Ова е прв пенал што Интер го добива оваа сезона и милион анализи иама во сите весници (после ние сме го креирале Калчополи скандалот) како тоа пеналот бил неправилно досуден.
Е каде се тие исти стручњаци да анализираат како Инзаги го бутна дефанизвецот на Каљари пред две недели кога Сидорф даде гол. Каде се сега ТВ снимките да видиме дали Инзаги треба да добие три меча казна како Адри.
Зошто не се крена толку прашина за пеналот на Јуве против Милан??? Или кога се сите останати во прашање судиите се луѓе и можат да згрешат, ама кога е во прашање Интер тогаш судиите се местачи.
Тие пи**ите од Рома втора година по ред плачат како изгубиле значајни бодови во Милано. Ако толку многу ги заслужиле зошто не ги искористија шансите што ги имаат и да не победат со 5-0. Лани водеа со 1-0 до 90 минута, имаа уште 10 шанси за погодок не ги искористија, Занети им даде гол во 90та минута и натпреварот заврши 1-1.
Е сега многу е полесно да се обвини судијата за исклучување на Мексес во 80 и некоја минута и тој да се посочи како виновник за ремито откулку да се обвинат самите играчи за тоа што промашија 10 шанси.
Иста приказна и вчера, Рома водеше со 2-0 имаа шанси во прво да водат и 5-0, не го искористија тоа и на десет минути пред крајот беше 3-3 (со поклонет пенал) Де Роси во 90 имаше шанса да донесе победа, излезе сам пред голот. Ако малиот е толку добар во фудбалот како што беше на збори по натпреварот што не дадеше гол и да го решеше победникот. Ама он го погоди корнер знамето место голот и после судијата му бил крив, е ќе му биде зошто нема доволно срце да каже дека самите згрешиле.
А остантите фанови ако се малку објективни зошто не се побунат за стартот на Панучи врз Адри, му се обеси на рамо и го бутна судијата не свирна ништо.
Зошто во весниците не се анализираше малку спорниот момент од голот на Лавеци??? Малку поубаво да го видиме офсајдот на Канаваро, или една повторена снимка беше доволно за да не убеди режисерот дека Паоло беше милимитар во офсајд???
пс Одговор за дечкото што праша кој ќе биде крив за испаѓањето на Интер од Лигата на Шампионите. Криви ќе бидат играчите предводени од Мурињо и никој друг.