Исчезнати лица

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.746
Поени од реакции
22.929

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителството презентираше снимки, на кои за прв пат се гледаат сите обвинети заедно (освен таткото Александар Ѓорчевски), и тоа во дворот на куќата на Велибор Манев, пред да заминат по Жежовски.

Сите се облечени идентично, носат исти безбол капи, црни слушалки, микрофон закачен на јакните и некои од нив во раката држат воки-токи. Ја тестираат радио врската и ги прават последните подготовки пред да заминат кај куќата на Жежовски, која е во соседството.

Овие снимки го запечатија обвинението, а Љупчо Палевски безуспешно се правдаше дека не се препознал на снимките, бидејќи јасно се гледа неговиот лик.

Она пак, што во еден момент паѓа во очи, е кога пред да тргнат во крвавиот поход, Влатко Кешишев се крсти со десната рака.

Неделникот ,,Фокус”, пак, неодамна објави и дека еден месец пред двојното убиство дел од обвинетите биле во црква, објавувајќи фотографии на фејсбук како пример за најголеми верници. Па така, на фотографијата, објавена на 23 октомври 2023 година, се гледаат каратистот Боре Видевски и Велибор Манев, кои биле пријатели.

Инаку, Манев е добро познат меѓу велешани, како фамилијарен човек и добар мајстор за камен.

Едниот од нив, кој се чини најмногу отскокнува од оваа друштво, е каратистот Видевски. Тој меѓу велешани важи за почитуван лик, а во медиумите во минатото е опишуван како карате мајстор, кој бил учител на многу деца за оваа вештина.

За Влатко Кешишев од сведочењата, пак, стана јасно дека имал поданички однос кон Палевски, односно му се плашел, му бил потчинет, и најчесто бил во партиското седиште каде што му варел кафе и му правел ручек.
За делото и ликот во јавноста најмногу се знае за Палевски.

Малата Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.405
Поени од реакции
5.079
Или Палчо бил скриен психопат и таа партијата негова била дувло на болесници...
или имал некои податоци што ќе ги загрози сегашниве владеачки и опозициски структури , па му смислуваат многу добар план за вечно да го отстранат.
Фали уште сега лично он да се уклучи од негде со стрим и да демантира и да изгасам интернет на 2-3 недели пошо не вреди да се читаат нашиве медиуми.

Првото е значи. Бавна и болна смрт за сите четворица. За нив веќе знаеме , појезивото е што ваков психопат бил близок со Бранко и којзнае уште со колку луѓе што седат во кабинетите и работат "само за народот". Позиција, опозиција , претседател , премиер све се тоа психопати што крвта ни би ја испиле со цевка за моќ и власт.
Ако ни е , да си ги подржуваме и гласаме уште долго...
 
McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
3.864
Поени од реакции
15.230
Овој истиот ко Зурлата. Му презентираш реални слики од Земјата и Вселената, он те “демантира” со некои фб мемиња. На иста бранова должина се изгледа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.943
Поени од реакции
116.462
Затоа зборевме да се има трпение, ќе си се отплетка клопчето. Не може во два дена да се реши ваков комплициран случај, особено што гомното Палчо има јак адвокат и може да замара и одолговлекува.

Останува уште да се утврди вмешаноста на таткото, зашо до сега има 0 работи поврзани со него, ама претпоставувам тоа ќе биде на крајот на судењето. Нема логика да го држат повеќе од година дена во притвор ако немаат било каков доказ против него. (Во притвор е така?)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.314
Поени од реакции
19.789

Не е, домашен притвор е.
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.746
Поени од реакции
22.929
 
Член од
30 август 2024
Мислења
170
Поени од реакции
773
Ако 90% сите сме свесни дека веќе му доаѓа крајот на цел случај и дека лека-полека им се откриваат картите, колкави се шансите некој од копуциве на Палчо да излета и да склопи договор за помала казна?

Сигурен сум сега дека барем 1 да излезе јавно и да каже дека биле под закани/притисоци/уцени од Палчо поради икс причини, ќе му даде некоја олеснителна околност на 10/12 години, додека другиве ќе ги заглават до смрт.
 
Никој нема да преговара со убијци на дете, и да ги насанкаат да кажат информации пак ќе ги осудат доживотно.
Кој фактор се оние жити се, на никој нема да му фалат, уствари треба бавна смрт за нив, не заслужуваат да ги хранат во затвор и да дишат воздух.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Ако 90% сите сме свесни дека веќе му доаѓа крајот на цел случај и дека лека-полека им се откриваат картите, колкави се шансите некој од копуциве на Палчо да излета и да склопи договор за помала казна?

Сигурен сум сега дека барем 1 да излезе јавно и да каже дека биле под закани/притисоци/уцени од Палчо поради икс причини, ќе му даде некоја олеснителна околност на 10/12 години, додека другиве ќе ги заглават до смрт.
Немаат со што да преговараат за помала казна (а и не треба, си заслужуваат максимална)
 
y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
1.176
Поени од реакции
1.754
Ништо чудно на крај некој да пропее од овие малоумните (настрана Палчо) со оглед на тоа што функционирале како негови поданици и слепо верувале во секој негов чекор/одлука. Зборот ми е 3цата се страшно прости ликови кои под влијание на Палчо биле спремни буквално на се.

Инаку за какво дувло од партија станува збор чист пример ви се тие што протестираа пред суд, и плус доволно е да се погледне групата на ФБ од Десна.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.794
Какви 10-12 години, се ова треба да лежи доживотно без можност за помилување.

Кога се случија убиствата јас ги замислував нешто од типот: со Жежовски влегле во некоја расправија, психопатот не можел да се исконтролира и го рокнал. Послушниците се нашле затечени од ситуацијата како соучесници па се решиле да прикриваат. После тоа откако се инкриминирале, психопатот ги навле на грабнување девојче со цел да се бара откуп, па нешто им тргнало на лошо итн...

Но од последниве информации изгледа дека работеле како група, однапред планирале се, ни едно од двете убиства не било поради некаков тригер, нервоза, или ситуација што тргнала на лошо. Се било добро планирано, со мотороли, со вреќи, со лопати, со се...

Така да нема овде што да се преговара, како што пиша некој член погоре, причините некој ќе ги каже на смртна постела ако не сега. Случајот треба да се затвори со најстрога казна за сите од оваа група.

Останува само за таткото да се расчисти ситуцијата.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.966
Поени од реакции
67.755
Или Палчо бил скриен психопат и таа партијата негова била дувло на болесници...
или имал некои податоци што ќе ги загрози сегашниве владеачки и опозициски структури , па му смислуваат многу добар план за вечно да го отстранат.
Фали уште сега лично он да се уклучи од негде со стрим и да демантира и да изгасам интернет на 2-3 недели пошо не вреди да се читаат нашиве медиуми.
Не постои вест кај нас која би направила промена на власт или би нарушила нечија репутација. Година дена се објавуваа вести и видеа од тешки криминали, и пак си ја изгласаа ВМРО. Ние сме имуни на било какви вести.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.943
Поени од реакции
116.462
Кога се случија убиствата јас ги замислував нешто од типот: со Жежовски влегле во некоја расправија, психопатот не можел да се исконтролира и го рокнал. Послушниците се нашле затечени од ситуацијата како соучесници па се решиле да прикриваат. После тоа откако се инкриминирале, психопатот ги навле на грабнување девојче со цел да се бара откуп, па нешто им тргнало на лошо итн...
Оваа теорија умре во моментот кога се дозна дека унапред биле ископани дупките. Тука се знаеше дека ништо не тргнало лошо туку се било однапред планирано. Само, пак ќе кажам, зошто побогу дете??? Која е причината што на некого би му се одмаздувал преку убивање дете? Што станавме, мексиканските картели ли??
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.792
Поени од реакции
17.015
Не постои вест кај нас која би направила промена на власт или би нарушила нечија репутација. Година дена се објавуваа вести и видеа од тешки криминали, и пак си ја изгласаа ВМРО. Ние сме имуни на било какви вести.
Имаше тешки криминали, банка пропадна, Зеко се закани на австрискиот амбасадор, а и куп други, ама на избори со пресудија со слепа пробугарска реторика
 
Kajgana Shop

На врв Bottom