Не можам сеа линк да ви барам на сто места го прочитав, ми е гајле мене дали вервате или не. И немам намера да ви објаснувам за скандалот во Италија и кој како и зошто го напрај. Не сте воопшто запознаени со работите така да нема да си трошам зборој за џабе ако во нив зјапате ко телиња во шарена врата.
Како можи Милан да заслужуваа да испаднат во втора лига кога немаше никакви докази дека влијаеле на изборот на судиите?? Имаше само 2 разговори од 5000 снимени за кои Милан беа обвинети и тие беа само поради индирекна вмешаност т.е. беа запознаени со корумпираноста на Моџи, а не презедоа ништо. Значи по нашки кажано Милан се бунеа зошто против нив се мести, а добија казна. (ако некој најди еден натпревар кај шо милан победи со намерна помош на судиите нека кажи кога и како било тоа). Јас памтам дека Станкович јавно на интервју го клеветеше Моџи за местење, па Интер не доби никаква казна, Милан ја доби поради исти причини. (не велам дека интер заслуши казна, хипотетички збораме).
Милан изгубија 2 скудета поради местењето на судиите на Моџи
, беа ограбени од едното шо како на мајтап му беше доделено на Интер кој во ниту еден дел од сезоната не беа ни блиску до првото место. Оти не играја плејоф со Рома????
Милан беа сосила втурнати во скандалот, цело лето не можеа трансфер да напрат и цела сезона патеа поради тоа. Ама сево ова ги удре Интер (читај екс директорите на Интер, шо беа задолжени за истражувањето) по глава, оти тие не го ослабнаја Милан туку му дадоа мотив повеќе за да победат.
Не случајно се чекаше 3 години за да се обелодени корупцијата во Италија. Се чекаше да ја изгуби политичката моќ Берлускони за да можат да си го изиграат перфектно сценариото Гуидо Роси и другарите.
Ама госпо гледа викат старите, си дојдоја работите на свое место Милан освои лига на шампиони по 7 пат, ги надигра сите противници и ја докажа својата доминација во европа.
А Интер со скудетото можи да му се фали на Сампдорија, Парма, Рома и Лацио.