Поради што е потребно да се подобри безбедноста на децата во училиштата, има ли некакви безбедносни закани? Најголема закана за децата во школите се самите деца, што се ќофтаат како луди и има булинг на секој чекор.
Дете може да биде злоставувано во тоалет од вработен во училиштето или од друго дете или деца. Може да му се слоши некаде во кругот на училиштето или да се повреди од пад итн итн... многу работи може да се случат и затоа за време на часови секое дете мора да е на час и мора да има служба што врши проверка низ училиштето.
Ако Е-Дневникот не функционира, зошто би функционирала таква апликација тогаш? И убаво си кажа на крај, колку само изостаноци и оценки се поправаат/правдаат со тоа што родителот ќе проба да разговара со професорот или професорката?
Апликацијата сама по себе не прави ништо, потребен е систем.
Пред почетокот на школската година за сите вработени се одржуваат два семинари.
1) Семинар за заштита на деца, во кој вработените се едуцираат како да препознаат кај децата знаци на четири видови на злоупотреба:
- Физичка
- Емоционална
- Сексуална
- Запоставување
И потоа процедурите по кои треба да се однесуваат кога ќе забележат дека некое дете е жртва на злоупотреба, во училиштето или надвор. Ова опфаќа како да му пристапат на детето или како да реагираат ако детето им пристапи, какви прашања смеат и не смеат да поставуваат, кому да го пријават случајот итн... Има и ред други работи ама да не ширам сега.
2) Семинар кој се однесува на конкретното училиште, простории, кој каде смее и не смее, кој е задолжен за што итн.
Апликацијата е дел од систем кој функционира ако секој си ја работи работата. Наставниците се задолжени да ја пополнат во првите 10 минути од часот, не се пополнува кога ќе им текне. Луѓето кои се вработени да работат на безбедноста на децата се во канцеларија, надгледуваат и реагираат врз база на тоа што наставниците го пријавуваат. Чуварите надгледуваат тоалети и други простории кога сите треба да бидат на час.
Ова мене ми е пракса секоја недела. Функционира многу фино, без никакви проблеми. Секој вработен знае што треба да прави. Не сум сретнал се уште некој што вика „деца се, пушти ги нека се тепаат или нека пушат позади школо“. Си има ред.