Исчезнати лица

Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.575
Поени од реакции
7.400
На крај да не излезе дека баш тој Гоце да ја има организирано сета оваа работа ама му има излезено од контрола..?
Пази кафичот е запален на 13.11, сведочењето е на 15.11, а веќе на 17.11 него го нема и полиција го бара.

1. Да знаеш дека си чист и дека треба да сведочиш на едно од најгрозоморните убиства во понова историја на државата, и ти два дена претходно идеш и палиш кафич, е у најмала рака сомнително и поврзано како алиби за бегање од сведочењето.
2. Треба да провери полиција и да искочи во детали кога ја има напуштено он државата. Ако ја напуштил пред сведочењето дали мајката треба да одговара за лажен исказ пред суд кога го оправда дека демек имал паничен напад, ако била свесна дека он ја здувал од државата.

Премногу случајности има во неговата инволвираност со случајов, што тера да размислиш дека и не е баш ништо случајно него однапред смислено. Обвинителството е катастрофа сега за сега, пази никој од нив не смее ни да искаже сомнеж за однесувањето на сведокот него викаат, имаме докази и ќе докажеме дека се овие убијците со мотив изнуда иако не се побарани пари. Тоа обвинение само по себе така глупо ќе звучи и без логика што само во фиромистан би можело да пројде. Сакале изнуда на пари ама не побарале пари, абе жити све.

Палчо и овие крембиливе негови штрбави, на своја рака ова да го напраат нема никаква логика.
 
Член од
16 октомври 2021
Мислења
682
Поени од реакции
1.521
Не сум баш во тек со овој Гоце. Кој е тој и зошто се поврзува дека он го имал организирано сето ова?

По што се базираат претпоставките и индициите?
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.575
Поени од реакции
7.400
Не сум баш во тек со овој Гоце. Кој е тој и зошто се поврзува дека он го имал организирано сето ова?

По што се базираат претпоставките и индициите?
Кумашин на таткото на Вања, роднина на Палчо (Палчо е зет за тетка негова), син на транзициски богаташ. Он е "херојот" на приказната каде он како цивил (или "мангуп" по глорификација на мајка му), во рекордно време доаѓа до сите можни камери на потег од зградата на Вања до бензинската во Велес и преку "интуиција" на мајка му ја поврзуваат колата што ја гледаат на камерите со колата на велешанецот. Тешко за верување, ама ајде, нека било така.

Пошто е поспособен од цел сектор крвни деликти, сите очекувавме мангупски да се појави на првото сведочење и да ги закопа и обвинетите и институциите. За жал, он не дојде пошто имал висок крвен притисок, иако вечерта многу сочно си ги одмери силите со цел Фејсбук што почна да прашува каде е што е како е за после наредениот ден да го избрише профилот додека не кажал нешто што не треба.

Веќе во првиот момент кога се појави неговото име, дека он е тој сведок што ги обезбедил камерите, почнаа приказни низ градот каде што се збори дека он и таткото имаат некој долг на комар и дека има можност тоа да е поврзано со целата приказна. На прва никој не би поверувал пошто станува збор за градски лик, каков и да е по нарав, сепак е тука меѓу нас. Како проаѓа времето се повеќе таа приказна станува поможна и поможна со неговото однесување односно непојавување.

Во мали децимали е останата веројатноста тој и таткото да не се вмешани во било кој начин во случајов.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.704
Поени од реакции
19.009
Се тоа си стои ама заборавате еден факт, дека мајката на Вања ја повика Кираца да и помогни синот, инаку Гоце немаше да го знаеме тука
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.575
Поени од реакции
7.400
Се тоа си стои ама заборавате еден факт, дека мајката на Вања ја повика Кираца да и помогни синот, инаку Гоце немаше да го знаеме тука
Не викам не. Ама мајката да го знаела Палчо и на него ќе му вртела во тас ситуација. Од друга страна потврдено е од мајката дека така било стварно?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Доста бладате бе. Едното со другото нема врска. Типот е маалски криминалец од дете, сите го знаат од порано. Тоа што запалил кафич, за него е ко добро утро, затоа што врши прљави работи за поголеми фаци.
Запалил кафич за да избегне судење, што не ќе видиш, што не ќе чуеш. Ваљда мислел нема да го фатат, затоа што во 90% од случаите имаат полициско покритие големците кои го користат во прљави работи.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.704
Поени од реакции
19.009
Не викам не. Ама мајката да го знаела Палчо и на него ќе му вртела во тас ситуација. Од друга страна потврдено е од мајката дека така било стварно?
Па во тие транскриптите пишеше, и Кираца тоа го изјави на суд
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.575
Поени од реакции
7.400
Доста бладате бе. Едното со другото нема врска. Типот е маалски криминалец од дете, сите го знаат од порано. Тоа што запалил кафич, за него е ко добро утро, затоа што врши прљави работи за поголеми фаци.
Запалил кафич за да избегне судење, што не ќе видиш, што не ќе чуеш. Ваљда мислел нема да го фатат, затоа што во 90% од случаите имаат полициско покритие големците кои го користат во прљави работи.
Види, 100% си рекол сам на себе “ако некој може да ме фати, тоа сум самиот јас!”. Имајќи у предвид како го реши претходниот случај…

Значи по тебе има шанса стварно да имал висок притисок за првото сведочење?
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
9
Поени од реакции
5
Се тоа си стои ама заборавате еден факт, дека мајката на Вања ја повика Кираца да и помогни синот, инаку Гоце немаше да го знаеме тука
Како што прочитав јас, Кираца видела на Фејсбук дека го бараат девојчево, и она се јавила приквечер кај мајка и на Вања да и понуди помош. Мајката не побарала ништо од неа претходно
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.652
Поени од реакции
22.728
Денес ново рочиште. Ќе се чита исказот на Гоце (или ќе дојде Кираца да сведочи место него), бидејќи малиот е на лечење во странство на непозната локација заради висок крвен притисок.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
2.575
Поени од реакции
7.400
Значи синот прибавува докази, мајката ги анализира.



Ајде да видиме денес што циркуз ќе помине и да почне конечно од наредна година соочувањето меѓу билмезите на Палчо и он самиот.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.392
Поени од реакции
4.237
На денешното рочиште сведочеле двајца инспектори кои биле на претрес во домот на братот на палевски во Глуво. Во телефонските вештачења имало дека од телефонот на братот на палевски било вртено на бројот на Вања. Инспекторите сведочат дека во нивно присуство братот на палевски остварил разговор само со адвокат. Не ми е баш јасно што е работата... Ако полицијиата завртела од телефонот на братот на палевски на бројот на Вања, за да видат дали телефонот ке го препознае тој број, тогаш зошто да кријат, сигурно има време кога е извршен повикот. На телефонот му се губи сигналот веднаш по киднапирањето и некако ми нема резон да се звони на тој број за да се види дали случајно во близина ке зазвони а и зошто такво нешто би правеле од телефонот на братот на палевски, можеле и од нивните... А ако пак се утврдило дека од тој телефон е звонето на бројот на Вања, тогаш требало апсење на тој човек и пред обвинителот да се распраша зошто и како од неговиот телефон е звонето на бројот на Вања, што во случајот не е сторено.... ниедна варијанта не ми изгледа логична, чудно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom