Зошто убаво ми беше искуството во Америка, би живеела во САД. Е сега, тоа е широк поим. Иако ми се допаѓа Њујорк, сепак би сакала повеќе на западниот дел. Кога би можела, би живеела на Хаваите. Би сакала да знам да сурфам и да имам своја продавница со сурферска опрема и од тоа да заработувам. Да продавам опрема и да давам часови по сурфање. Би сакала да живеам на Мауи, да работам со сурфање, да нуркам, да ловам морски работи, да посетувам пештери, да искачувам врвови на Хаваиски брда и вулкани, да уживам во водопади, да јадам риба на скара и тропски овошја, да играм хула, да уживам во плажа и океан!
Ако не, може и Лос Анџелес.