Каде може да се најде најдобриот бургер во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Que
  • Време на започнување Време на започнување
Берик, шо е муабетот?
За натпревар и седмица може да избаци месо од говеда што ги галат и им пуштаат Моцарт за спиење. Финтата е што добиваш у stock понуда, кога обичен чоек оди и нарачуе храна у самиот ресторан, сендвичара вотевр - ако у стандардна понуда добиваш копита, уши, жили од Бразил у комбинација со соја и бајата босанка од специјал...така да, вакви "натпревари" сами по себе се нерелевантни.
 
Па и плескавица ако се бара 7ца ја има најдобрата и најчистата.

Ова е виц нели:-)? Во 7ца плескавицата максимум да има 50% месо. Друго се соја, квасец и други глупости. Затоа е и така цврста и одскокнува кога ке ја фрлиш на скара и осеќаш дека имаш топка во стомак со саати.
Но реалната ситуација е таа, најпозната и најпосетена сендвичара во градот е 7-ца. Ројал и Киоск Бургер може да се стават на второ и трето место и надоле се останато, а богами сите прејдоа да прават бургери и може некој да им се придружи на горнава група наскоро.

Пошто темата е нели бургер, единствени што знам и пробал, а сум ги пробал скоро сите попознати сендвичари, само Киоск има бургер од 100 јунешко и не е смеса. Се гледа кога ќе гризнеш, не џвакаш гума. И со нормална цена за тој квалитет.

Другиве сендвичари се све смеса од месара, и пишува 100% телешко да, ама тоа значи без свинско но не и други глупости.

Во втора група се рестораниве, каде што е навистина 100% чисто ама и цената е x100

Може победил Маџо, може најдобар бургер прават, они го прават и Готвиме со Фичо, ама сигурно за 300 и кусур ден нема ред да се реди за бургери.
 
седмица ја имала најчистата плескавица
AbleIndelibleBasilisk-small.gif
 
Берик, шо е муабетот?
За натпревар и седмица може да избаци месо од говеда што ги галат и им пуштаат Моцарт за спиење. Финтата е што добиваш у stock понуда, кога обичен чоек оди и нарачуе храна у самиот ресторан, сендвичара вотевр - ако у стандардна понуда добиваш копита, уши, жили од Бразил у комбинација со соја и бајата босанка од специјал...така да, вакви "натпревари" сами по себе се нерелевантни.
Да де,така си е. Покрај дилемата која секогаш е валидна тука, а тоа е дека скроз може да е наместено, стои и ова што си го пишал.
Плус, стандардна понуда е мисловна именка за македонските сервиси, ресторани, но и производители на храна. Па така често можеш на почеток, кога е нов брендот, да добиеш нешто со супер квалитет, ама и да се заебеш очекувајќи исто во иднина.
Единствена работа која ми се свиѓа кај Седмица е стандардот, односно фактот дека знаеш што можеш да очекуваш од нив, не им варира квалитетот. Друга работа е тоа што јас нивниот стандард го ценам како срање.
 
Ми кажаа дека кај Маџо се чекало саат време и за порачка и за сметка, услугата била катастрофа, за бургерот не знам, го немам пробано.
 
Каде се наоѓа точно ова Baking Bread?

пиши на гугл ке ти најде, спроти џеваир е до стопанска банка
ако доаѓаш од кај капитол мораш да продолжиш накај н. лисиче па на првите семафори десно, поминуваш покрај лиса, псс па идеш лево и на 50м ке ја видиш стопанска и нема утка


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Па така често можеш на почеток, кога е нов брендот, да добиеш нешто со супер квалитет, ама и да се заебеш очекувајќи исто во иднина.
Свака част на искључоци, ама ова шо си го пишал е правило бр.1 за секој тип бизнис, со идејата да се привлечат гости, муштерии, а после "ќе праиме пари". Пак ќе кажам, има исклучоци, ама во промили...затоа нема кафански, сендвичарски, кафич бренд што живее 20, 30 години.
Седмица е феномен кој својот успех го должи на непознавањето на публиката: студентарија, средношколци, основци...кои се палат на обилност на понудата, а ги занемаруваат дигестивните ефекти и уживањето у храна.
 
Ми кажаа дека кај Маџо се чекало саат време и за порачка и за сметка, услугата била катастрофа, за бургерот не знам, го немам пробано.
Скроз спротивно искуство имав, супер услуга и сметка и порачка за брзо време.
Бургерот ништо специјално, сум јадел подобри.
 
Скроз спротивно искуство имав, супер услуга и сметка и порачка за брзо време.
Бургерот ништо специјално, сум јадел подобри.
Moze denot se pogodil takov kaj drugarov :)
 
Значи Маџо бил најдобар, а никој од темава не јадел таму. Ја првпат слушнав за местово.

Бејкинг бред мене не ми се свиѓаше, само еднаш пробав, инаку не ви треба локација, носат ако нарачката е над 300 ден и ако сте во Аеродром.

Киоск исто доставувват, ама некогаш немаат лице за достава, не се јавуваат или не работат, на пример недела.

Ројал обично многу време се чекаат, и стално не можат да ја најдат зградата, за нив google maps е вселенски поим.

Јас од таа листа би гласала за Рустикана, стварно се што сум пробала било многу добро.

Sent from my SM-J330F using Tapatalk
 
Ова е виц нели:)? Во 7ца плескавицата максимум да има 50% месо. Друго се соја, квасец и други глупости. Затоа е и така цврста и одскокнува кога ке ја фрлиш на скара и осеќаш дека имаш топка во стомак со саати.
Но реалната ситуација е таа, најпозната и најпосетена сендвичара во градот е 7-ца. Ројал и Киоск Бургер може да се стават на второ и трето место и надоле се останато, а богами сите прејдоа да прават бургери и може некој да им се придружи на горнава група наскоро.

Пошто темата е нели бургер, единствени што знам и пробал, а сум ги пробал скоро сите попознати сендвичари, само Киоск има бургер од 100 јунешко и не е смеса. Се гледа кога ќе гризнеш, не џвакаш гума. И со нормална цена за тој квалитет.

Другиве сендвичари се све смеса од месара, и пишува 100% телешко да, ама тоа значи без свинско но не и други глупости.

Во втора група се рестораниве, каде што е навистина 100% чисто ама и цената е x100

Може победил Маџо, може најдобар бургер прават, они го прават и Готвиме со Фичо, ама сигурно за 300 и кусур ден нема ред да се реди за бургери.

Другар, 100% месо нема нигде во светот, а каму ли само во 7ца. Нека не те лажат во Киоск дека јадеш јунешко.
 
Имам јадено од повеќето што се натпреваруваа на burger week и според мене стварно е најдобар во Маџо.И помфритот што го даваат со бургерот е подобар од другите места. Го имав постирано бургерот у темава уште пред burger weeks и зборев по другари уште пред гласањето дека ако не е местено, Маџо ќе победи.
 
Зошо не си напраите анкета као у другине теми? Таа ќе биде померодавна од натпреварот, пошо ќе го пробате тоа што е у редовна продажба, а не специјално одбрани продукти.
Битна работа по мене е и каква е услугата. Може и најбоља храна да е, ако бега келнерот од тебе (ко у Охрид), налет и бургер и све. Може ќе ме натерате и мене да се соберам и да отидам да пробам нешто.

Ако патувате у Америка, мада мислам дека франшизата ја има и во некои европски земји, од ланциве би го препорачал Fuddruckers, кој е тексашки бренд, а Тексас е познат по одгледувањето говеда и практично целиот култ кон овој тип храна со beef-steak исл. потекнува од таму. Имаат прилично деликатни комбинации со додатоците. Неколку пати имам јадено и во Burger fuel, па и Hardee's поише у зорт него од кеиф, не сум мераклија на "ланци"...да бидам искрен, она шо Бордејн го промовираше, со локалната, улична храна веројатно е најпаметно, најавтентично и ако е квалитетно, уживањето е најголемо, па макар и е во некој нискобуџетен ентериер и садови за послужување (ова кај нас ретко важи).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom