Прво бев во Лондон на еден шток.
Второ бев во Читална на две мастики и мезе.
Трето бев во Хавана на Сител Бамбини а.к.а Саут Парк на 2 пива.
Четврто бев во Хард Рок на пиво и ди џеј Бабура.
Петто бев во Миднајт на шток и на ВИП пред крај.
Шесто бев во Балет на довршување со две пива до 5 и петнаесет.
Седмо бев во Џонис Бејкери кај што последен нарачав пред да затворат во 5 и пол и на крај дома.
Конечен скор 1 паб, 1 кафана, 4 ноќни клубови, 1 пекара, 5 пива, 2 штока, 2 мастики, кикирики, шопска, помфрит со сирење, ражнич, пица сендвич, запознаени 12-тина нови луѓе, видени со 20тина што веќе ги знам (со некои се немав видено 3-4 години), избегнати 3 полициски Стратуси што за среќа не ме застанаа и враќање дома после изгрејсонце нешто што одамна заборавив како изгледа. Фантастично!