Премногу сум реална за да замислувам и сонувам каде ќе живеам, премногу си ја сакам мојата куќа за да можам да се оделам од ова мое мало слатко царство. Сакам да видам што е можно повеќе места и да прошетам колку што можам повеќе, а и тоа и го правам, али ниедна Германија, Шпанија или Италија можат да ми го дозволат луксузот наречен мир и своја куќа. Според мене, во странство секогаш ќе си оној дојдениот, многу време треба да помине за да те вреднуваат како нивен. Не генерализирам, зборам во прво лице, не се ставајте во ист кош, на некого можеби и му е поубаво така, на друго место сам без своите, зашто ретко кој иде со цела фамилија тоа е веќе нешто друго, така можеби и размислила.
Затоа немам желба за живот во друга држава, имам желба да патувам, што и си ја исполнувам таа желба.