Исчезнати лица

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.785
Поени од реакции
30.644
А ова што е бе? Што значи ова? Што и кои сме ние како земја? Кој си бе ти северна македонија да чекаш избори каде едни криминалци и бедници ќе се заменат со други, за да увезеш човек што ладнокрвно киднапирал и убил малолетно дете? Па после изборите треба цел суд и цело министерство за правда да си даде оставка што чекало толку време за разврска на случајот.
Тешко дно и беда сме од нација и држава. Гнасна скупштина.

Еве озбилно прашувам, што кур имаат врска и онака бедните избори со тоа што нашиот правен систем чека да му биде испорачан киднапер и убиец на дете?
Саркастичен ми беше коментарот :pos: , ама се слагам со тебе, мислам дека има некои административни работи од Турска страна за екстардиција...не сум во тек.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.430
Уште компликации ...


Вчера заврши во притвор како соучесник во прикривање на убиството на малата Данка, денес почина во полициската станица. Кај 40- годишниот брат на човекот кој го призна убиството ,лекарите контатирале природна смрт, но вишото јавно обвинителство во Заечар издало наредба да се изврши обдукција на телото.

Се започнало кога му се слошило во раните утрински часови. Иако имало брза реакција од полицијата и лекарите, кои се обиделе да го реанимираат , тој починал рано утринава.

Освен 40 – годишниот брат на убиецот кој почина, од синока е затворен неговиот татко за кој се сомничи дека помогнал да се префрли телото од депонијата на непозната локација.


 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Саркастичен ми беше коментарот :pos: , ама се слагам со тебе, мислам дека има некои административни работи од Турска страна за екстардиција...не сум во тек.
Без разлика, не ти се обратив лично на тебе, општо зборам пошто се поише и поише го читам тоа за Палчо... после изборите. Ко да бираме претседател на универзумот ебате е не багра коленичари и криминалци.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.445
Саркастичен ми беше коментарот :pos: , ама се слагам со тебе, мислам дека има некои административни работи од Турска страна за екстардиција...не сум во тек.
политички се, не само административни
Турција може комотно да не го испорача, ако сака. Или барем да одолговлекува во недоглед. Чисто ради Седад Пекер, ради Фето...
 
Член од
21 мај 2021
Мислења
787
Поени од реакции
1.650
Не знам друже, ама знам дека не може да се случи нормален човек да дави девојче. Јас не можам, и можам да се обложам дека ни ти не можеш да удавиш девојче. Секако не за да се спасиш од затвор. Затоа ти реков, прашај се себе си дали би можел да го направиш тоа. Дури и во ситуацијата во која они биле, а не во „зона на конфор“ од која ние дискутираме.

Тоа дали точната дијагноза кај пациентите од Бор е психопатија, тоа најточно ќе го каже специјализиран доктор... Јас можам само лаички од она малку површно што сум читал за психопатолгија, да кажам дека навистина така изгледа.

Секако постои генетски елемент или поточно предиспозиција за психопатија. Не сите со такви предиспозиции стануваат психопати, и не сите психопати стануваат убијци. Но психопатија наводно може да се развие и како резултат на траума... Повторно, не знам. Но знам дека нормален човек во ниеден случај наеднаш не одлучува да удави дете за да се спаси од затвор.
Ти даде пример со војна. Па да, во војна се ствараат психопати. Или психопатите испливуваат на виделина. Или и двете, веројатно и двете... Оние ропуците од Бор, којзнае какви трауми имале и можам да се обложам дека имале. И не го кажувам ова од некаква емпатија кон нив - туку од ладна љубопитност (онаква љубопитност со која набљудуваш бубашваба пред да ја убиеш).

Во ситуацијава пошто се двајца, можно е едниот да бил во шок и идел go with the flow додека другиот земал иницијатива. Како и да е, секако и двајцата треба да добијат најголема можна казна. Богами исто и тие што им помагале. Општеството заборава, и треба да се потсети.



Ѕирни го ова:
Луѓето со класична психопатија се супериорни, со висока самодоверба, грандиозност и екстровертност.
Овие токмациве што го убиле девојчево се ниско интелигентни, инфериорни, имаат типична клошарска професија, плус пијаници.
Имаат сегменти од анти-социјално нарушување, но не можеме да ги дијагностицираме поради околностите.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Далибор дача драгијевиќ, пријател Ивана Илиќ
можда не значи ништо, но такво лице опишано со такво low iq и тоа работно место од друго село, пријател со лице од Бор е несекојдневно.

Untitled.jpg

Дали не е случајно, дали е следена, ѓавол ќе го знае
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Би се воздржал од било каква дијагноза со оглед на ситуацијата и склопот на околности.
Има добри шанси воопшто да немаат никакво нарушување, едноставно немаат емпатија, плус поради склопот на околности се имаат почувствувано лично загрозено и тоа е тоа што ги прави луѓето најгадни во одредени ситуации.

Недостатокот на емпатија не значи по автоматизам психопатија.
Јас лично немам емпатија спрема секое човечко суштество и во секоја ситуација.
Било кој од нас има недостаток на емпатија во одредени ситуации и спрема одредени луѓе.
Тоа не не прави психопати.

Проблемот во ситуацијава е одењето во екстреми (давењето на детенцето), а сето тоа мислам дека се должи пред се на чувството на страв и лична загрозеност во ситуацијава.
Во која тоа ситуација можеш да немаш емпатија спрема едвај проодено 2 годишно девојче... Објасни ми жити сѐ, некако како за да можам да разберам.
Разбирливо е во ситуации на самоодбрана, како во војна што спомнаа, или кога си нападнат... Од возрасен човек. Или некој физички голем за да може да ти наштети. Ама ако задавување со раце на 2 годишно детуле, кое претходно си го удрил со кола без и да се обидеш да му помогнеш... Па ако тоа за тебе не е психопатска особина, и ако можеш да се пронајдеш во постапките на оние - тогаш што да ти кажам - освен да препорачам помалку синтетички прекурсори за допамин.
Автоматски споено мислење:

Луѓето со класична психопатија се супериорни, со висока самодоверба, грандиозност и екстровертност.
Овие токмациве што го убиле девојчево се ниско интелигентни, инфериорни, имаат типична клошарска професија, плус пијаници.
Имаат сегменти од анти-социјално нарушување, но не можеме да ги дијагностицираме поради околностите.
Со други зборови, сите психопати се слика и прилика од ликот на Кристијан Бејл во American Psycho?


Автоматски споено мислење:

Навистина од филмови ги градите мислењата?
Па ништо чудно што пропаѓаме како општество, кога гледаме и секакви срања од филмови (горенаведниот е ремек дело, да не бидам разбран погрешно).

Риалити чек:
 
Член од
28 јуни 2022
Мислења
2.720
Поени од реакции
9.556
Гледам се повеќе и повеќе коментираат по српските портали што ми испаѓаат на фејс со новости поврзани со случајот со малата Данка како се работи за нешто поголемо? Мада мене не ми е верно воопшто познавајќи ги луѓето кои живеат на овие простори и нивните теории на заговор.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Овие поминале покрај психопати. Ако не сте имале работа со психопати, не знаете што е психопат. Тоа ти е еден манипулативен генијалец, омилен во друштво, на работа, паметен, снаодлив, триста хаоси и проблеми може да направи и на крај од него да се бара помош да се излезе од хаосот. Тоа се пореметени личности, нема емпатија и ај што нема него туѓа несреќа ги храни и тоа и го прават. Тоа им е животот, да уживаат во несреќите што им ги создаваат на луѓето. Овие двајца пијандури со пештерско понашање, се дивјаци и неандерталци, никако психопати, ќе навредиш психопат ако го споредиш со овие две животињи.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.350
Поени од реакции
38.557
Повеќето не ја знаат дефиницијата за прав психопат, затоа и се расфрлаат со зборот толку лесно. Психопат може да биде и лице што никојпат нема да убие во животот. Од друга страна терористите што утепаа 150 рандом души у Москва не би ги квалификувал како психопати.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Повеќето не ја знаат дефиницијата за прав психопат, затоа и се расфрлаат со зборот толку лесно. Психопат може да биде и лице што никојпат нема да убие во животот. Од друга страна терористите што утепаа 150 рандом души у Москва не би ги квалификувал како психопати.
Тоа е се племе без мозок та тие та овие. Животни.
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
559
Поени од реакции
1.093
Najcest profil na ovie e supresirani emocii, ako e siromav zivee so roditelite na 50 godini spiel so bratot delel krevet, nema pokolenia, kaj nego potsvesno mu se bere zeludnikot koga ke vidi nekoj drug sreken od on toa sto go nema, plus site drufi okolnosti sto gi nabrojaa pogore lugeto.... moze da se stvori takvi profili..... inace kaj nas 3 plus meduimskiot zamav do 100%
Jas sum vo Salzburg sum videl 2 ubistva na 20 metra od mene, prethodnata nedela na bahnof Arap zgazi mlada Avstrijka i go skrsi vratot i na liceto i izlegoa site koski, nemase vo nieden portal, posle 6 dena ke vidis na fb nekoja Srbinka sto se pali na hroniki spodelila na Fb nasla od nekade....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
терористите што утепаа 150 рандом души у Москва не би ги квалификувал како психопати.
Ги гледаше видеата со PoV oд камерите што ги носеле терористите?
Tерористот што полека му го сечеше грлото на свесен цивил, притоа смеејќи се како недоквакан за крвта што жвркаше од гркланот... Како би го квалификувал тој човек?
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.350
Поени од реакции
38.557
Ги гледаше видеата со PoV oд камерите што ги носеле терористите?
Tерористот што полека му го сечеше грлото на свесен цивил, притоа смеејќи се како недоквакан за крвта што жвркаше од гркланот... Како би го квалификувал тој човек?
Исперен мозок, од мал само тоа знае. Креација, од табула раса до ладнокрвен убиец. 99% од терористите се со тој мајндсет, особено самоубијците бомбаши.

Психопатите од друга страна можат да бидат пораснати во перфектно функционално семејство, со сите салтанати. Впрочем повеќето и имаат таков бекграунд.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom