Првото запознавање ни беше случајно...таа беше другарка на мој другар, и тие се имаа договорено да се видат нешто. Тој јунски ден седнавме на сладолед...но (сеуште) немаше хемија помеѓу нас... летото си го тераше секој по свој пат, се гледавме повремено во град, парк, дискотеки и сличниве места... Кон крајот на летото, веќе почна таа некако да ми се движи низ мислите. Една вечер, на една забава, случајно и двајцата се погодивме надвор излезени, на малку одмор/воздух, и поминавме долго време во разговор... после тој разговор, веќе дефинитивно бев :wub: по неа...наредниот ден веќе почнав да правам план/стратегија за како да ја освојам. Се сретнавме (непланирано) преку неделата, и таа ми спомна нешто како, сестрами слави роденден во сабота, дојди и ти. Јас бев :je:, ете ми ја совршената прилика. Вечерта дојде, и од тогаш сме :love2:.