Ишијас

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Лумбоишијалгија, народски ишијас.
...се добива од старост, од повреда... и од промаја. :D
Тоа е тоа значи, сакав да видам дали сме на иста бранова пошто во странство немаат слушнато за ишијас :D Жена ми имаше, од повреда, никакви доктори не помогнаа освен што почна да и се лоши од лекарства... остра болка во половината и во ногата, никако не попушташе. После преминавме на физикални терапии каде што брзо открија точно каде е повредата и ни покажаа се убаво преку некаква апликација, па со вежби, масажи и со некакви електрични уреди за масажа на грбот, се ослободи од болката за 2-3 недели. Сега и се појавува болка повремено но ништо во споредба со првите месец дена кога не се спиеше од болки.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не знам зошто сите го игнориравте тоа кога пишав погоре, но мене дефинитивно космодискот најмногу ми помага. Кога е болката умерена се мачкам со билол маст на Алкалоид и го ставам краткиот дел на мене, го носам без престан 24 часа и другиот ден сум како нов. Ако е болката посилна, знам да го ставам и долгиот дел, иако тој ми е малце непријатен за носење, ама исто, многу помага. Космодискот е чудо кое те масира без престан, цело време додека се движиш, и го ослободува притисокот врз лумбалниот нерв, со што и болката исчезнува.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557

Добро е да се знае дека помага космодиксот, лично сум скептик за се што шиткаат топ шоп и слични :)

За повредата на кичмата, бидејќи имам многу седење во текот на денот ми дадоа да носам по 2-3 часа ваков појас.

Сепак, од досегашно искуство најмногу помагаат вежбите и избегнување на работи кои пречат (долго одење, долго стоење во едно место, долго седење без да станеш и се размрдаш, било какво трчање).

Со точак немам воопшто мака, испробано и до 45км на едно возење, ама со трчање и на 5км ќе се укочам целиот.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
За повредата на кичмата, бидејќи имам многу седење во текот на денот ми дадоа да носам по 2-3 часа ваков појас.
... барем кај нас се даваат (препорачуваат) разни ортопедски помагала скоро на сите пациенти кои се жалат имале болка или не, треба да се носи или не, претежно на сите пациенти поради силен комерцијален стимул на тие што препорачуваат или препишуваат добиен од самите фирмите кои се дистрибутери на ортози (помагала), така да внимателно со примена, зошто колку можат да помогнат толку можат да одмогнат!

...доколку се работи за фрактура и фиксно носење поради имобилизација во подолг период тука не навлегувам, но кога се работи за болка на кичма поради искривување или од друга последица на наши лоши навики или друга причина, тогаш мноооогу внимателно со овие помагала,
...20 сетина минути и не баш секој ден би било оптимално, затоа што при самото носење подолго време се создава физичка зависност едноставно ќе зависиме од тоа помагало, потоа доаѓа до намалување на активноста на стомачните мускули кога се носи на пример корсетот, а може да дојде и до појава на интраабдоминален притисок во мирување, како и покачување на температурата на кожата под самиот корсет што често пати знае да биде причина за намалување на болката, но и причина за други несакани последици, така да доколку топлината е таа што не’ лечи може да се имобилизра кичмата на друг начин со фланелски топли ткаенини, а не со стегање така со корсет,
...со носење на корсет ние всушност имаме и ограничување на движењето на рбетниот столб што би го правеле без корсетот, па болката би се намалила на заболеното местото, но со носење корсет се дава оптоварување на други мускули и други движења кои не би се активирале доколку не би се носело корсетот, тоа скоро важи за сите ортози, ортопедски помагала,
...примена и користење на ортопедски помагала против болка -Да! ама не повеќе од 20 минути во текот на денот и тоа само при силна болка, а не од навика ај да го поставиме помагалото за да не не боли рбетот при долго седење на столица!

... и како што рече, вежбите се мелем за овие промени на рбетот, ама треба дисциплина и воља, а нас ни е полесно зииип помагалото и свршивме работа, со носење на корсетот не треба да правиме активности, ниту да лежиме прво се носи лабаво затегнато да не ни создаде веднаш зависност, па со време се стега повеќе и никако не се става на голо, туку над кошула или нешто тенко маица и се носи само во стоечка позиција така да не знам како ти е дадено носење на корсет кога седиш на столица или јас не разбрав добро?

Последно уредено:

Ако прашаш физиотерапевти - не треба да се носи воопшто, односно може ако станува збор за скршеница и свежа повреда (ова го добив одговор додека одев на физиотерапија).

Ако прашаш ортопеди - смее да се носи и до 5 часови (вака ми пишуваше на извештај од приватна клиника).

Препишано од ортопед, и да и додека си во седечка положба. Летно време го носам само ако имам мака (не секогаш ме држи место, и знам да си направам болки од спортување), есен/зима/пролет само ако имам мака (обично големи промени на време и повторно интензивна физичка спортска активност). Никогаш го немам носено подолго од 3 часови во еден ден, вообичаено на 2 пати по 1 час и многу ретко повеќе од 2-3 последователни денови.
 
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
568
Имав нешто слично, ужасна болка во крстот која потоа ја зафати и едната нога.
Мене ми помогна колаген. Купував квалитен колаген, јапонски. Најдобри се тие што доаѓаат во шишенца со течност и директно се пијат бидејќи така телото најлесно ги дегестира. Го пиев секој ден, три месеци и веднаш осетив подобрување.
Најдобри ефекти има ако ја повторуваш терапијата на секои 9-12 месеци.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Сега калогени колку сакаш! Поквалитетните се 100 денари шишенце, јас сум на бр 8 имам до 30 уште, сега сум излепен со РОЗЕ ленти :ROFLMAO: ,Фрос што ги спомна! Почнав и со лесни вежби, издржувам добро!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Сега калогени колку сакаш! Поквалитетните се 100 денари шишенце, јас сум на бр 8 имам до 30 уште, сега сум излепен со РОЗЕ ленти :ROFLMAO: ,Фрос што ги спомна! Почнав и со лесни вежби, издржувам добро!
... пази се од хиперкалцемија, да не испадне после камче во бубрег, не знам што е ова нова мода со орално земање колаген кога телото само се грижи природно да го регулира и нема потреба од дополнителна колаген суплементација! :toe:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.505
Поени од реакции
9.408
Имав нешто слично, ужасна болка во крстот која потоа ја зафати и едната нога.
Мене ми помогна колаген. Купував квалитен колаген, јапонски. Најдобри се тие што доаѓаат во шишенца со течност и директно се пијат бидејќи така телото најлесно ги дегестира. Го пиев секој ден, три месеци и веднаш осетив подобрување.
Најдобри ефекти има ако ја повторуваш терапијата на секои 9-12 месеци.
Каде се продава тој колаген?
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
...ај и ти сега, поарно мачкај го на лице!
Малку сме оф топик, ама веќе кога зборувате за ова да прашам и јас... Нели со годините нивото на колаген се намалува?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Малку сме оф топик, ама веќе кога зборувате за ова да прашам и јас... Нели со годините нивото на колаген се намалува?
...со стареењето на организмот не само колагенот туку и други работи се намалено се синтеризира, а и навиките како надворешен фактор уште повеќе придонесува, затоа има одредена исхрана која содржи минерали, витамини и омега масни мат. кои стимулираат создавање на колагенот, зависи и кој тип според синтетизирање и функција и ппследица за недостаток, дали во кожата (брчки), крвни садови (Petechiae) рскавица, тетиви, коски, мембранозни ткива...итн
...на пример недостаток на Вит Ц може да биде една од причините на несинтетизирање доволно колаген, со подобрена исхрана со Вит Ц се подобрува синтеза на колаген или пак месо што содржи колаген,
von Willebrand factor (VWF), ако ја додадеме поврзаноста на колаген од крвни садови отиднавме нашироко,
... дали е соодветен тој суплеметиран колаген на пример за рскавицата или коските еве конкретно за ишијас, а што би можело да се добие споредно несакан ефект од таков вештачки внес визави природен внес со исхрана јас секогаш сум за бенефитот од промена на исхраната или појачување на тоа што можеби недостасува,
ако некој е вегетаријанец не јаде месо, месото си има протеини/ колаген, треба друга исхрана на збогатен внес на колаген,
 
Ок е Бјонси, сваќаме! Работата е што тука се прави интервентен внес, колку е корисен и дали се фаќа на местата кај што треба ретко кој знае. Факт е дека на некои луѓе помогнало, тољку!
Ако имаш уредена плажа на море и од поројни дождови ти ја однесе полата, што ќе правиш? Нормално ќе донесеш песок и ќе ја надополниш. Е не е истата песок и ќе остане дупка од кај си црпела, ама привремено ќе го решиш проблемот.
Јас нема да се подмладам, па каква и да ми е исхраната, едноставно метаболизмот ќе ми касни постојано. Затоа се овие закрпи, залепи решенија.
Топла, калоген кај што сакаш, уште на пазарче не продаваат! Јас по грешка порачав вишок, жената му се остри за од брчки да го пие.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.895
Скоро 2 недели неможе да се насити срањево. Се наведнав од најдолната фиока чорапи да земам, и така останав. Првите 3-4 дена неподнослива болка, едвај седев. Сеа е повеќе опуштено али кога станувам сабајле во првите 2 саати пак осеќам, додека се загрее телото. Незнам дали е ишијас или не, али и тоа како сум склон на таа повреда во тој дел од телото.
 
И јас чорапи постилав за сушење! Заклучок не е машка работа тоа :D Покрај сите помагала и лекови додека се разодам проблем, потоа функционирам така така, само долго одење или стоење на место не бива.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Малку сме оф топик, ама веќе кога зборувате за ова да прашам и јас... Нели со годините нивото на колаген се намалува?
Оф топик, различен тип на колаген се внесува за зглобови, различен за кожа, нокти, коса и сл. (тип 2 за зглобови, типови 1 и 3 за убавина).
Скоро 2 недели неможе да се насити срањево. Се наведнав од најдолната фиока чорапи да земам, и така останав. Првите 3-4 дена неподнослива болка, едвај седев. Сеа е повеќе опуштено али кога станувам сабајле во првите 2 саати пак осеќам, додека се загрее телото. Незнам дали е ишијас или не, али и тоа како сум склон на таа повреда во тој дел од телото.
Барај некоја Германка да те измасира :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom