Г.г. Стефан ги подели „Столните медаљи“
Истакнати научници, уметници и бизнисмени беа наградени од МПЦ за својот труд
Истакнати научници, уметници и бизнисмени беа наградени од МПЦ за својот труд Македонската православна црква вечерва по прв пат го додели признанието „Столна медаља од прв ред“. На церемонијата во хотелот „Александар палас“ наградата ја добија 22- ца истакнати поединци од областа на науката, стопанството и уметноста за нивните достигнувања на овие полиња. Признанијата ги врачи г. г.
Стефан.
Меѓу останатите наградени беа и банкарот
Хари Костов, бизнисмените
Штерјо Наков и
Минчо Јорданов, и претседателот на Стопанската комора,
Бранко Азески.
Од „Македонската академија на науките и уметностите“ признанието го добија
Бојан Шоптрајанов,
Момир Поленаковиќ,
Владимир Серафимовски,
Ѓорѓи Филиповски, Горазд Росоклија и
Јордан Поп-Јорданов.
Симон Трпчевски,
Борис Трајанов и
Венко Андоновски се добитниците на „Столната медаља“ во областа на културата.
Наградата им беше доделена и двајца американски професори од Универзитетот „Колумбија“,
Џон Мен и
Ендрју Дворк.
извор
Сега се прашувам: од толку многу бизнисмени и моќни луѓе во Македонија, токму најголемите олигарси ги заслужија медаљите?
Цркавата ги наградува оние кои градат или оние кои растураат?
И секако кое е вашето мислење за наградените?
Мислите ли дека црквата направила вистински избор за нив и за останатите?