Паметен маж, си ја слуша жената и нема проблеми.Јас веќе месец дена скоро сум со болки во ногата! Почна со едно наведнување и едвај се исправив, ај ќе пројде, ама засега јок! Поминав и третман Мелоксикам, диазепам, комплекс од Б витамини, ама т’нко! Мачкам све што дојде до рака и чекам да се смири. Денски така-така, ама ноќе пошто со дијазепам и лексилиум заспивам, се будам со страшно здрвена нога и со болки. Вијам така 1 час, пак лексилиум пак поспијам и до утрото така, кога ќе видам шест саат, цел среќен, пијам кафе и се пуштам во погон.
Жена ми е невропатолог, што не пробавме и акупунктура, акупресура, само масажи се плашиме.
А, ќе заборавев! Ја полнам кадата со топла вода и 15-20 минути правам релакс, помага!
И матичниот може да Ви даде за почеток, средство против болки и воспаление, бе комплекс, магнезиум .....
јас и Колаген пијам, еден германски Алфа колаген, 100 денари е шишенце, велат помагал, засега јас немам забележано нешто позитивно, ама пошто боли ќе си пиеш све што ти речат.
Работата е што е индивидуално кај секого, ќе пипате лекови!
Не би препорачал народни местачи на кичми и зглобови, некому помогнале, ама мене ми е страшно тоа!
Физичка повреда т.е. изместување на дел од телото, не може да го средиш со лекарства и витамини. Штом си пробал акупунктура, зашто ти е шубе да пробаш и масажа... Имаш киропрактичари со дипломи. Ако имаш и снимка од местото каде што е болката / повредата ќе ти кажат дал си за кај нив.