Ова, незнам зашто нигде во јавноста ниту од родителите ниту од МВР ова не е појаснето? Девојчето очигледно е дека не било упатено кон песталоци. А чим ја нема ни на една камера од цела партизанска мене ми е многу веројатно дека она била качена во нечие возило одма штом искочила од дома.
Вања од социјални мрежи има најмногу користено Discord, гејмала на PC и колку што разбрав се познавала и зборела со многу луѓе преку платформата. Како некој што исто така користи дискорд и гејма, дадов многу голема веројатност на оваа теза на почетокот. Четрнаесет години се многу наивни години и е многу лесно некој со кого си зборел 2-3 саата да те разубеди за ти самоволно се качиш кај него во кола.
Но потоа, во центаров ако погледнете околу вас има 45019 камери, има камери по семафори, камери од кафичи, паркизни буквално сегде. Не ми е јасно дали се сите тие камери нефункционални, или пак МВР едноставно немаат капацитет да ги преземат сите тие снимки. Затоа што денес е 5ти ден како цела македонска јавност го следи случајов и мислам дека да ја имаа Вања на било каква снимка до сега ќе објавеа, одговорот е дека немаат буквално ништо.
Во седум саат сабајле некој насилно да те качи во возило на сред партизанска без никој да примети, е неверливо.