Каде во градов прават најдобро гиро?

Член од
12 декември 2010
Мислења
10.460
Поени од реакции
11.387
Има гиро и во она новото Миконос на Боемска, мислам 280ден беше цена ама исто незнам дали толку е и за носење
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.081
Поени од реакции
25.175
Морам да ги пофалам и да им направам една бесплатна реклама.

Се викаат Студио и го прават за мене барем најдоброто гиро во Скопје. Се наоѓаат во втор ред на Лептокарија веднаш спроти задниот влез на Зегин. Неколку масички надвор и неколку горе на кат, внатре ништо посебно и фенси, место што лесно ќе го одминеш и нема да ти падне во очи. Големо гиро е 200 денари што е најевтино од сите други гирарници низ Скопје, Гиро Хаус, Беко, Мамас, Шмамас итн... А воедно и најдобро. Лепињата е секогаш тазе, месото не е да доминира 90% лој, нити пак е пресуво да осеќаш како да џвакаш мастика и се топи во уста, не тече кило мрснотија од дното на омотот кога ќе ти го направат како фишек што е редовен случај кај екстра мрсните гира. Јас може и не сум репер затоа што од малку се задоволувам, ама сум носел членови на фамилија кои се тешки маанџии (наоѓат маана за се) кога се работи за храна и од нив добив исто така палец горе. Кој е мераклија за асално гиро, а не овие славокаурски варијанти и со разочарување сфаќа дека треба да чека цела година за да оди на одмор во Грција за да јаде квалитетно гиро топло и од срце му го препорачувам. Вработените се воедно и газдите, цела фамилија, и кога му предложив дека не е лоша идеја и на повеќе места да отвори ми рече дека прво нема луѓе, а второ кога е он дирекетно инволвиран во процесот знае што прави отколку да остави на друг некој. Единствена маана, недела не работи.

Уживајте и пишете импресии.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom