Мислам дека тука е сосема различен случај. Скоро сите претходни психопати/убијци што ги набројавте се со преудмисла. Значи, свесни биле дека ке убиваат луѓе, дека ке прават штета. Планирано им било.
Ова со девојчево ми е толку неверојатно што всушност двајцава откако ја направиле сообраќајкава со девојчето, во момент и без никакво одлагање, се одлучуваат да се ослободат од девојчето, па потоа носат уште една монструозна одлука откако виделе дека е жива, што ми е толку сулудо, и мозоков не ми прифаќа дека вакви шетаат меѓу нас и денес.
Као, дали е можно дека и на двајцата не им проработел кликерот дека првичната причина заради која ја ставиле во гепек, мислејки дека е мртва, веќе не постои, девојчето е живо, и доколку ја однеле во болница, не би одговарале за убиство? Кои болни умови.