Исчезнати лица

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.741
Поени од реакции
22.919

На денешното судско рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинителството презентираше снимки, на кои за прв пат се гледаат сите обвинети заедно (освен таткото Александар Ѓорчевски), и тоа во дворот на куќата на Велибор Манев, пред да заминат по Жежовски.

Сите се облечени идентично, носат исти безбол капи, црни слушалки, микрофон закачен на јакните и некои од нив во раката држат воки-токи. Ја тестираат радио врската и ги прават последните подготовки пред да заминат кај куќата на Жежовски, која е во соседството.

Овие снимки го запечатија обвинението, а Љупчо Палевски безуспешно се правдаше дека не се препознал на снимките, бидејќи јасно се гледа неговиот лик.

Она пак, што во еден момент паѓа во очи, е кога пред да тргнат во крвавиот поход, Влатко Кешишев се крсти со десната рака.

Неделникот ,,Фокус”, пак, неодамна објави и дека еден месец пред двојното убиство дел од обвинетите биле во црква, објавувајќи фотографии на фејсбук како пример за најголеми верници. Па така, на фотографијата, објавена на 23 октомври 2023 година, се гледаат каратистот Боре Видевски и Велибор Манев, кои биле пријатели.

Инаку, Манев е добро познат меѓу велешани, како фамилијарен човек и добар мајстор за камен.

Едниот од нив, кој се чини најмногу отскокнува од оваа друштво, е каратистот Видевски. Тој меѓу велешани важи за почитуван лик, а во медиумите во минатото е опишуван како карате мајстор, кој бил учител на многу деца за оваа вештина.

За Влатко Кешишев од сведочењата, пак, стана јасно дека имал поданички однос кон Палевски, односно му се плашел, му бил потчинет, и најчесто бил во партиското седиште каде што му варел кафе и му правел ручек.
За делото и ликот во јавноста најмногу се знае за Палевски.

Малата Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
3.385
Поени од реакции
5.050
Или Палчо бил скриен психопат и таа партијата негова била дувло на болесници...
или имал некои податоци што ќе ги загрози сегашниве владеачки и опозициски структури , па му смислуваат многу добар план за вечно да го отстранат.
Фали уште сега лично он да се уклучи од негде со стрим и да демантира и да изгасам интернет на 2-3 недели пошо не вреди да се читаат нашиве медиуми.

Првото е значи. Бавна и болна смрт за сите четворица. За нив веќе знаеме , појезивото е што ваков психопат бил близок со Бранко и којзнае уште со колку луѓе што седат во кабинетите и работат "само за народот". Позиција, опозиција , претседател , премиер све се тоа психопати што крвта ни би ја испиле со цевка за моќ и власт.
Ако ни е , да си ги подржуваме и гласаме уште долго...
 

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
3.840
Поени од реакции
15.093
Овој истиот ко Зурлата. Му презентираш реални слики од Земјата и Вселената, он те “демантира” со некои фб мемиња. На иста бранова должина се изгледа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.925
Поени од реакции
116.345
Затоа зборевме да се има трпение, ќе си се отплетка клопчето. Не може во два дена да се реши ваков комплициран случај, особено што гомното Палчо има јак адвокат и може да замара и одолговлекува.

Останува уште да се утврди вмешаноста на таткото, зашо до сега има 0 работи поврзани со него, ама претпоставувам тоа ќе биде на крајот на судењето. Нема логика да го држат повеќе од година дена во притвор ако немаат било каков доказ против него. (Во притвор е така?)
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.293
Поени од реакции
19.755
Затоа зборевме да се има трпение, ќе си се отплетка клопчето. Не може во два дена да се реши ваков комплициран случај, особено што гомното Палчо има јак адвокат и може да замара и одолговлекува.

Останува уште да се утврди вмешаноста на таткото, зашо до сега има 0 работи поврзани со него, ама претпоставувам тоа ќе биде на крајот на судењето. Нема логика да го држат повеќе од година дена во притвор ако немаат било каков доказ против него. (Во притвор е така?)
Не е, домашен притвор е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom