Јас првин се запознав со нејзината другарка - маја се најдовме на мирц па после на мсн неколку месеца, и еден петок (пред бела ноќ(сабота беше бела ноќ), минатата година) се видовме пред школо со маја... вечерта требаше да излеземе во посебно друштво, излеговме ние само машки од кај мене, и сакавме да викнеме некои девојчиња... мене ми текна на маја и нејзините другарки за кои ми збореше од сабајлето... и им кажав на другариве и и се јавив на маја и и реков дека сме друштво тука и дека сакаме да се најдеме со нив... они се согласија и ајде ние 5ката и во Бисер, се поздравив со маја и им ја преставив на моите другари и после и маја ги престави другарките нејзини... една од нејзините другарки одма ми се засвиѓа, но си реков не бе со неа не би требало да имам ништо... а и девојчево во истиот момент го помиси тоа и ме засвиѓа...заврши што заврши таа вечер, истата вечер се договоривме да идеме заедно на бела ноќ... дојде сабота, се најдовме вечерта и пак исто чувство... на крај демек ко парови сме се испофатиле за мишка, и останавме јас и другарка и што се засвиѓавме, и ние само се насмеавме се фативме под мишка и ајмо накај плоштад... после тоа цела вечер бевме фатени за раце и се смешкавме... ја прашав што се случува... но само добив одговор физички насмеана и само рече хмммм... и ништо друго... заврши и таа вечер.. не напраивме ништо таа вечер... после преку смс со дотичната другарка нејзина(дијана), љубовни смс и некои такви ствари... се видовме одма после бела ноќ уште неколку пати... на 8 ми септ. ја прашав за мување она не беше нешто мн сигурна и рече ај да размислам и сл... после два дена бевме на кеј... и ми вика а што праиме ние само вака а? и тогаш се деси... се испомувавме и то... после тие денови на смс пак запалени еден по друг едвај чекавме да се видиме... и се договоривме на 12 вечерта да се видиме, сабајето и праќам љубовна смс у стил дали сакаш да се фатиш со мене... и она ми праќа назад епа ај... вечерта се видовме...ми беше малку гадно оти незнаев како да се поздравам со неа... но таа ме бакна во уста и јас и вратив на крај... и официјално бевме фатени... и тек после некое време ми кажа оти се зафркавала со мене со таа смс за тоа епа ај... не го мислеше баш вистински но кога ме видела таа вечер дефинитивно реши... хехе... бевме 4 месеца заедно... перфектна врска, нормално со неколку расправки но одма решававме проблеми во рок од 5 мин... и ете после 4 месеца заради глупост дозволивме да раскинеме... и сеа 10 месеца без неа, и многу ми е глупаво... мислам дека уште имам за неа нешто... но завршено е... сеа таа си има друг, а јас останав намќор , сам :nesum: