Каде и како сте го запознале партнерот / партнерката (својата љубов)?

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Го реметевме Даниел Тигарот и она ми пиша прва на профил се запознавме па после на Таксират десетката се зедовНе:back:
 

sl@tk@

е па слатка...
Член од
12 февруари 2009
Мислења
20
Поени од реакции
0
за нова година *2006* но тогаш беше само онака другарски,но симпатиите постоеја и од двете страни!
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Бевме договорени да излеземе, и за првпат се видовме во кафичот Континент. Но и пред тоа се допишувавме со месеци, знаевме доста работи еден за друг, а ја запознав благодарение на една членка на форумов (си знае таа која е:smir:).
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
прв пат дечко ми го запознав на нет и по неколку месеци комуникација му се јавив еден ден го викнав на кафе секако прифати и така искочивме и истата вечер го добив првиот:back:
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
65
Мојата најверна другарка се запозна со еден дечко (мој сегашен добар другар) преку интернет додека тој беше на студии во Америка.Кога дојде летото 2008,се фатија и редно беше и јас да го запознаам.Го запознав него и неговиот најдобар другар (мојата сегашна љубов).Поради некој муабети кој ги имав вртено со другар ми ,ми имаше оставено многу погрешна слика за него и поради тоа кога дојде време меѓу нас нешто да се деси се двоумев.Се деси што се деси....


Цело лето бевме заедно,се мувавме...И полека полека моето мислење за него се смени.Мислам дека се профунционира поради тоа што нашето почна од самата 0.Немав никакво мислење за него,ни представа каков би можел да биде.Дури и не ми се свиѓаше доволно.Мило ми беше што тој сакаше да го смени тоа мислење што го имав за него и успеа...


Сега сум му многу благодарна на мојот другар што не ми ги замачкал очите уште пред да го видам ,зошто можеби немаше да се случи ништо од ова што се случи.Викаат не било за кој е речено туку за кој е печено....Тој и мојата другарка по игра на судбината не се заедно...се надевам ќе бидат,а јас сум пресреќна во љубовта.


Нашиот прв контакт и прво запознавање не го раскажав од проста причина што не беше ништо посебно...Се чекавме пред основното "Кочо Рацин" за да одиме кај неговиот братучед на дипломска.Не го ни знаев него а не па неговиот братучед,ама го направив тоа поради другарка ми.Беше обично излагање без некаков посебен контакт освен кога се запознававме.
Прв пат се смувавме во Forza преубаво кафуле кое во лето е многу романтично...и така...:pipi:

п.с Среќна сум што го запознав!
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
првпат ја видов на стадион како трча со една моја школска, срамота е да речам али она ме знаела од претходно, официјално не се запознавме, се бркавме по мсн ама никако да се погодиме двајцата во исто време на компјутер, после некое време ми рече здраво во чаршија а јас брзав некаде:tapp:, и после долгата брканица излеговме на кафе конечно, сеа за сеа сме си супер веќе 8ипол месеци:smir:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Го знаев одамна, другарски, познанички...
Ме фотографираше, јас позирав... Се здруживме, си делевме овошја ко во тинејџ филм и на една клупа накај Карпош 2, биднавме.
Прекрасно почна.:pipi:
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Јас дечкоми го имав од некаде на мсн...си пишувавме неколку дена, значи не се знаевме многу добро, еден ден кога најмногу паѓаше снег излеговме и од тогаш сме знаедно еве 4месеци:vozbud:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Го запознав преку другар, во една убава мајска вечер во градскиот парк.После таа вечер, имаше многу интересни случки, како дудлање, дискретно пуштање и многу ремет меѓу нас двајцата, така всушност се зближивме.Настрана, имаше и некои идиотски работи кои пречеа во првиот/вториот впечаток, но ги надминавме и тие:icon_lol: .Среќна сум со него и ми е преубаво:pipi:.
 

Marshmallow

◦Kajganaholic◦
Член од
28 март 2009
Мислења
450
Поени од реакции
25
Се знаеме уште од малечки...во исто маало живееме!
Сега во брзо време дознавме за нашите меѓусебни симпатии и се се случи толку спонтано.Сега ни е супер..:back:
 
Член од
20 август 2008
Мислења
92
Поени од реакции
13
Јас мојата љубов ја запознав на нет... баш типично онака хи асл плс :wink: и после едно 2 месеци пишување на мсн,излеговме на кафе под изговор дека ми снимаше еден филм... па наредната недела се договоривме да излезиме навечер заедно и така се случи и фрст кисс.И сеа сме среќни и весели 1 година благодарение на интернетот.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Охо, темава... Ладна зимска вечер, 31 декември 2003. Се запознавме на Нова Година. Неколку муабети, многу пеење, размена на бројчиња од мобилен.... така се започна. Продолжи со праќање на СМС (интернетот во тоа време беше демоде :baeh:) и разговори на фиксен се до 14.02.2004 кога и официјално прогласивме обединување на кралствата :pipi:.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Во кино.
Поврати на мене така се запознавме.
 
N

nUt

Гостин
Бев искочена со еден другар.. добар другар од форумов што сега има многу лоша претстава за мене затоа што го одјебав поштено без никакви намери.. (извини)....
Се шетавме низ парк... Сретнав еден другар.. беше со уште многу деца во друштво..
здогледав едно дете... со гитара... Ја свиреше Токсисите. (уан оф мај фејворит)...
и останав без здив... Се сврти и ми подаде рака.. Бојан... молам? Бојан се викам...
Навистина го изгубив здивот....
Потоа почнав да искачам со другарми... со цел да го запознаам подобро....
Првиот бакнеж беше една сабота.... Се тресев... како и тој..
Послем два дена признавме двајцата дека се свиѓаме...
Сега... Преубаво е... го сакам.. ме сака....
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
Беше сабота вечер, време кога излагавме во град со другарките. Мене тој ден не ми се излегуваше, убаво ми беше дома, топло а и си гледав цртани ( имав 14 год ) Но, на крај по долго молење од другарките, излегов. Додека бевме во диското една моја другарка ми рече дека сакал некој да се запознае со мене, а јас се противев (зашто тој период ме сакаа помали од мене 12,13 год и мислев дека е некој помал ), но и се замислив за братучедот нејзин (го видов претходната недела и ми беше многу симпатичен ) и ја прашувам другарка ми кој е тој што сака да се запознае со мене, таа не сакаше да ми каже, ми рече дојди со мене па ќе видиш, но јас не сакав да одам и таа немаше што да прави,и ми покажа накај него(братучед и), бев изненадена бидејќи она што го помислив и се случи. Се запознав со него и потоа си прачавме љубовни пораки , и по 2 недели се фативме. И сеуште сме заедно. Никогаш не знаеш кога ќе ја запознаеш својата љубов. Некогаш доаѓа порано, некогаш покасно. Кога најмалку се надеваш (ја очекуваш) тогаш ќе ја сретнеш :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom