Да бе, баш заради екскурзиите еднаш годишно што се одржуваат се вибер групите.
Се споделуваат информации во тие групи, се комуницира со родителите за некои важни работи поврзани со наставата, како на пример: униформи, ужинка, измени во возен ред на автобусите, скратени или продолжени часови, некогаш губат некој час па информираат за тоа за да ги пречекаат родителите децата порано, хуманитарни акции и сл. За сето ова се баш корисни. Да не постои вибер групата, а на пример - автобусот доцни, или има измена во возниот ред, како би не информирале? Ќе се јавува учителката на секој поединечно?
Само проблем е што некогаш родителите ги користат тие групи за глупости: покани за родендени, facepalm прашања од типот: "која смена се оваа недела" или "што да носат денес децата по ликовно" и сл. А има и такви што ги користат за карање, ама тогаш е интересно, си фаќаш сеир.