дел од македонските фирми.

Како Бонус: Имаат супер брзо delivery за реонот на Аеродром/Центар.

Маџо е врв исто така, ама не е како порано.
Сеуште не ми е јасно како може 7ца и ројал да имаат толкава гужва, кога има толку мноооооооогу подобри места за јадење.
Ројал е ефтино, не знам шо не ти е јасно. За Киоск пример даваш 180 денари за хамбургер, ваму за 110 јадеш.
 
Член од
13 септември 2018
Мислења
16
Поени од реакции
55
OK, Kиоск типично македонски стандардите у курац им отидоа.
Купувам три чиза, прегорено месото и компирите, кои се пресолени (а ја јадам многу солено, за жал). Фали сос и тн.
Не можат да одржат основни стандарди кога работат под притисок на гужва.
За да биде типично македонски, треба да тргнат да ја намалат или расипат продуктот, на пример да земат да ја тенчат плескавицата и да ставаат соја место месо.

Тоа што се случило да изгорат повеќе месото или пресолат е човечка грешка, не стандард.

Ние јадеме секоја недела од работа, и никогаш не ни се десило ништо слично.

Киоск си тера свој филм и според цена и квалитет е меѓу фаст фуд и гурмет бургер, има посебен шмек плескавицата и кога ќе ја гризнеш се гледа дека е месо. Тоа што сега пола Скопје се накотија бургери као 100% телешко, ок може нема свинско, ама кој знае што има, зошто неможе бургер со 180 или 200гр месо да биде 100 денари. Со загуба зар ги продаваат?

И Брејкинг Бреад сум ги пробал, добри се, навистина се телешки ама и цената е 150 па нагоре без помфрит.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.963
ОК, у право си за односот на цена и квалитет и местото што го заземаат во однос на другите кои продаваат вакви работи. Сеуште добро стојат на план на квалитет на месо.

Но стандардите за кои зборам се токму тоа што ти го опиша. Тие човечки грешки ги симнуваат стандардите. Стандард е нешто кое го одржуваш, а ако не, небитно дали причината за тоа е човечка грешка (а речиси се е човечка грешка) или виша сила.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.947
Рекет или слабо им оди?
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.294
Поени од реакции
45.832
Рекет или слабо им оди?
Не верувам слабо да им одеше, клапнаа малце на квалитет, ама не беше трагично клапнување во стил на Киоск. Фино го разработеа, верувам дека ќе се најде нов инвеститор.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom