Во продавничките што се со македонско сонценце.
Значи имаш карши Матица, под тоа атеље Љуткова (или како и да беше).
Имаш едно продавниче исто во тој реон, на главната раскрсница. Продавничето е исто со сонценце, се наоѓа одма на кошот на страната од Броз карши Пјаца Либерта, на самата раскрсница кога одиш накај Кузман.
После имаш во ГТЦ на 3 кат, тие се нешто како штандови, личи на стоковна куќа.
После имаш на Рекорд, автобуската станица, до Голден Роуз (тоа за шминки) од десна страна. Таму има прекрасни работи, малце е скапичко ама има и броеви и избор и се.
И ти ќе се претвараш во деловна жена а?

едит: од 600 ден. до 1200 ден.
еј да Исто на рекорд, до таа градската канцеларија на претседателот. Одма до неа има една продавница, комумистички изгледа, со завеси и покривачи на излог, таму нема промашај имаш од спортско до класично за секоја возраст, само мене ми е скапичко зошто пантолоните и здолништата се секогаш над 1200 ден (освен ако не налеташ на попуст)